Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Возраст
32
Веб-сајт
www.facebook.com
La_Liga_Logo.png


Првата шпанска фудбалска лига оваа сезона по 84-ти пат. Како и многу сезони наназад така и во оваа сезона свое учество ќе имаат 20 клубови од различни области и градови во Шпанија како Андалузија, Мадрид, Валенсија, Каталониј, Баскија и Галиција. Сезоната ќе започни на 23ти август 2014та година а ќе заврши на 24ти мај 2015та година. Трофејот од минатата сезона ќе го брани Атлетико Мадрид а главните фаворити за оваа сезона се Барселона и Реал Мадрид. Минатата сезона Ла Лига ја напуштија Бетис, Осасуна и Реал Ваљадолид додека оваа сезона во елитното друштво ќе бидат Еибар, Депортиво и Кордоба.

Клубот со најмногу освоени титули е Реал Мадрид со 32, Барселона е втора со 22, следен е Атлетико Мадрид со 10, Валенсија со 6, Реал Сосиедад со 2 и Севиља, Бетис и Депортиво Ла Коруња со по едно освоено првенство.

20-те клуба кои ќе се борат за титулата во Примера оваа сезона се следниве:




Almería


Athletic Bilbao


Atlético Madrid


Barcelona


Celta de Vigo


Córdoba


Deportivo La Coruña


Eibar


Elche


Espanyol


Getafe


Granada


Levante


Málaga


Rayo Vallecano


Real Madrid


Real Sociedad


Sevilla


Valencia


Villarreal

Распоредот на натпревари:
1.jpg
2.jpg
3.jpg
4.jpg
7490812l.jpg
Учество во Лигата на Шампионите изборија Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид додека Атлетик Билбао за влез во ЛШ ќе се бори преку квалификации. Лига Европа ќе игра Севиља а квалификации ќе играат Виљареал и Реал Сосиедад.

На 19-ти и 22-ри август ќе се одиграат и двата натпревари во рамките од Шпанскиот Супер Куп помеѓу освојувачот на Примера и освојвачот на Купот на Кралот. Поради тоа Реал Мадрид и Атлетико Мадрид своето прво коло во домашното првенство ќе го одиграат на 25-ти август во понеделник.

Реал Мадрид - Атлетико Мадрид | 19-ти.
Атлетико Мадрид - Реал Мадрид | 22-ри.


Тоа беше се од мене се надевам дека е добро ако нешто испуштив надополнетеме.(y) Нека има уште поинтересна сезона од изминатава и добор провод тука.:icon_mrgr: Се надевам дека нема да има расправии за тоа во кој џеб се носи телефонот и новчаникот и за тоа зошто, каде и како се користат дијалектите и јазиците во Шпанија.:icon_lol:

Со среќа на сите и нека победи подобриот!(y)
 
Не мораше анонимна да е анкетава , вака не знам кој за кого гласал. :unsure:
Ако има опција модератор да смени , нека го направи тоа , а исто и да поправи кај Ателтик Билбао.
 
Ова ќе биде една од најинтересните сезони у историја на ЛаЛига, имаме супер квалитетен Реал Мадрид со јаки засилувања, и супер квалитетна Барселона со 90 милионско појачање у напад и харизматичен тренер кој ветува многу. Секако тука се и Атлетико, ама мислам дека тие ќе котираат околу трето место со оглед дека го распродадоа тимот и донесоа млади и неискусни играчи.:)
Тоа би било од мене, другиве екипи слабо ги пратам со трансфери и состојба, не би знаел како да ги проценам и коментирам, тоа оставам на вас, јас само сакам да има интересна борба за титула и јаки Ел Класика со многу гризања.:D
 
Како сега стојат работите, според мене Реал е благ фаворит за освојување на лигата. Го имаат истиот играчки кадар, тренерот со кој освоија ЛШ, уигран тим се, Роналдо рано го заврши светското, одморен е, Бејл треба да е уште поспремен од него оти немаше никакви летни обврски, плус се засилија со два од најдобрите играчи на светското, уште ако го здржат и ДиМарија сосем спремни ќе се,

Барселона од друга страна има нов менаџер, тим со многу нови играчи, нови формации, со еден збор нов пристап во играта, за што можеби ќе треба време се да се вклопи. Го купија Суарез во нападот но прашање е дали ќе игра на почетокот на сезоната, Меси имаше долго првенство до финале кое го загуби и со тоа ја заокружи слабата сезона. Целиот костур на тимот има нови играчи, од новиот голман, штопер, играчи во средниот ред и во нападот.

Атлетико, за жал не верувам дека ќе може да го повтори успехот од минатата сезона, заминување на неколку клучни играчи и дилема дали нивните замени ќе бидат доволно добри за тимот да може да го задржи трофејот во Примера и наредната сезона.
 
Да пишам и јас нешто во новата тема
Следната е наша!
 
Освен што ќе тепа на класиката Барса на чело со Енрике на кого жената потекнува од едно мало место близу реката на која дедо на Пујол фаќал риби ќе ја освои лигата - Филе Филевски Фице :свиркам:
 
Јас мојот глас го дадов за Реал Мадрид.Па дали имате видено каков тим направи годинава Реал Мадрид,мислам дека ќе биде шампион.
 
Реал шампион


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Реал ќе си освои...свака част за чоло лани што направи ама чуда се случуваат еднаш...башка најголем плус е Реал што го има Анчелоти на клупа :)
 
Абе @Jack Nolan тргни таа точка од насловот. :D

Иначе онтопик, пак би сакал да земе некоја екипа што не е Реал/Барса. :P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom