Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
39.948
Поени од реакции
116.488
Еднаш ја видов снимката и видов дека на нога иде, може грешам.
Брат ова "на топка идеше" важеше до пред 15 години, сега е скроз друго. Небитно што не одеше на нога, сепак стартот беше со отворен ѓон и ја закачи ногата на играчот на Барнли, старт кој можеше да доведе до скршеница и до сериозна повреда. Ова е за чист црвен картон, ќе повторам без разлика што немаше намера од Шо. Затоа и го воведоа правилово, за да се намалат стартовите со отворен ѓон.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.680
Поени од реакции
11.774

како стартот врз Шо кога парче му ја направи ногата оној од Ајакс па експертите објаснуваа како стигнал прво на топка

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.948
Поени од реакции
116.488
како стартот врз Шо кога парче му ја направи ногата оној од Ајакс па експертите објаснуваа како стигнал прво на топка

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не мешај баби и жаби сега.
 
S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.415
Се смеевме на Јунајтед они титулата ни ја зедоја. Ај со среќа.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
како стартот врз Шо кога парче му ја направи ногата оној од Ајакс па експертите објаснуваа како стигнал прво на топка

Sent from my iPhone using Tapatalk
Од ПСВ. И тогаш врска немале експертите, ќе му го земеше животот на Шо со тој старт.
И Брејди и Шо мораа да одат на туширање порано. А голот на Мегваер по мене требаше да биде признаен.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Од ПСВ. И тогаш врска немале експертите, ќе му го земеше животот на Шо со тој старт.
И Брејди и Шо мотаа да одат на туширање порано. А голот на Мегваер по мене требаше да биде признаен.
Па и му го зема животот, не постои од тогаш Шо. :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Па и му го зема животот, не постои од тогаш Шо. :D
Па всушност да, шала настрана. Таа повреда го уназади 10 години. Оттогаш не мрдна. Затоа и треба да го има тоа предвид пред да се залета некому, меѓудругото.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.967
Поени од реакции
67.756
Стигна до топката, ама и со отворена копачка до ногата на играчот.
Пикфорд стигна и до топката исто така и го испрати Ван Дајк на годишен одмор. :)
Има нешто што се вика интензитет со отворен ѓон. Дали играчот иде со цела тежина и дали е во контрола на телото. Не секој ѓон е црвен картон. Ко што гледаш, Шо го удри, но и ја собра ногата потоа, и е нешто што го спаси од црвен. Погледни го стартот на Смит Роу против Њукасл, исто отворен ѓон на нога, нема интензитет. Доби црвен, па со ВАР исправно му го сменија во жолт.

Патем, Пикфорд не стигна до топката. Нешто лошо си видел.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мислев дека вечерва ќе чоукнат, зошто досега (откако е Солскер менаџер) во лига сите шанси што ги имаа за лесен пласман во ЛШ ги коцкаа. Сезонава има подобрувања на тој фронт.

Сега да видиме дали сме дораснати директно да одиме на +6 на натпревар против шампионот. Ако победиме, значи има сериозен прогрес напред кој летово ЌЕ МОРА да биде поддржан во вид на трансфери. Ако изгубиме, страв ми е да не се деморализираат и пак да е грчевита борба за топ 4.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom