Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.296
Поени од реакции
12.659
25 пенали за Јунјатед во последните две сезони.:cenzura:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.156
Поени од реакции
25.641
Види, Ливерпул не може да повтори ваква сезона. Колку и да се добри, и колку и да им е заслужена титулата, факт е дека оваа година се што можеше на добро да тргне за Ливерпул, тргна. Голови во последни минути, среќни голови од одбивање, по некоја ситна судуска грешка, биквално се. Сити од друга страна сметам дека е екипа која има надолна линија. Ако не ја освежат екипата со шпиц и централни одбранбени, не сум толку уверен дека ќе бидат надмоќни.

Во секој случај сметам дека Јунајтед следната година има шанса да се вмеша во борба за титула.
Јас кај Јунајтед гледам четири проблеми за догодина. Првиот е партнер на Мегваер. Едноставно, ако е целта борба за титула секој бод е битен, а сите сегашни потенцијални партнери имаат повеќе од една слабост. А никој од нив не ја покрива слабоста на Мегваер во 1 на 1 ситуации.

Вториот е замена за Матиќ. Матиќ е фантастичен фудбалер кога е одморен, а непостоечки кога го трошиш со по 1000 натпревари во сезона. Истото беше и во Челзи и во Јунајтед. МекТоминај не е доволно тактички зрел за да биде тоа, Фред не е ни тактички ни физички спремен да ја носи таа позиција, иако изигра солидно. Ама солидно не е доволно кога бркаш титула. Ако падне формата на играчот на таа позиција, ќе почне повторно јадењето гомна и за Погба, и ќе се сјеба атмосферата.

Третиот е зрелоста на нападот. Јунајтед има феноменален напад во потенцијал, ама не и во константност. Само Фернандеш е константен таму, сите други се со он и оф периоди. И нема ништо страшно во тоа, ги памтам и Роналдо и Руни кога беа такви. Ама не знам дали летово ќе им биде на сите период на созревање, или ќе помине уште една сезона.

И четвртиот е Де Геа. Одлуката за негово останување, продавање и слично во моментов е целосна коцка. Може да врати форма, може и да не врати. На долг рок, ништо страшно, било што од тоа да направи, заслужил човекот повеќе трпение, ама од аспект на шанси за титула догодина, може да има влијание.

Не викам јас дека нема шанса да се случи сите четири работи од погоре да им се посреќат и да кликне. Ама се тоа, во комбинација на полоша сезона на Ливерпул и Сити го дефинирам како многу среќа.
 
Последно уредено:

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Види, Ливерпул не може да повтори ваква сезона. Колку и да се добри, и колку и да им е заслужена титулата, факт е дека оваа година се што можеше на добро да тргне за Ливерпул, тргна. Голови во последни минути, среќни голови од одбивање, по некоја ситна судуска грешка, биквално се. Сити од друга страна сметам дека е екипа која има надолна линија. Ако не ја освежат екипата со шпиц и централни одбранбени, не сум толку уверен дека ќе бидат надмоќни.

Во секој случај сметам дека Јунајтед следната година има шанса да се вмеша во борба за титула.
И лани сите среќни голови,одбивање и еден куп судиски грешки заминаа на нивна страна ...и лани го тврдевме истото дека оваа година нема шанси истото да се повтори и пак се повтори...очигледно јаки се Ливерпул и не е случајно шо две сезони само за нив добро да тргнува....има нешто во играчите,имаат некаков дух како екипа,се борат до крај и не се даваат....прави крвници.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.105
Поени од реакции
9.705
Па напишав во продолженито на реченицата зошто.:unsure:
Автоматски споено мислење:



Знам бе за кој мислеше, аман. :)
Реков да не не е англичанец овој. Мек томинеј ќе го пишев ама мислам и тој не е
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене само ме интересира, искрено, колку од челзињава што се ругаа на глаучон наш сега со две раце би потпишале да беше кај нив за исто толку пари :pos: :pos: :pos:
И тоа од прекин им се огромен број од примените голови. Главучот да не го урочам ама за такви топки има магнет на темето.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Јунајтед се препородија со Фернандес, секако дека и Оле има тука заслуга, ама најголема влече Оле. Ми се допаѓа што направија млада екипа, да се реши со Де Геа киксерот, мислам дека може да се продаде и Хендерсон да биде прв голман. Би се согласил со некои тука дека треба замена за Матиќ, ама треба уште еден штопер. Може да пробате Вертонген на слободен да го доведете, ако не изветреал тоталка и уште еден, млад. (А не знам зошто не пробате и Алаба)
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.105
Поени од реакции
9.705
И лани сите среќни голови,одбивање и еден куп судиски грешки заминаа на нивна страна ...и лани го тврдевме истото дека оваа година нема шанси истото да се повтори и пак се повтори...очигледно јаки се Ливерпул и не е случајно шо две сезони само за нив добро да тргнува....има нешто во играчите,имаат некаков дух како екипа,се борат до крај и не се даваат....прави крвници.
Абе сето тоа во ред. Ама 3 пати истото да се повтори е многу тешко. Јас не сум задоволен од нападот. Некако протуркаа последниов период ама не е тоа тоа. И во таква ситуација некој да се повреди нема адекватна замена. Мора да купат нешто
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
И тоа од прекин им се огромен број од примените голови. Главучот да не го урочам ама за такви топки има магнет на темето.
За Мегваер е маубетот? Еден од подобрите трансфери на М.Ј. последниве 7 години, не знам во што му наоѓаат маани.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За Мегваер е маубетот? Еден од подобрите трансфери на М.Ј. последниве 7 години, не знам во што му наоѓаат маани.
Кога е Англичанец и кошта многу, автоматски на форумов се наоѓаат мани, без разлика дали си го гледал играчот, истото беше и со Ван Бисака, Чемберлен, Стоунс (не навлагам кој како се покажа).
Тоа зборевме и со Пеџа, среќа Дортмунд го зема Белингам од триеста лига за 30 милиони па нема коментари, да беше ПЛ екипа ќе експлодираше темава. :D
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.542
Поени од реакции
62.436
Не знам кој е тој Санчо
За штитоносецот на Дон Кихот збориме.

Секоја текма пенали ќе им судат :icon_lol:
Пф, зарем не се доволни овие до сега?

Зошто?
Лани освоија 97, годинава нешто ситно над тоа. Дај ми легитимно мислење, зошто не би ја повториле?
Истиов муавет и лани се водеше на форумов а и општо heheh osvoija 97 a ne zemaa titula, nikad nema sea da zemar.

Зошто не би имале подеднакво јака сезона? Нит играч си оди, нит па се некои лежерни тикваци вклучувајќи го и Клоп, напротив се мотивираат од сопствен неуспех.

Уште побитно е што нит имаат стари играчи кои што ќе мораат да ги менуваат. Затоа, искрено не знам и не гледам зошто не би ја повториле сезоната, по трет пат.
Не верувам дека главните играчи ке останат здрави како изминативе сезони, и тоа мислам дека ке се одрази на бодовите. Пред се мислам на ван дајк, мане, или некој од бековите. Да потенцирам она што е очигледно, не им посакувам потешка повреда.

Друг фактор е што голем дел од играчиве сезонава ја изиграа на инат, заради она што им го направи Сити лани, сите тие касни голови и пресврти. За мене и понатака се фаворит број 1 за освојување на титула, но мислам дека ке бидат околу 80-82 бода.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Fuck me им вика хахахахах

Мене да ми дадат да бирам еден играч кој би го довел од Ливерпул во Манчестер, без размислување го земам Робертсон. Онака веднаш, на прва.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
За штитоносецот на Дон Кихот збориме.



Пф, зарем не се доволни овие до сега?



Не верувам дека главните играчи ке останат здрави како изминативе сезони, и тоа мислам дека ке се одрази на бодовите. Пред се мислам на ван дајк, мане, или некој од бековите. Да потенцирам она што е очигледно, не им посакувам потешка повреда.

Друг фактор е што голем дел од играчиве сезонава ја изиграа на инат, заради она што им го направи Сити лани, сите тие касни голови и пресврти. За мене и понатака се фаворит број 1 за освојување на титула, но мислам дека ке бидат околу 80-82 бода.
Јас се сомневам дека тим ќе освои титула до 80тина поени во наредни 3-4 сезони, најискрено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom