Сепак, според мене, Ливерпул се тие што треба да жалат што не успеаа да си отидат од Олд Трафорд со трите бода вчера. Буквално можеа и требаа да го добијат овој Јунајтед, десеткуван и надвор од секаква можна фудбалска форма. Како што некој погоре кажа, се сложувам и јас дека Јунајтед не изигра ништо поразлично од што би изиграл против било кој друг противник. Ливерпул беше тој кој смени начин на игра на натпреваров, ваљда само Клоп знае зашто. Не сакам да верувам дека ги стигнал притисокот за дербите и низата победи на Сити, мислам дека се ослободија од таквите притисоци со освојувањето на ЛШ. Да си ја играа нивната игра Ливерпул, мислам дека ќе победеа. Стварно не потребни беа сите тие високи центаршутеви на глава, кога немаат сидраш напаѓач, а од спротивната страна ги имаш Мегваер и Линделоф што буквално се што беше висок центаршут исчистија.
Мораа повеќе да ја искористат играта по земја, очигледно е дека дефанзивциве на Јунајтед колку и да беа добри во воздушни дуели против Ливерпул паѓаше се во вода кога ќе се пуштеше центаршут по земја. Трапави се многу, 2-3 пати не успеаа да ја исчистат убаво топката и нормално последниот пат Ливерпул си искористија и си постигнаа погодок. Му фали Салах многу на тимов, на може да ја рашири одбраната на противничката екипа за да им отвори повеќе простор на Мане и компанија.
Од друга страна Јунајтед мислам дека по тоа што дојди, тоа и си го доби. Против ваков Ливерпул, мислам дека играњето на Погба ќе сменеше многу и ќе створеа барем уште 2-3 шанси минимум. Рашфорд мора да направи step up сезонава во тимот, ако сака Јунајтед да обезбеди ЛШ и топ 4. Ги има сите предиспозиции за тоа, не нормално брз е и ако ојача малце повеќе техника ќе биде одличен играч во иднина.