За секој тим, има различен критериум за успех, и различни критериуми за легенди. Секако, историјата на Сити е многу помала и помалку успешна од може 10-15 други ПЛ клубови.
Давид Силва за Сити е она што е Џерард за Ливерпул, Лампард за Челзи, Гигс/Сколс за Јунајтед (или било кој друг јак играч).
Варди е легенда на Лестер, нема ништо лошо во тоа да му се подигне статуа ако така сметаат.
Има и други примери, како оној у Парма како се викаше, што остана со нив во 4та и влезе со нив во прва лига.
Де Геа нема толкав белег оставено врз историјата на клубот, како што имаат Гигс, Сколс, Видич, Фердинанд, Руни од поново време.
Не е поентата дали Силва е подобар од Гигс или обратно, туку кој што направил за клубот со своето играње.