Прво, тимовиве во моментов се надвор од колективен тренажен систем. Значи несериозно е и кога да продолжи сезоната, да нема барем 1 недела колективни тренинзни.
Второ, во моментов има, а и во иднина ќе има играчи кои ќе треба да бидат во самоизолација поради контакт со некој што го има вирусот, а тоа може да значи и потенцијален колективен карантин.
Трето, се додека кривата на прогресија на вирусот не почне да опаѓа нема логика да се размислува за продолжување на сезоната, а во моментов таа е со прогресивен раст така да...
Ако ФА има волја да го одложи почетокот на следната сезона и да дозволи фудбал до средина на Јули, тогаш според мене има некоја можност, но...
Како и да е, прекинов ја мрдна работата и во формата и во многу други фактори кои влијаат на епилогот на сезоната и според мене финиш како финиш може да биде и нереален ако се спореди со досегашните резултати. Дип Ливерпул има висока предност и нереално е да се размислува така, ама ете хипотетички по прекинов може да има пад на форма...ете кога би била помала разликата може некој од 2/3 кои играле топло-ладно досега, тек сега да упалат и да им поматат сметките.
Или еве ние во битката за топ 4, некое пореално сценарио...баш сега во овој период ја избилдавме формата и ја подобривме играта што ни даваше за надеж сериозна битка за топ 4 поготово со Челзи кој беше неконстантен. Сега може да се случи таа наша форма да е закопана, а Челзи да блесни. Или ете Тотенхем кои беа десеткувани без Кејн, Сон...да им се вратат во тој период и да ги прескокнат и Челзи и Јунајтед. Во битката за опстанок може да се случи иста ситуација.
За жал, самиот прекин ќе даде незаслужени победници и губитници и под кое било сценарио да се случи тоа.