Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Нема шанси да продужи сезоната, се лажат сите што веруваат во тоа, пред се самата ФА.

UK влегува во целосен локдаун, они ќе се спремале да ја продужат сезоната, тешка работа тоа.

За жал, кое и решение да се донесе на крај за детерминирање на позициите за ЛШ и за испаѓање нема да биде фер кон некој. За шампион мислам дека нема да има проблем, поголем дел од клубовите ќе се согласат Ливерпул да ја добие титулата на хартија дури и математички неосвоена.
Нема да биде фер за Вулвс и Шефилд

Ама, еве, ако постои казната за Сити, тогаш петтите Јунајтед ќе одат во ЛШ

Може, што да не:

Ливерпул, Лестер, Челзи и Јунајтед во ЛШ.

Вулфс и Шефилд сигурно не би се бунеле за во ЛЕ да играат.

Проблемот е....Арсенал има утакмциа помалце и со победа таму ќе се израмнат со Вулфс и Шефилд...така да..тоа заебава ептен, барем да бидат сите екипи со израмнети утакмици полесно би било...

ВБА и Лидс да влезат во ПЛ, цела сезона доминираат во Чемпионшип мислам никој не би имал проблем.

Сезона со 22 екипи до година и отпаѓаат последните 5.

Во некоја опција каде се доигруваат утакмициве од последново коло....може некакво хибридно франкенштајново решение да испадне за лигава, јбг сеа тоа е
Автоматски споено мислење:

Па да де, збори за одложување на следната сезона со цел да се доигра оваа.
Е па онда ја не сум у тек со постот негов, моја грешка :D
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.439
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
20200324_171351.jpg

Хм, хм...



* извинете за квалитетот на сликата
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.409
Поени од реакции
62.005
Многу од клубовиве ке отидат во банкрот, од понискиве лиги.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Дури и да ја прекинат лигата и да го прогласат Ливерпул шампион, што ќе направат?

Јееј, освоивме :jeeee::jeeee:

Кој баксуз се бре...
Не е можно ова што му се случва...после катаклизмата од 2014,ланската ненормална сезона со 97 поени ..сега и ова му се случва.....и плус налет тоа дочекаа да бидат кикнати од врвот во 2011 година од најомразениот ривал како најтрофеен англиски клуб....катаклизма

Иначе пред некој ден на Спорт клуб даваа реприза од 2011 Којмунити Шилд Сити-Јунајтед и се потсетив какво играчиште беше Нани..не го пишам ова дека даде два гола туку gameplayot кога беше во peak-ot на кариерата му беше страшен.....буквално незадржлив играч кога му се играше..еден од најпотценетите играчи воопшто....таков денес е Вилијам....доктор.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Господе, реагирај. Нема крај ова. Вилиан, па Нани... :pos:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Ако стварно ја поништат сезонава и притоа без да го прогласат Ливерпул шампион тоа би било најголемата кражба во историјата на фудбалот, најсериозно.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Нани можеби имаше и некои подобри карактеристики од Роналдо на неговите почетоци, но далеку во работна етика заостануваше и не го достигнат својот потенцијал кој премногу ветуваше. Сепак, да не го потценуваме на ниво на Јанузај и Бебе, братот имаше одлични сезони до заминувањето на САФ.
Таков Нани да имавме по десната страна изминтавие години, во форот ќе бевме каде каде поопасни.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Нани баш таа 2010-11 ја изигра на ептен високо ниво, која Јунајтед ја освои 19ката. Па и 2011-12 кога испуштија 8 поени на шест кола до крај. Техника, брзина и продорност имаше на прилично високо ниво, па знаеше и добар шут да извади, посебно тие 2-3 сезони после Роналдо.

Со Бебе и Јанузај нема потреба да се споредува, ама реални да сме не е играч кој оставил некој голем белег во Јунајтед или во ПЛ. Онака да го фатиш на некоја реприза/преглед, па да ти текне на него, иако знаеше да биде ептен атрактивен за гледање на моменти.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Многу од клубовиве ке отидат во банкрот, од понискиве лиги.
Тие и вака беа во зезната ситуација..ова ќе ги уништи

Стварно добра тема на муабет е ова, се надевам ќе излезат повеќе информации за овие екипи (ете, ако не лига 7...барем овие до лига 3-4 да видиме што ќе праат), ситуацијата е хаос..

Баш читав пред некое време дека Астон Вила биле во очајна состојба, и ако не влегоа во ПЛ сега многу веројатно и во банкрот би биле

Голем дел од екипите во Чемпионшип трошат пари што ги немаат во надеж дека ќе влезат во ПЛ, ама кога тогаш се дешава пад на цел систем и... се дешава тоа што се деси на Сандерленд на пример или Лидс во рани 2000ти или што ти уште знам...

Ќе има ефект ова сигурно..
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Нани баш таа 2010-11 ја изигра на ептен високо ниво, која Јунајтед ја освои 19ката. Па и 2011-12 кога испуштија 8 поени на шест кола до крај. Техника, брзина и продорност имаше на прилично високо ниво, па знаеше и добар шут да извади, посебно тие 2-3 сезони после Роналдо.

Со Бебе и Јанузај нема потреба да се споредува, ама реални да сме не е играч кој оставил некој голем белег во Јунајтед или во ПЛ. Онака да го фатиш на некоја реприза/преглед, па да ти текне на него, иако знаеше да биде ептен атрактивен за гледање на моменти.
САФ знаеше да го вади максимумот од него. Штета што немаше работна етика барем 30% од таа на Роналдо и ќе беше уште повисоко ниво. Можеби не може да се вброи во играчи кои оставиле белег ете како Руни, но братот има солиден скор во Јунајтед и не треба тоа да го спориме. Против големиве тимови играл како играчиште. Против Арсенал, Челзи, Ливерпул, Сити, во ЛШ против Баерн, Реал, Милан одигра ненормални партии. Можеби некои сезони бил неконстантен, што дојде до израз по заминувањето на САФ. Затоа викам, само САФ го вадеше максимумот од него.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ако стварно ја поништат сезонава и притоа без да го прогласат Ливерпул шампион тоа би било најголемата кражба во историјата на фудбалот, најсериозно.
Кражба би било да ја имаше Ливерпул освоено а да не му ја доделеа поради недоигрување на сезоната. Вака, нема што да се смета како кражба зошто сезоната не е завршена а ние ја неаме обезбедено титулата. Дали разликата е 2, 10 или 25 бодови не игра улога, за жал.

Нејсе, уште сум оптимист за доигрување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom