Premier League - Season 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

#МукиАут


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Не бе зошто.. Ве хејтав 2008 онаму сега нерелевантни сте.. Второво интересно беше за глеање но против Вест Хем сите утакмици интересни се пошто без одбрана играт.. Ќе почните пак туп фудбал да играте од наредна утакмица
Така де, откако заврши утакмицата и јас знам да пишам без одбрана дека играле.
 
И стварно не ми е јасно зошто Фонте не играше
 
Мората 1
Лаказет 1
Лукаку 1+1
 
Како пројде првово коло:

Арсенал: Арсеналовски. Ваква и ќе им биде и сезоната. Подеми и падови. На крај победија и тоа е најбитно. Солиден старт на сезоната. Новите засилувања изгледаа топ.
Ливерпул: Ливерпуловски. :D Од утакмицава дефинитивно не очекувам оваа сезона да им биде различна од ланската. Исто со малите екипи ќе киксаат а ќе имаат добри партии со конкурентите. Буквално статус кво
Челзи: Лол, обид за јака екипа. Се знаеше уште кога излезе распоредот дека Челзи на крај на Септември тешко и да биде во топ4..али секако накај Октомври-Ноември ќе се консолидира, па вистинскиот Челзи ќе го гледаме во вториот дел на сезоната нешто налик Тотнем лани, кога Хазард ќе се врати во солидна форма. Али секако од ова што се покажа нема шанса за титула
Сити: Па и не импресионираа премногу, али изгледа ќе се уиграат подоцна во сезоната. Си играат ист фудбал од лани, имаат квалитет, офанзивно си форсираат. Рано е секако за предвидувања али најдобро изгледаа од конкурентиве овој викенд.
Тотенхем: Не импресионираа и покрај победата. Да не беше црвениот кој знае каков ќе беше резултатот. Очигледно спор старт ќе имаат годинава, и секако не мислам дека ќе го повторат успехот од последните сезони. Ќе биде интересно да видиме следната недела, ем дерби, ем домашен терен...резултатите дома ќе им бидат клучот кон успехот (или недостатокот на истиот)
Јунајтед: Малце лаже резултатов, али сосема добра игра на Јунајтед. Очигледно со Матиќ доби на дефанзивна сигурност тимот што ќе им отвори шанса на Мики и Погба да помогнат во нападот. Кога на Матиќ нема да му е денот ќе биде заебано и за Јунајтед. Во секој случај изгледаат поконкретни и добро е искористен одморот помеѓу две сезони. Ако кога излезе распоредот се очекуваше Челзи да е на работ на топ4 на крај на септември, за Јунајтед се очекува да е на врвот (први или евентуално втори) на крај на деветиот месец.

Очекувано сите екипи уште и во прво коло си покажаа некои слабости на моменти, што значи дека оваа година исто како и лани ќе решаваат нијанси за титула. До крај на годинава не би се осмелил да се кладам на сигурен фаворит, мислам титулата ќе се решава во 2018та....оооосвеен ако една од екипиве не покаже доминација во дерби утакмиците. Ако има непоразена екипа во дерби утакмициве што ќе се играат до крај на годинава тогаш големи се шансите таа екипа да биде шампион.....освен ако таа екипа е Ливерпул :D
 
И да, еве ви табела :D :D

Очигледно, табелава значи премногу и Јунајтед и Хадерсфилд ќе се борат за титула...секако.

upload_2017-8-13_19-1-1.png
 
@Џони Вајсмилер , мириса на ручече. Како дебалансираниот Манчестер, ќе го биде?

Долга е нивата за орање..сега кога ќе почните и во ЛШ да играте,па и Фа Куп...ќе има забава со среда-сабота-среда термините знаејќи Сити колку подолга клупа има од Јунајтед :D
 
Нов пост што никогаш нема да биде прочитан.
Модератори има на форумов? До кога ќе се дозволуваат оф топик постови?
Ако не ти се чита не читај, стварно не знам зошто мора да се напише посебен пост...или исто имаш копче игнор....стварно никогаш нема да сфатам вака дебилен мајндсет.

И да, слободно пиши "Уште еден пост што нема да биде прочитан", после можеш на некој пост што ќе прочиташ да пишеш "Пост што го прочитав", очигледно ги интересира луѓето кои постови ги читаш а кои не ги читаш.

И се извинувам однапред што пишав пост со мислења и анализи во темава, очигледно форумов е за јадење гомна и мерење курови.
 
Нов пост што значително го крена нивото на дискусија на форумов.
Пошо пред тоа нивото беше запрепастувачко. 5 испишани страни за тоа кој кого заебал со трансфери, канцер смешки за Мората, Лукаку и Матиќ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom