Premier League - Season 2017/2018

#МукиАут


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664



Новата сезона од Премиер Лигата започнува на 11ти Август во 20:45 на Емирати со дуелот помеѓу Арсенал и Лестер. Ова е 26та сезона под овој назив и 119та сезона општо во англискиот фудбал. Како најава за стартот на новата сезона на островот на 6ти Август ќе се одигра Комјунити Шилд натпреварот помеѓу лондонските ривали - Челзи и Арсенал. Премиер Лигата и оваа сезона ќе трае 38 кола, кои се распоредени во 33 викенди и 5 таканаречени "midweek fixtures". Последното коло се игра на 13ти Мај, а целосниот распоред може да го погледнете тука.


Актуелен шампион е тимот на Челзи, додека Њукасл, Брајтон и Хадерсфилд даоѓаат на местата на испаднатите Хал Сити, Мидлзброу и Сандерленд. Тимот на Њукасл, предводен од Рафа Бенитез се враќа после само една година пауза, а Брајтон и Хадерсфилд (3 пати прваци своевремено) ќе дебитираат во овој формат од највисокото лигашко фудбалско натпреварување во Англија. Оваа сезона Премиер Лигата има шанса за прв пат да испрати 5 претставници во Лигата на Шампионите, а тоа ќе се случи доколку Ливерпул пројде преку квалификациите и им се придружи на веќе пласираните Челзи, Тотенхем, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Во Европа Лигата ќе настапат екипите на Арсенал и Евертон. Јунајтед со 20те освоени титули е најтрофејниот тим во ова натпреварување.



3 екипи ќе ја започнат сезоната 2017/18 со нови менаџери. На чело на Вотфорд во новата сезона ќе застане португалецот Марко Силва, кој имаше неуспешен обид да го спаси тимот на Хал Сити од испаѓање. Нов тренер на Саутемптон е Маурисио Пелегрино, а за мене најинтересниот момент досега летово беше назначувањето на Франк Де Бур за менаџер на Кристал Палас.

Челзи ќе ја стартува одбраната на титулата на домашен терен против екипата на Барнли, а Антонио Конте во досегашниот дел од трансфер периодот донесе 3 засилувања: Вили Кабаљеро, Антонио Рудигер и Тиумуе Бакајоко. Сепак главниот стрелец на тимот - Диего Коста, како и Немања Матиќ се очекува да го напуштат Стемфорд Бриџ, па управата на Челзи најверојатно ќе се обиде да донесе и шпиц, после неуспешниот обид да го вратат Ромелу Лукаку. Тимот на Тотенхем минатата сезона ја заврши на второто место на табелтата, a досега има прилично споро лето со ниту едно засилување за претсојната сезона. Од друга страна Кајл Вокер веќе се пресели во Манчестер Сити во трансфер вреден околу 50м фунти. Спеак главните играчи на Маурисио Покетино се очекува да останат во клубот, со што најверојатно Тотнам ќе биде конкурентен и во сезоната 2017/18. Пеп Гвардиола направи чистка во Манчестер Сити ова лето ослободувајќи се од дури 14 играчи досега, а освен Кајл Вокер, граѓаните се засилија и со Бернардо Силва, голманот Едерсон и 19 годишниот Даглас Луиз од Васко де Гама. Се очекуваат уште неколку нови играчи, а најгласни се шпекулациите за левиот бек на Монако, Бенџамин Менди. Пеп минатата сезона за прв пат во својата кариера како менаџер заврши без трофеј, а сезонава со засилувањата најавува борба во сите 4 конкуренции. Ливерпул имаше сезона со многу успони и падови и на крај преку 4то место успеа да избори пласман во плеј оф-от од Лигата на Шампионите. Јирген Клоп досега ги потпиша Мохамед Салах и Доминик Соланке, а фановите бараат засилување во одбранта, која е и најслабата карика на тимот изминатите неколку сезони. Манчестер Јунајтед иако заврши на 6та позиција, со освојувањето на Европа Лигата директно се пласираше во ЛШ, а црвените ѓаволи го освоија и Лига Купот во сезоната 2016/17. Виктор Линделоф од Бенфика и Ромелу Лукаку од Евертон се досегашните летни засилувања, додека Вејн Руни после 13 години го напушта Олд Трафорд. Самиот Мурињо изјави дека барем уште 2 засилувања му се потребни на тимот за да биде конкурентен на сите фронтови, а се споменуваат имињата на Иван Перишиќ, Немања Матиќ, Фабињо и Ерик Даер. Александар Лаказет и Сеад Колашинац ќе му погомогнат на Арсен Венгер во обидот Арсенал конечно да дојде до трофејот во Премиер Лигата, после освојувањето на ФА Купот дури 3 пати во претходните 4 сезони. Арсенал прв пат по 20 години нема да биде дел од ЛШ, а клучна улога за текот на сезоната на топџиите ќе има разврската на трансфер сагата за Алексис Санчез, чија иднина во клубот сеуште е под знак прашалник.

Ова се екипите кои завршија на првите 6 позиции ланската сезона, а се очекува и во наредните 10 месеци борбата за титулата и за пласманот во топ 4 да се води помеѓу нив. Тим кој би можел да им ги помати сметките е дефинитивно Евертон на Роналд Куман, кој беше досега најактивен на трансфер пазарот и потпиша со дури 10 играчи. Вејн Руни е најзвучното засилување, а тука се и Мајкл Кин, Џордан Пикфорд, Дејви Класен и Сандро Рамирез. Карамелите веќе имаа неколку одбиени понуди за Гилфи Сигурдсон, а Рос Баркли најверојатно ќе си замине од клубот. Јас лично очекувам и подобар пласман на шампионот од пред 2 години, Лестер Сити. Мегваер и Ибора се досегашните засилувања на лисиците, но се очекува да донесат бар уште 2ца играчи кои ќе им помогнат да се вратат во првата половина на табелата.


За некои најдобрата, за други најинтересната и највозбудливата, за трети само најконкурентната. Без дилема е најгледаната, Светското првенство од лигашките натпреварувања, местото каде фудбалската магија го достигнува својот врв и каде се случуваат многу пријатни и непријатни изненадувања. Од летово посиромашна за Џон Тери, 5 кратен освојувач, фудбалска легенда на Челзи, Англија, како и на самата Премиер Лига.
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.271
Кој ти рече тебе тема да отвараш?
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Па сериозен сум бе. Нели се договоривме годинава фан на Свонси да отвори?
Не знам кај сте се договориле. Затоа си најавив јас пред 5-6 дена во темата за 2016/17, никој ни се побуни, ни ништо. Такааа даааааа....
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.271
Не знам кај сте се договориле. Затоа си најавив јас пред 5-6 дена во темата за 2016/17, никој ни се побуни, ни ништо. Такааа даааааа....
Епа ништо ја заеба работата... ај здравје догодина ако играме пак.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Епа ништо ја заеба работата... ај здравје догодина ако играме пак.
Јебига, извини... ама стварно пишав пред некој ден на другата тема :)
@ManUtdChampions не знаеш кое место ти заврши омилениот ти тим.
Леле озбилно мислев дека се 5ти хахаха, искрено не ни обрнував внимание на табелата последните 3-4 кола. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Леле озбилно мислев дека се 5ти хахаха, искрено не ни обрнував внимание на табелата последните 3-4 кола. :)
Следен пат моеш да оториш тема само со претходна ревизија на вовед од член шо сериозно ја прати таа лига.

Донеф на пример.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.458
Поени од реакции
10.155
Леле озбилно мислев дека се 5ти хахаха, искрено не ни обрнував внимание на табелата последните 3-4 кола. :)
После толкаво напнување низ нетот за лав сторито меѓу јунајтед и бр.6 е невозможно да заборавиш.:)
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Алоооо АНКЕТА!!!!! :mad: :D

Очекувам Сити и Челзи да се борат за титула, Јунајтед и Арсенал ако не купат нешто во средина пак ќе си останат со курот во раце. Тотенхем ќе паднат ако не донесат крила, ама сепак очекувам да завршат 3-4 место. Додека кај Ливерпул едно е сигурно, гг3+ :D

Хадерсфилд ќе руши рекорди по бројот на поени, Барнли, ВБА и Свонси ќе бидат останатите кандидати за напуштање. Додека Вотфорд со Силва на чело мислам дека ќе бидат изненадување. Евертон ќе им зимаат поени на големиве ама не верувам да се умешат во топ4. Другиве колку да пополнат квота и да им зимаат бодови на Ливерпул.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.603
Поени од реакции
38.763
Inace mislam deka ova e sezona na Liverpool, do sea Salah, Van Dijk doagja naskoro a posle i Keita do krajot na letoto koga ke se iscenkaat poso i taka nikoj ne saka da go kupi nego osven Klopp, lev bek standard Milner zaedno so Van Dijk, Matip i Clyne ke ja drzat odbranata pod konec, za napadot ne zboram poso i onaka e pouigran od se momentalno sto igra vo PL.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom