Premier League - Season 2016/2017

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Пази ама Баји не го спомунваат никаде, само Рохо и вечно повредениов Џонс и Смолинг што има изиграно 5 утакмици цела сезона. А во стварност Рохо е бог и батина сезонава за Баји.
Зошто збориш кога не разбираш?

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Со таа разлика што ние свесни бевме дека врв ни е топ4 и евентуално куп, вие атакувавте на титула а не мрднавте од 6то место.

А да, ако имаш ниски очекувања, тогаш оправдано е.

Смртно ме занима до кој степен ќе ги ругаат играчите за да се оправда Жозето. :D
Рохо сезонава е Малдини а Џонс е Неста за Лукас и Ловрен ама ај... :)

Па, го видовме Малдини вчера, а Неста нема вржано 3 утакмици уште од времето на Фергусон.

Пази ама Баји не го спомунваат никаде, само Рохо и вечно повредениов Џонс и Смолинг што има изиграно 5 утакмици цела сезона. А во стварност Рохо е бог и батина сезонава за Баји.

Штета што тимовите не играат со 1-7-2 формација.
 
Шти е бе, па веќе пишав на темава дека за Конте имам најпроменето мислење од почетокот на сезоната, ме демантираше човекот. :D

Си ги намести коцките перфектно, тоа што не игра во евротакмичењата му овозможи да тера со речиси истиот ростер, да прави многу малку промени, експертиментот му успеа. (y)

Тоа не го менува фактот дека Јуве со него во ЛШ беше во ќорсокак секоја сезона.

Но одлика на големи тренери е да се приспособат на ситуацијата. Конте сезонава го постигна тоа. Догодина во ЛШ ќе видиме како ќе тера.

За Канте и субјективно и објективно, сеуште истото мислење, добар играч, но ништо посебно. :kuracc:
И тогаш ако се сеќаваш ти го пишав ова, само цел форум беше понесен од слабиот Челзи тогаш и тешко се примаа таквите мислења. Но, Јувентус под водство на Конте во ЛШ одигра две сезони. Значи еве и со бројка. 2. Така да кога ќе го прочита човек ова "секоја сезона" од една страна, а кога ќе биде дека тоа биле вкупно две сезони, некако се губи смислата, едноставно не оди. Од тие две сезони, Јувентус во едната заврши прв во групата и испадна во 1/4 финале од Баерн, тим кој објективно беше на сосема друго ниво на квалитет. Таму ниту тактика, ниту Господ ти помага. Втората сезона е таа што ја заеба, кога беше срамота што испаднаа од групите, ама тоа е далеку од секоја сезона, плус претставува премал примерок за било каков заклучок.

Е сега сезонава според мене Челзи е ист (или барем сличен) како оној 2015. Најверојатно ќе бидат први, ама со истиот ростер догодина најверојатно повторно ќе им се случи колапс, независно од тренерот. Од проста причина што воопшто немаат квалитетен состав, во одбраната се закрпени со играчи на неприродни позиции и со играчи кои воопшто не знаат како се дефанзивци, како на пример Кејхил. Тоа што сезонава имаат примено само 24 гола, не е заради тоа што имаат јака одбранбена линија, туку заради тоа што тактичката поставеност 3-4-3 им овозможи да се бранат во бројка, со повеќе играчи и на тај начин да ги покријат своите дупки, што секако ги имаат.

Мислам дека и да бидат сега шампиони, летово им е потребен силен трансфер пазар, заради тоа што многу тешко на ист начин да туркаат и наредна сезона.
 
@Mondonico

Не знаат како се дефанзивци? Факт е дека Кехил е просек и тоа апла, сите се согласуваме ама не е толку лош како што го правиш. Не е најпаметен дечко, јасно е од километар, склон е на киксови и немање фокус на моменти ама е камен, пожртвуван, одличен во воздушни дуели, добар е со партнер во одбрана кој ќе го координира.
Луиз сезонава е како друг играч, вака нема играно ни првпат кога дојде во Челзи, едина лоша партија му е онаа со Кристал Палас прошло коло, другово е апсолутен лидер и најдобар играч на Челзи во одбрана, веднаш после него Азпи.
Како тоа сезонава не знаат како се дефанзивци и само се добри ради тактичка поставеност, што значи ова? Дека наредна сезона нема да ја има таа тактичка поставеност?
 
На Челси секако ќе му требаат добри засилувања летово со оглед дека клупата е прилично кратка.
 
Не, него дека ќе им треба освежување на неколку позиции затоа што ќе играат и ЛШ и станува многу позгуснат распоредот, а со моменталниов ростер ќе рикнат уште у јануари.
 
А да, ако имаш ниски очекувања, тогаш оправдано е.

Ако знаеш дека не можеш да ја дупиш Џесика Алба не значи дека имаш ниски очекувања туку дека си само реален, така? Епа исто и ние со овој ростер на Ливерпул, не сме делудед да мислиме дека ќе освоиме ПЛ (добро, имаше неколку луѓе што од инает и мржња према Роџерс пред се' го тераа тој муабет), едноставно сме реални.
 
:pos::pos:

CrcTdpIW8AAWWyF.jpg


Битен во секој :toe:
 
И тогаш ако се сеќаваш ти го пишав ова, само цел форум беше понесен од слабиот Челзи тогаш и тешко се примаа таквите мислења. Но, Јувентус под водство на Конте во ЛШ одигра две сезони. Значи еве и со бројка. 2. Така да кога ќе го прочита човек ова "секоја сезона" од една страна, а кога ќе биде дека тоа биле вкупно две сезони, некако се губи смислата, едноставно не оди. Од тие две сезони, Јувентус во едната заврши прв во групата и испадна во 1/4 финале од Баерн, тим кој објективно беше на сосема друго ниво на квалитет. Таму ниту тактика, ниту Господ ти помага. Втората сезона е таа што ја заеба, кога беше срамота што испаднаа од групите, ама тоа е далеку од секоја сезона, плус претставува премал примерок за било каков заклучок.

Е сега сезонава според мене Челзи е ист (или барем сличен) како оној 2015. Најверојатно ќе бидат први, ама со истиот ростер догодина најверојатно повторно ќе им се случи колапс, независно од тренерот. Од проста причина што воопшто немаат квалитетен состав, во одбраната се закрпени со играчи на неприродни позиции и со играчи кои воопшто не знаат како се дефанзивци, како на пример Кејхил. Тоа што сезонава имаат примено само 24 гола, не е заради тоа што имаат јака одбранбена линија, туку заради тоа што тактичката поставеност 3-4-3 им овозможи да се бранат во бројка, со повеќе играчи и на тај начин да ги покријат своите дупки, што секако ги имаат.

Мислам дека и да бидат сега шампиони, летово им е потребен силен трансфер пазар, заради тоа што многу тешко на ист начин да туркаат и наредна сезона.
Исти муабети имаше и за Фергусон и Јунајтед, кога го продаде Роналдо и го доведе факинг Валенсија со една нога демек ке се борел за опстанок, го враќаше Сколс од пензија и ЛШ главен играч им беше Гигс на сто години, да не ги спомнувам просеците со кои играше минатите сезони Браун, Ошеј, Парк, Флечер... и кој уште не, но човекот 27 години беше на врвот во Англија и Европа, така да полека малку со донесување на заклучоци, рецимо кај Фергусон и Конте гледам една особина која што ги карактеризира и едниот и другиот, а тоа е дека од секој играч може да извади 120% од неговите можности, Луиз, Аспиликуета, Мозес кои што играат како препородени посебно последниот кој мислев ке си отиде во некоја екипа ко Кристал Палас и тоа ке му биде врх.
 
@Mondonico

Не знаат како се дефанзивци? Факт е дека Кехил е просек и тоа апла, сите се согласуваме ама не е толку лош како што го правиш. Не е најпаметен дечко, јасно е од километар, склон е на киксови и немање фокус на моменти ама е камен, пожртвуван, одличен во воздушни дуели, добар е со партнер во одбрана кој ќе го координира.
Луиз сезонава е како друг играч, вака нема играно ни првпат кога дојде во Челзи, едина лоша партија му е онаа со Кристал Палас прошло коло, другово е апсолутен лидер и најдобар играч на Челзи во одбрана, веднаш после него Азпи.
Како тоа сезонава не знаат како се дефанзивци и само се добри ради тактичка поставеност, што значи ова? Дека наредна сезона нема да ја има таа тактичка поставеност?
Кејхил изгледа дека игра добро само затоа што што речиси се околу него функционира. Мозес, Алонсо и Канте трчаат цела сезона како за тројца, Луиз игра толку добро како што никогаш не играл досега (освен некни кога ме потсети на оној Луиз против Наполи 2012), Аспиликуета на неприродна позиција си ја врши работата. Всушност, од оние кои се задолжени за одбраната, Кејхил годинава е апсолутно најлош. Само индивидуални грешки има направено повеќе од сите заедно, а да не ги додаваме целокупните грешки во играта. Однеси го Кејхил во Арсенал/Сити па ќе видиш таму што ќе се мисли за него, во екипи каде што целиот тим не ја презема одговорноста за бранење и каде што одбраната е повеќе зависна од самата себе.

За прашањето што значи тоа, тоа значи дека наредната сезона Челзи со истите играчи во одбрана, ќе прими дупло повеќе голови отколку сега, затоа што перформансите на повеќето им се над нивните можности или пак се на неприродни позиции. Ти гарантирам дека Конте тоа го знае, само надевајте се дека и управата го знае и не мисли дека Челзи е во топ 5 екипи во Европа како што некој спомена во ЛШ темата :D. И мислам дека вие фановите на Челзи би требало да сте малку попретпазливи во индивидуалната оценка на играчите, после ланската бламажа на Донев дека никој од Арсенал не би влегол во првиот тим на Челзи, за после тоа Челзи да заврши 10то место со отпуштен Мурињо до декември.

@pixa верувај подобро знам од тебе Конте колку знае да го извади максимумот од одредени играчи, ама не е магионичар тоа да го прави на долга стаза од секое дрво :) Во Јувентус имаше просечен напад некаде за 10то место во лигата, ама создаде гранитна одбрана со одлична средина и тимот се фокусираше да ни прими гол, а притоа создавајќи еден тон шанси за оние напред да се смилуваат барем еднаш или два пати да ја затресат мрежата. Дури и тоа не се случуваше често, па Видал и Маркизио ни беа меѓу подобрите стрелци заедно со слободните од Пирло се играше некако. Ама не може секогаш да се вади максимумот, ќе ти дојде Баерн или Реал ќе те тресне од земја и оди вади го максимумот тогаш. Тогаш си треба квалитет, барем приближен на нивниот.
 
Шти е бе, па веќе пишав на темава дека за Конте имам најпроменето мислење од почетокот на сезоната, ме демантираше човекот. :D

Си ги намести коцките перфектно, тоа што не игра во евротакмичењата му овозможи да тера со речиси истиот ростер, да прави многу малку промени, експертиментот му успеа. (y)

Тоа не го менува фактот дека Јуве со него во ЛШ беше во ќорсокак секоја сезона.

Но одлика на големи тренери е да се приспособат на ситуацијата. Конте сезонава го постигна тоа. Догодина во ЛШ ќе видиме како ќе тера.

За Канте и субјективно и објективно, сеуште истото мислење, добар играч, но ништо посебно. :kuracc:
HHHhhhhhh

Искрено, тука се знае кој се експертите и ретко кој може нивни анализи да исправа, па веќе и не пробуваме. :icon_mrgr:

Еве сеа имаме нова колумна од мондонико која е пишувана по иста матрица како многу претходно со истите аналогии, споредби и причини... не играат уефа, на мотивација се вадат, трипедва, другите се лоши, ќевидиме догодина итн. :icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom