Ме мрзи да ја барам темата за најглуп пост на денот али и таму не би конкурирал пошто постов ти е за најглуп пост за последниве 5 години.
Не знам колку си го гледал Челзи и што си гледал ама Челзи без Канте е една класа послаба екипа, екипа ранлива на средина на терен што остава премногу простор на противници за брзи контри и посед. Игравме неколку пати така со Матиќ и Фабрегас како во сезоната на Мурињо кога освоија титула и беше очајно. Канте е најклучниот играч, Х фактор да речеме за Челзи сезонава, ја држи средината компактна со трчање и вршење дефанзивни задачи, нема подобар во цела лига за читање игра на противник, сечење топки и дефанзивни задачи. Настрана што сезонава е многу подобар во пас игра и знае да отвори во напад и повлече. Али кога се работи за дефанзивни задачи и компактност, најбољи е во секоја смисла. Подобар и од Есиен во најдобра форма, ова со сигурност ти го зборам. Одамна немам гледано играч кој игра со поголема посветеност и професионалнсот на терен од Канте, го има секаде, што вика Хазард некад на терен му изгледало како да гледа двајца Кантевци, на заебанција го кажа ама така е, трча и е присутен за двајца, пример за фудбалер.
Според мене заслужува награда за играч на година ама највероватно нема да ја добие пошто игра на неблагодарна позиција што не дава голови и асистенции па да јача статистика и да се фураат новинари на него ама ако гледаме според импакт на терен, нема побитен играч во било која друга екипа од него што е тој за Челзи.
Челзи без Канте е поранлива екипа, НОРМАЛНО, затоа што кога он не игра место него играл Цеск кој не е деструктивец туку плејмејкер, а не некој друг добар деструктивец или холдинг играч сличен на него и Матиќ.
Подобар од Есиен не е никако. Стариот сам можеше да ја држи средината, и со дефанзивен и со офанзивен придонес, братот беше животиња, всушност Есиен е нешто што Погба имаше потенцијал да биде, односно од него се очекува(ше) да биде тоа. Дали Канте може да го стори тоа сеуште не сме виделе, според мене нема да може.
Тоа што секаде го имало на теренот е уште една СТАНДАРДНА одлика на играч за неговата позиција, кој ти е тој добар задњи везни без кондиција 99?
Бил посветен и професионален, у реду е, посветен и професионален е и Мајк Смолинг па пак е само втора класа на стопер.
Ќе видите догодина ако купите нов деструктивец или се повреди ќумбево колку е круцијален и незаменлив дел од Челзи. Особено па со тактикава на Конте каде што буквално никој освен Хазард не е незаменлив. На сите други позиции да смени играч (мислам да смени еден а другите да си останат, не цел тим да смени) нема да се осети приметно.[DOUBLEPOST=1492191405][/DOUBLEPOST]
Добро сеа, за очекувањата на место ти е споредбава ама Погба има потенцијал за многу повеќе. Изгледај го финалето со Барса и ќе видиш за што е способен кога е во форма и фокусиран.
Сигурно не е сѐ во едно какви што се очекувањата на многу ама дефинитивно може многу повеќе. Нешто што не може да го кажам за Канте, кој од друга страна не му е гајле за фризури, дабс и реклами, прав професионалец е, како Валенсија и потполно е фокусиран на играта - нешто што највеќе ценам кај спортисти.
Односно, за што е способен кога има уште еден класа играч до него.
Погба кога игра покрај Керик на пример не изгледа толку лошо.
Но он не е стомиљонски играч за градење франшиза околу него што би рекле преку големата бара. Не е центарот и душата на екипата што би рекол Калински. Он е и од тоа што го покажа во Јуве и од тоа сеа, одличен партнер на друг класа играч до него.
Да беше покрај него Керик во најдобрите години, Погба ќе газеше.
Или еве да купите некого од Коке, Верати итн, Погба ќе биде одличен играч.
Мурињо гадно се заеба што сакаше (ваљда тоа сакаше) Погба да му ја држи средината. Пореално е да сакаше да игра со Мата и Миктаријан како десетки и креатори па Погба да биде тој што беше во Јувентус во најдобрите негови партии, но и Мурџо ги измеша картите, не успеа да го извлече ова од овие двајца и Погба стана и колатерална штета на некој начин.
Тоа што го играше Погба сезонава можеше исто ко Канте, да го игра секој втор. Дека има потенцијал за повеќе, има. Но за да го исполни тој потенцијал треба и Мурџо веќе „да се пронајде“ и да го дошминка тимот за догодина.
Погба е веќе втор ваков случај за Јунајтед во кратко време, после Ди Марија, но мислам дека нема да ја има истата судбина и дека ќе купи Јунајтед некој да му прави констатно друштво во средината или ќе најдат асална десетка која ќе му ја тргне задачата на Погба да он го иницира креирањето на играта.