Пред се, да им честитам победа на скаузериве. Заслужена и чиста како солза. Отсекогаш ни биле најтежок противник, не млателе со Пенанти и Понголовци, продолжуваат со Ловрени и Мињолеовци. Јеби га. Не тепаа и на терен, а и на трибина богами (не е многу тешко да се издвојува победа на ова поле, но ајде. Си грмеше ,,Fields of Athenry'', најдобар момент на натпреваров).
Да можат да играат ваков феноменален пресинг повеќе од 30-45 минути, ќе се борат без проблем за титула. Вака, ќе гравитираат околу 4-то место сезонава.
Се се менува, само експертизите на темава се константа. И четвртото на Арсенал, добро. Или со друг јазик, серење од невидени размери. Бидејќи критика/хејт, без никаква основа не е ништо повеќе од испуштање фекалии.
Па така, Погба после два меча го прогласија за просек, Сити за ултимативен шампион, Конте за просек заедно со целиот негов тим, кој секако, никогаш и не бил послаб. Исто така, Канте денес бил очаен (човеков беше единствена светла точка во тимот и денес, пресече милион топки и спречи милион контри на Ливерпул), а Челзи во досегашниов тек на сезоната во неколку наврати се ,,ваѓал'' со голови во последни минути.
И ајде, редовните шарлатани кои задник би дале за лајк повеќе, ги разбирам. Останативе, никако.
Знам дека папир трпи се, во случајов интернет простор, ама дааајте, дааајте малку посериозно.
