Да додадам само, дебаклов на Јунајтед им се деси после оние 15 минути пауза на полувремето, кога тренерот требаше да ги крене, да им укаже на грешките, да ги мотивира и да излезат подобри на терен, а они за 45 минути примија 6 гола. Тотал срам за Тен Хаг, што фрла доста сомнеж врз неговите способности ко тренер. Пак ќе кажам, резултатите им се солидни сезонава нарочито задњи неколку месеци, ама ова денес буквално све фрли у вода и наеднаш искочија доста прашалници, тотален мајндфак, 7-0, 6 у едно полувреме, притоа немаа ни црвен ни ништо.
Што е уште потрагично, топ атмосфера имаа у екипа, и самодоверба и све, до овој дуел, многу работи им идеа во прилог, од друга страна, играа против тотално обратното, Ливерпул, кои пак се у лоша ситуација и сезонава а и периодов.