Имаше спорни ситуации, не дека немаше, ама па хипокризија би било да се буниме само за Арсенал, а да премолчуваме за другите спорни ситуации на други клубови, затоа и не се бунам, пошто гледам дека нема некој дефиниран критериум и се се базира на тоа проценка на судија + задржување на одлука ако има 10% судијата да е во право. Ваков начин на судење е циркус и затоа е и толку лошо судењето годинава.
Во второто полувреме двете ситуации не беа пенал, во прво полуреме ептен спорни беа ситуациите, ако се судеше пенал, никој вар немаше тоа да го поништи. Првата ситуација, топката паѓа на рака на играч, во делот на бицепсот, рака која е агол од 90 степени положба како сообраќаец да покажува насока, глуп пенал би било, ама нема причина да не е пенал, ниту му влијаел играч наш да го турнал или слично, ниту е рамо, ниту е раката до тело, ниту пак немал време да се намести во пад да бил, едноставно му се причини дека топката е повеќе накај него, ја утна со глава, и ја погоди со рака. Втората ситуација не се ни гледаше, Тобијашу дојде прв до топката и со остар старт го собраа, милисекунда беше во прашање за да дојде прв до топка и беше старт на топка од двете страни во кој он дојде прв, се суделе вакви пенали, сфаќам зошто не бил суден, се надевам бил прегледан тој старт, само нас не ни било прикажано, ако не бил прегледан тогаш какви ситуации воопшто се гледаат. Тоа е тоа, имало и поголеми судиски бламови.