Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
@Toma

Кај мене е друг проблем. Јас не сум ни дополнително лице за контакт буквално немам ништо со таа работа. Туку и должникот и лицето за контакт не се јавуваат, должникот кога аплицирал користел службен број. Не знам како ги имаат и како дошле до другите броеви од фирмата каде што работиме и исто и јас имам службен број и почнаа мене да ме замараат.
Вчера и кажав дека ќе ги пријавам во агенцијата за заштита на лични и од тогаш ме немаат барано.
Треба писмено да ги известиш и имаат 30 дена да ги избришат податоците, овака на телефон дури и да снимаш што си рекол можат да речат дека не се они и дека откако ќе доставиш официјално барање ќе ја почнат процедурата.

Најди мејлови и на сите прати им и чекај 30 дена + некој ден ако ги фати празник, викенд и сл.

Ќе си пишеш убаво дека тој и тој број не е на тоа и тоа лице, туку е твој или сопственост на тоа и тоа правно лице и нема никаква врска со должникот на кредит, можда и некоја фактура (нормално цензурирана во неко дел ако има нешто што не треба да видат) дека стварно тој број не е на тоа лице повеќе.

Како што кажав ме советуваа да си го сменам бројот ако не сакам да ми ѕвонат.
Автоматски споено мислење:

Да надополнам дека мораш да докажеш дека тој број не е на должникот на кредит, оти они веќе го имаат поврзано тој број со него, а според законот смеат да ги чуваат неговите лични податоци од најразбирливи причини, оти е должник, како инаку би знаеле кој колку должи ако ги бришат податоците.
 
Последно уредено:
Прашање од областа на сообраќајот:
Наводно, со стапување на сила казнувањето со камери, ќе може да се одзема и дозвола на сопственикот на возилото БЕЗ УТВРДУВАЊЕ КОЈ ВОЗЕЛ ?
се мисли на возење побрзо од дозволеното за 30км/ч
Како ќе биде ако има полномош за возење или сопственикот нема дозвола, рент а кар, мајсторот ако ја пробува или вози и други можни случки....?????
 
Ова со камерите за снимање за брзо возење е буквално неовластено снимање чл.152 од КЗ, сè додека нема наредба од суд за снимање (ПИМ) никој не смее да биде незаконито снимен затоа што му се нарушува приватноста, да не должам многу, и согласно ЗСИДСП, и Уставот, исто и Законот за прекршоци кој упатува за сè што не е уредено во тој закон се применува Законот за кривична постапка, без разлика што ќе се менуваат некои закони, ако нема наредба од суд никој не смее да биде сниман, исто како и за извршување на кривично дело, видео снимките не се доказ освен ако не обезбедени со посебни истражни мерки.
Значи слушајте ми го зборот ова ќе им падне на Уставен или ако не падне, Македонија ќе плаќа доста пари по пресуди од Стразбур.
 
Проблем ли е да го сменат членот од законот.
 
Проблем ли е да го сменат членот од законот.
Снимање има во цел свет од поодамна, па и во СФРЈ во белград се снимаше и на црвено и за над 60км/ч.... прашањето е за наводно одземање на возачка на сопственикот на возилото, кој и не мора да има возачка, а колата да ја возат други, не само во фирма туку и во фамилија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom