Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Имам малку бизарна ситуација, па не знам ни кај би се обратил.

Еден од комшиите во влезот го реновира станот. Тоа не е проблем.
Неговиот стан е на приземје, а под него се подрумите од пола влез, меѓу кои и мојот подрум.
Пола од подрумите се користат (но ретко кој влегува освен јас). Во другата половина никој не е влезен со години.
Подрумите се оградени со дрвени прегради (зградата е стара), некои заклучени некои не.

Додека бев на одмор комшијата влегол таму и го облепил целиот таван на подрумите под неговиот стан со изолација (стиропор и стиродур).
Без известување, без консултација, дури ни претседателот на куќен совет не знаеше за тоа (таа има подрум на другата страна, а и ретко се симнува таму).
Дополнително, влегле во мојот подрум (пак ќе речам без дозвола), растргале работи и го облепиле таванот. Не знам ни каде ги однесле работите што ги тргнале. Плус имав детски велосипед (трицикл за мали деца), цел е со прашина, не се ни вози без темелно чистење.

Тој е во странство деновиве, па сеуште немам разговарано со него. Мајсторите уште работат во неговиот стан, но не би разговарал со нив, бидејќи друг дал наредба.

Целата ситуација ми е бизарна.
Прво работеле без дозвола и известување.
Второ, подрумот е моја сопственост, а во тоа спаѓа и таванот. Ова е како комшиите над мене да слезат и да ми речат сега таванот е наш и ние ќе правиме што сакаме.
Трето, не знам ни колку и кои работи ми ги нема (не водам детален инвентар на што се имам во подрумот).
Четврто, оставиле крш и прашина насекаде, извалкале мои работи со лепакот за стиропор, го извалкале велосипедот ...
Петто, ходниците во влезот се заедничка сопственост, вклучувајќи ги и ходниците во подрумот. Дури и ако некој дал дозвола за ваква работа, тоа е само за нивниот подрум.

Другите станари се претежно стари луѓе (70+ години) или студенти и не се замараат со состојбата на влезот. Не знам ни дали знаат што се случува во подрумите.
Куќен совет има само на хартија, во 20 години колку што живеам овде немало ни еден состанок. Само се сменил претседателот кога се отсели стариот претседател и ја предаде функцијата. Моменталниот претседател исто беше изненаден од ситуацијава и не знаеше што да ми каже.

Толку ми е бесмислена ситуацијава што не знам каде да се обратам. Се мислев за полиција или градежен инспекторат.
Некој да даде насока или совет?
 
Колку и да е бизарна ситуација, за жал немаш некои сјајни опции...
1. Да пријавиш во полиција неовластен упад (кражба?) ќе направат увид и ќе добиеш некој записник, па да тераш суд, со приватна тужба, со куп докажувања, пари и нервози...
2. Да пробаш човечки да разговараш со комшијата, барем да ти исчисти хаосот, да ти врати ствари и сл...Дискутабилно е колку би имал разбирање од таков тип...
3. Да го отераш у курац комшијата, демонтираш и фрлиш стиропор ...
4. Да не средиш сам хаосот и да не се замараш многу...
 
Имам малку бизарна ситуација, па не знам ни кај би се обратил.

Еден од комшиите во влезот го реновира станот. Тоа не е проблем.
Неговиот стан е на приземје, а под него се подрумите од пола влез, меѓу кои и мојот подрум.
Пола од подрумите се користат (но ретко кој влегува освен јас). Во другата половина никој не е влезен со години.
Подрумите се оградени со дрвени прегради (зградата е стара), некои заклучени некои не.

Додека бев на одмор комшијата влегол таму и го облепил целиот таван на подрумите под неговиот стан со изолација (стиропор и стиродур).
Без известување, без консултација, дури ни претседателот на куќен совет не знаеше за тоа (таа има подрум на другата страна, а и ретко се симнува таму).
Дополнително, влегле во мојот подрум (пак ќе речам без дозвола), растргале работи и го облепиле таванот. Не знам ни каде ги однесле работите што ги тргнале. Плус имав детски велосипед (трицикл за мали деца), цел е со прашина, не се ни вози без темелно чистење.

Тој е во странство деновиве, па сеуште немам разговарано со него. Мајсторите уште работат во неговиот стан, но не би разговарал со нив, бидејќи друг дал наредба.

Целата ситуација ми е бизарна.
Прво работеле без дозвола и известување.
Второ, подрумот е моја сопственост, а во тоа спаѓа и таванот. Ова е како комшиите над мене да слезат и да ми речат сега таванот е наш и ние ќе правиме што сакаме.
Трето, не знам ни колку и кои работи ми ги нема (не водам детален инвентар на што се имам во подрумот).
Четврто, оставиле крш и прашина насекаде, извалкале мои работи со лепакот за стиропор, го извалкале велосипедот ...
Петто, ходниците во влезот се заедничка сопственост, вклучувајќи ги и ходниците во подрумот. Дури и ако некој дал дозвола за ваква работа, тоа е само за нивниот подрум.

Другите станари се претежно стари луѓе (70+ години) или студенти и не се замараат со состојбата на влезот. Не знам ни дали знаат што се случува во подрумите.
Куќен совет има само на хартија, во 20 години колку што живеам овде немало ни еден состанок. Само се сменил претседателот кога се отсели стариот претседател и ја предаде функцијата. Моменталниот претседател исто беше изненаден од ситуацијава и не знаеше што да ми каже.

Толку ми е бесмислена ситуацијава што не знам каде да се обратам. Се мислев за полиција или градежен инспекторат.
Некој да даде насока или совет?
Јас би го почекал комшијата да си дојде од странство и би му кажал:
За да не се влечеме по судови и да не те тужам, исчисти ми го мојот дел од подрумот и направи ми ѕид од гипс картон на твој трошок штом веќе работат мајсторите....Можно е и да прифати ако има вишок пари а можно е и да мајсторите со калфите имаат претерано со неодговорната работа па овој и да не знае за тоа (денес секоја приучена будала глуми мајстор пошто прави мајстори има се помалку)....Држи се во разговорот разумно и не му се заканувај бидејќи може да му се активира буздованскиот чип и да си направиш беља, ако не функционира оваа стратегија опни му тужба и надевај се на успешна завршница
Автоматски споено мислење:

Стечајна фирма која пропадна и се продаде, во меѓувреме дел од вработените глумеа стражари за да не дојде до големи кражби на имотот а стечајниот им даваше по некој денар и ги моташе дека е можно да дојде до рестарт ако некој ја купи фирмата....Се разбира до тоа не дојде а дел од овие вработениве кои ја чуваа фирмата починаа и сега нивните деца се прашуваат дали стечајниот им должи пари на нивните починати родители и по која основа би ги барале парите од стечајниот (можеби предметот е префрлен на извршител) , прашањево е каде да се обратат луѓево?
 
Последно уредено:
Ми треба судски преведувач што работи во сабота во Скопје
 
Не е нешто нож до коска ама ме интересира мислења, искуства, па и ако има правници да ми кажат.

Имаме имот не е поделен чиј етуку сме двајца газди на сето. Е сега другиов газда го работи дуќанот... во случај еве да решам да се затвори или да се стани, имам моќ да го направам то и дали е долг процес шо ќе се дупиме?
 
Zborot Proces vo Prilep znachi Dupenje!
Kako e po drugive gradovi mozhish da si zamislish
 
Каква е процедурата кога две куќи се лепенки, а едната е стара и треба (поточно ќе се руши)
Дали одново кога се гради имаш право да бараш да се одели од ѕидот твој или може да гради одма пак исто лепенка !?
 
Zborot Proces vo Prilep znachi Dupenje!
Kako e po drugive gradovi mozhish da si zamislish

Ако си христијанин помогни, ако не одмини ме, не се тешам со нечии проблеми во смисла има и полошо..
 
Ti prasha ti dobi odgovor!
E sega ako ne tii e po vkusot baraj druga Kafeana ovaa nudi takvi jadenja ama bez razlika kaj che jadish ima debelo dupenje da ti bidi servirano!
Zatoa gledaj pogodete se! A ova nema nishto so hristijanizmot tuku so golemi lakomi Ochi.
 
Последно уредено:
Ајде едно прашање ако некој знае, сакам да извадам мкд државјанство за син ми, роден е во странство, јас сум роден во странство исто ама имам мкд државјанство, колку што ми е познато ако е помал од 18 не е проблем, слушнав дека ако е веќе со наполнети 18 било покомплицирано, не знам колку е точно.
Ако некој знае нешто повеќе, нека повели со коментар.
 
Ми треба совет за следново.

Колега од работа земал брз кредит и сега доцни со рата и не им се јавува ни тој, ниту лицето што го оставил за контакт.

Проблемот е што тој се јавил од службениот број и сега овие брзиве не знам како и од каде ги имаат службените броеви од фирмата каде што работиме. Па не можејќи да го добијат колегата и дополнителното лице за контакт, сега ме вознемируват мене (и мојот број е службен) и не можам никако да ги откачам на фин начин.

Прашањето ми е дали има друг начин,правно и законски да им се заканувам да не ме замараат бидејќи ова е страшно нешто, имам блокирано не знам колку броеви и упорно вртат и исто па исто да сум кажал на колегата дека има задоцнета рата.
 
Што се замараш?
Кажи му на газдата тој нека си бери гајле, ако ти ѕвонат на ало ние сме од тоа ФД, одма исклучи им тел., дури заебавај ги или ако е некоја женска договори ја за кафе може ќе ти излезе среќа, гледај позитивно на работите :)
 
Се ок тоа, ама прво не се замарав бидејќи и колегата ми кажа као демек не се замрај ќе платам за некој ден итн итн.. Ама овие досадни бог да чува, вртење на секој пола саат. Него имаат ли право ако мојот број не е даден и јас не сум согласен да бидам лице за контакт да ми вртат. Чисто јас да ги заебавам кога ќе ми вртат додека овој абдалот не се раздолжи. И за во иднина да си знам :)

Ја имаше сличен проблем, од прво не и придаваш значење, ама како поминува времето почнува да те нервира, ѕвонат во било кое време било кога и идат на нерви.

Имаше и ја еден колега пред скоро 10 години кој ме молеше да му бидам само контакт за некаков кредит и кога се јавија тие баш убаво прашав, дали е за жирант и сл. они (таа) кажа дека било само контакт во случај да не можеле да го добијат особа Х, ај викам добро само за тоа не е проблем.

Пред околу 4 години се погоди да спијам сабале и ми ѕвоне непознат скопски број, ја така поспан викам ало, женската вика не сте го вратиле кредитот (можда и е рекла платиле ја поспан така слушнав) и викам А? ШО?, не сте уплатиле рата за кредитот, каков кредит требало да платам? (почнав да се расонувам), вика дали е особа Х, ааа не сам ја тај, праша ме кој сум и вика па вие сте лице за контакт, дали ќе му пренесете дрн дрн... одма му се јавив на екс колегата, викам се јави една требало кредитот да си платеш и он вика па и на мене се јавија шо па на тебе ти ѕвониле (следниот пат ми стана јасно дека он не се јавува ич), ќе идам после ќе уплатам, и така неколку пати му се јавував да му кажам да си го плаќа кредитот да не ме замараат, имаше периоди кога веројатно е во криза и не плаќа редовно и досаѓаат секој ден шо се вика, некој период и со месеци ги немаше.

И така дојде критичниот момент, излегоа некој проблеми дома, а јас бев во странство и овие пак упорно ѕвонат, нормално не и се јавувам во роаминг и си мислам ќе си отидам за околу месец и мамето ќе и ебам.... ехеј колку ли сум ги пцувал во таа нервоза, и од шо немаше што да правам попладнето ги исчитав сите закони што беа за мојот проблем, условите за кредит, договори и сл. на преварантското кредитно друштво и составив еден убав мејл.

Еве дел од мејлот што може да биде решение за твојот проблем, оти твојот телефон
е личен податок, името и презимето, матичен број, адреса е личен податок кој не смејат да го имаат против твоја волја, што значи треба да го избришат од нивната база на податоци, ако ти ѕвонат не ги избришале = не постапувале по законот.

Јас сум контакт на лице кое не ви го плаќа кредитот и постојано сум вознемируван од ваша страна, иако 100 пати по телефон ви кажав повеќе да не ми се јавувате, вие упорно ѕвонете,

јас сум сум во странство и заборавив на вас некое време ама еве денеска повторно ѕвонете, дали некој спие или прави нешто друго вие не престанувате да ѕвоните, ако ви го блокирам бројот вие ќе го смените и пак ќе ме вознемирувате, дури и еден пат една од операторите ми рече ако не па да го сменам бројот, да не сум луд поради вас да го менувам бројот стар 14 години, друг оператор ми рече дека ќе ми ѕвонеле додека не го вратил кредитот, па добро ако никогаш не го врати зар цел живот треба да ве трпам вас?

Во општите услови за кредит кој ги имате истакнато на веб страната пишува дека договорот се потпишува помегу давателот на кредит и корисникот на кредит и корисникот на кредитот дава изјава за користење на неговите лични податоци, јас не сум никаква страна во кредитот.

Во законот за заштита на лични податоци член 11 став 3 вели дека субјектот на лични податоци може да ја повлече согласноста во секое време, значи ја ПОВЛЕКУВАМ СОГЛАСНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, подолу во истиот став вели, повлекувањето на согласноста мора да биде еднакво едноставна како и нејзиното давање, значи ви дадов усна согласност преку телефон, сега ја ПОВЛЕКУВАМ ТАА СОГЛАСНОСТ СО ПИСМЕНО БАРАЊЕ, електронската порака значи и официјално барање.

Имате рок од 30 дена да ги избришете моите лични податоци и никогаш повеќе да не слушнам за вас, до тогаш можете да ѕвонете колку сакате, јас секако нема да ви кренам во роаминг, а кога ќе се вратам дома сакам да сум на раат од вас.

Доколку не ги избришете податоците ќе видам што е според законот, сега немам време да се замарам до толку да видам што и како треба, гледам има некаква агенција веројатно има и да тужиш и да добиеш оштета од некој што ве вознемирува и не ги бриши вашите лични податоци.

Не ви се извинувам за мојата дрскост бидејќи се си заслуживте.

Со Почит,
Јааааа

Хехехе шо се ли и изнапишав.

Има агенција за заштита на личните податоци, некоја државна клативратарска институција, која којзнае дали и функционира, ама ја има и би требало да асистира при заштита на личните податоци и да го спроведува законот.

Во мојот случај 30 дена рок за бришење беа повеќе, ама оставив луфта биле на одмор, празник, вамте тамте некој десетина дена плус, односно додека да стасам до дома, па да ја почна процедурата,
на пат некај дома во Србија после Белград ѕвонеа од сабале 2 пати ми се чини, не и се јавив викам ќе стасам дама и тогаш ќе видат и до пладне стасав до граница, ама никој не се јави повеќе.

Којзнае можеби навистина ги избришаа мојте податоци, особа Х си ги плаќа ратите редовно или па можеби кредитот завршил. :toe:
 
@Toma

Кај мене е друг проблем. Јас не сум ни дополнително лице за контакт буквално немам ништо со таа работа. Туку и должникот и лицето за контакт не се јавуваат, должникот кога аплицирал користел службен број. Не знам како ги имаат и како дошле до другите броеви од фирмата каде што работиме и исто и јас имам службен број и почнаа мене да ме замараат.
Вчера и кажав дека ќе ги пријавам во агенцијата за заштита на лични и од тогаш ме немаат барано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom