Имам малку бизарна ситуација, па не знам ни кај би се обратил.
Еден од комшиите во влезот го реновира станот. Тоа не е проблем.
Неговиот стан е на приземје, а под него се подрумите од пола влез, меѓу кои и мојот подрум.
Пола од подрумите се користат (но ретко кој влегува освен јас). Во другата половина никој не е влезен со години.
Подрумите се оградени со дрвени прегради (зградата е стара), некои заклучени некои не.
Додека бев на одмор комшијата влегол таму и го облепил целиот таван на подрумите под неговиот стан со изолација (стиропор и стиродур).
Без известување, без консултација, дури ни претседателот на куќен совет не знаеше за тоа (таа има подрум на другата страна, а и ретко се симнува таму).
Дополнително, влегле во мојот подрум (пак ќе речам без дозвола), растргале работи и го облепиле таванот. Не знам ни каде ги однесле работите што ги тргнале. Плус имав детски велосипед (трицикл за мали деца), цел е со прашина, не се ни вози без темелно чистење.
Тој е во странство деновиве, па сеуште немам разговарано со него. Мајсторите уште работат во неговиот стан, но не би разговарал со нив, бидејќи друг дал наредба.
Целата ситуација ми е бизарна.
Прво работеле без дозвола и известување.
Второ, подрумот е моја сопственост, а во тоа спаѓа и таванот. Ова е како комшиите над мене да слезат и да ми речат сега таванот е наш и ние ќе правиме што сакаме.
Трето, не знам ни колку и кои работи ми ги нема (не водам детален инвентар на што се имам во подрумот).
Четврто, оставиле крш и прашина насекаде, извалкале мои работи со лепакот за стиропор, го извалкале велосипедот ...
Петто, ходниците во влезот се заедничка сопственост, вклучувајќи ги и ходниците во подрумот. Дури и ако некој дал дозвола за ваква работа, тоа е само за нивниот подрум.
Другите станари се претежно стари луѓе (70+ години) или студенти и не се замараат со состојбата на влезот. Не знам ни дали знаат што се случува во подрумите.
Куќен совет има само на хартија, во 20 години колку што живеам овде немало ни еден состанок. Само се сменил претседателот кога се отсели стариот претседател и ја предаде функцијата. Моменталниот претседател исто беше изненаден од ситуацијава и не знаеше што да ми каже.
Толку ми е бесмислена ситуацијава што не знам каде да се обратам. Се мислев за полиција или градежен инспекторат.
Некој да даде насока или совет?