Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Што е со тие што дозволиле истата да функционира толку години?
За тие ќе мижиме?

Требаше така да почнат ко што велиш и после да се рашири истрагата и да се осудат сите до еден.

На крај на денот џабе збориме , судството е нефункционално.
Мобилниот Крематориум , каде не одиш самоволно како во Дискотека, туку те носат поради заразна болест, беше работа од краток временски период, со мал број на инволвирАни, ПА СЕПАК СЕ ЗАТАШКА....
Слично беше и за Обиколница, Погрешен Проект напраен за време на СДС, кога Груки сечеше ленти Бране загрми дека за нивно време е напраен проектот и почнати се работи, но кога изгинаа луѓе СЕ СЕ ЗАТАШКА, а што е најлошо НЕ СЕ ИСПРАВИ ПОГРЕШНИОТ ПРОЕКТ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ, туку по Истиот се изврши санација, така да ако пак се случи таква поплава ќе биде исто, по втор пат...
Патем, ако само продолжниот кабел е крив, т.е. немало виновници во градба на Мобилните крематориуми, Зошто зи СТОПИРАА, т.е не се користат ?????
 
Последните 2 месеци, му откажуваше телото/органите (сепса).
Ова го слушнав и јас, неофицијално, од медицинска сестра во Систина. Наводно пред некој ден му ампутирале раката. Во многу лоша состојба бил. Греота. Нека почива во мир.
 
Он буквално седум месеци, ден за ден ја преживуваше болката одново и одново и ја водеше најтешката битка што човек може да ја замисли. Се надевам дека конечно ќе се одмори, таму горе некаде, далеку од болката и страдањето.
 
Сликава нека остане како потсетник за дечките кои своето постоење го ставија на располагање на сите нас, што преку музика што преку хуманитарни акции.
Добри души, времето дојде да одморите. Почивајте во мир !!!
dnk-1024x833.jpg
 
Бог да го прости Панчо, но не можам да поверувам дека сеуште нема одговорност. И дали ќе има воопшто.
 
Не не ,ова е една од најглупите работи што ги имам чуено,љ многу често се користи при вакви ситуации.

Виновниците се со име и презиме. Газдата,бендот,управител, инспектори,функционери,полицајци и уште многу други.

Нема што ја да сум крив за ова. Мојата должност како граѓанин на РСМ ја исполнувам со плаќање даноци,почитување на законите и правилниците. Плаќам здравствено,пензиско итн итн.
Убаво е тоа што плаќаш, а дали добива македонскиот граѓанин здравствена услуга и зошто е принуден да си ги троши животните заштеди за еднонеделен третман во приватна болница?

#прашањакоимемачат
#коисевиновниците
#имеипрезиме
 
Убаво е тоа што плаќаш, а дали добива македонскиот граѓанин здравствена услуга и зошто е принуден да си ги троши животните заштеди за еднонеделен третман во приватна болница?

#прашањакоимемачат
#коисевиновниците
#имеипрезиме
Не ја добива секако..

Само не разбирам во кој контекст го пиша ова.

Погоре напишав дека флоскулата "сите сме виновни" не пали кај мене,ја не се осеќам виновен за трагедијава,и дека си ги исполнувам должностите како граѓанин.
 
Imam zaboraveno, koj ja donese i koj upravuvase so pirotehnikata koja go predizvika pozarot ?
Znae nekoj ?
Знаат сите ама им се мешаат емоциите.
И од каде е набавена и дали тој што ракувал имал лиценца за тоа?
 
Знаат сите ама им се мешаат емоциите.
И од каде е набавена и дали тој што ракувал имал лиценца за тоа?

знаеме ДА
И да имале лиценца за пиротехника пак не се тие криви (лека им земја)
Од кај знаат тие дека диското нема лиценца за постоење а не па друго,фактички дека е дивоградба???
Од кај знаат дека сите се врзани еден со друг како свински црева?
Да бе да днк "се криви" не е токмакот газда на пулс туку днк
Ај не се глупирајте
 
знаеме ДА
И да имале лиценца за пиротехника пак не се тие криви (лека им земја)
Од кај знаат тие дека диското нема лиценца за постоење а не па друго,фактички дека е дивоградба???
Од кај знаат дека сите се врзани еден со друг како свински црева?
Да бе да днк "се криви" не е токмакот газда на пулс туку днк
Ај не се глупирајте
Класичен фејсбук коментар.

Ако веќе купуваш предмет, твоја должност е да ги читаш можните несакани последици. Ако сум решен да правам сценски настап, моја е должноста да направам барем минимално истражување дали тоа може да ја загрози безбедноста. Имаме примери од блиска Романија, подалечна Америка, Бразил, свадба во Иран...

Лошо е што нашите артисти ја презедоа идеата од светски познати пејачи што користат вакви пиротехники на нивни концерти (кои ги исполнуваат сите стандарди), а зборот стандард во Македонија е само на хартија. ДНК одеа на карта дека првиот пат пиротехниката нивна предизвика јака атмосфера, сите со телефони во рака, без штетни последици и за жал темпираната бомба се случи на 16 март после многу успешни концерти.

Жал ми е за ДНК што вака трагично заврши како бенд.

Исто ми е многу жал што светските медиуми престанаа да пишуваат за овој настан, па со тоа државата си продолжи со свое темпо да ја гуши истрагата. Да беше светски покриена веста со настаните после 16 март, ќе имавме вистинска истрага и обвиненија. Вака најверојатно ситните риби ќе имаат ниска казна, а мртвите ќе се главно осомничени. Барем сме сведоци за кабелот во Тетово.
 
Клуб Hangar во Охрид чив е? На истиот што го имаше Пулс?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom