Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
epa od sto sakate site i se od ednas na kraj ke bide corba... totalno ne realno gi procenuvame kapacitetite i moznostite na sistemot.
tie sto direktno ucestvuvale mora da se prv bran. posle moze da se gleda se drugo samo i tamu ke e problem posto pak ke kazam vakvi objekti imas miljon niz drzavata i golem del seuste funkcioniraat i narodot gi gleda kako neophodni ili kako ok... kolku godini samo trebase da se vospostavi kakov takov red na kej na primer....

daleku sme od pravna drzava za da ima celosen presvrt a i daleku sme kako narod i ekonomski i mentalno za da ja naucime lekcijata i da se smenime za nase dobro.
Кано треба да одговараат сите,си има процес како тоа треба да функционира, како се почнува и како се завршува.

При саглам судство, веќе ќе имаше рочишта
 
Фала им за све, на цел бенд, сегде ги имаше неизбежно беше а да не ги знаеш, да не им ги знаеш песните, беа и добри фаци, добри луѓе, и луѓе што порано ги мразеа од икс причини ги засакаа, такви беа едноставно, на сила да ги хејташ само од инат некој класика, ама ќе отидеш на пиво фест некој вино фест било каков фест ете ти ги таму, си тераат свирка, си поминуеш добро и си викаш ајде бе кој кур, нека возат, добри дечки се. Така мислам поминаа кај сите нас, покрај оние што се декларираа ко нивни супер фанови. А и големи хуманитарци, тоа башка, доста си ја користеа фан базата за вакви работи, не можеш да не сакаш вакви личности или бар, да не ги почитуваш, без разлика каков е твојот став за нивната музика.
Јас се пронаоѓам во оваа група. Не можам да се преправам дека сум ги сакал и дека сум им бил некој фан на музиката. Ама па од друга страна, стварно секаде ги имаше, не можеш да ги избегнеш. И реално да опстоиш толку години на сцена е само за респект, без разлика на музички вкус. Не заслужија вака да завршат.

Плус, низ муабет со неколку луѓе кои што ги викале ДНК на настап и кои се знаеле лично и со Панчо и Андреј имам слушано само позитивни работи.
 
Пишуваа дека бил подобар ама психички бил ептен во лоша состојба, така да се е можно. Нека почива во мир, ама за жал ништо и нема да научиме од трагедијава - сега да направат инспекција 90% од објектите пак нема да ги исполнуваат законските стандарди.
 
Последно уредено од модератор:
Бидејќи ретко доаѓаше информација до јавноста за неговата состојба, и освен тоа дека е згрижен во Систина или кај и да беше после трагедијата друго ништо не знаевме (или не знаев) за него што се случува. Имаше ли некои големи физички повреди како кај децава што се спасија, за психичките јасно ми е, тоа не треба ни да се прашува. Цело време од тогаш бил во болница или го пуштиле на домашно лекување?

Нека почива во мир човекот, кој знае колку му било тешко во овој период. :(
 
Што е со тие што дозволиле истата да функционира толку години?
За тие ќе мижиме?

Требаше така да почнат ко што велиш и после да се рашири истрагата и да се осудат сите до еден.

На крај на денот џабе збориме , судството е нефункционално.
Види, јас можам да возам нерегистрирано и неисправно возило години и години и со тоа да претставувам потенцијална опасност за сите во сообраќајот, но немам одговорност за тоа што откако сум ти го продал возилото ти со него си згазил човек, требало да го регистрираш и технички провериш.
За да има издржан случај пред судот, случај кој ке може да се заврши брзо, ефикасно и законито, мораше случајот да го водат на начинот како кажувам а тоа е истрага и обвинение за помал круг на луѓе но кои се директно одговорни за катастрофата.
Одговорноста на другите неможе да се процесуира во овој случај и таквиот обид само го разводнува овој случај и го прави таков што ке се води со години и години и никогаш нема да се заврши. Одговорноста на другите треба да се опфати во други предмети каде ке одговараат за тоа што го сториле или не го сториле а биле должни да го сторат, независно од тоа дали се случил или не пожарот.
Судот не суди по ,,што би било кога би било,, туку има конкретен настан за кој има конкретно обвинети лица и за кои треба да се докаже вина.
Пример, полицаецот кој денес починал, се товари за тоа што потпишал одобрение во делот на сообраќајот. Во неговиот случај за да биде виновен треба да се докаже дека пожарот настанал, неможел навремено да се изгаси или брзата помош неможела да интервенира навремено поради сообраќајот кој таму бил створен поради дискотеката па поради тоа биле изгубени толку и толку животи. Потоа, доколку сообраќајот бил фактор, треба да се утврди дали одобрението кое тој го потпишал се однесува на толкава фрекфенција на возила, пример се барало дозвола за 200 гости (некои 100 возила) и тој ја потпишал а во дискотеката имало 1000 гости (500 возила)....
 
Пишуваа дека бил подобар ама психички бил ептен во лоша состојба, така да се е можно. Нека почива во мир, ама за жал ништо и нема да научиме од трагедијава - сега да направат инспекција 90% од објектите пак нема да ги исполнуваат законските стандарди.

Медиуми или рандом инста ликови ќе пишат било што само за да има читање.

Секој нормален би паднал психички, пола бенд му умре. А сол на рана е што го „потсетуваа“ полицајци, 7 месеци го чекаа пред врата да го уапсат пошто нели, имаме многу ефективно судство. Морони!

Не треба да нагаѓаме како му било пошто никој не би требало да биде во таква ситуација.

Ќе ги паметиме како хуманитарци, позитивни ликови, спремни да направат некое добро во секое време, за било кој. Генерации и генерации со нив растеа, женски сме бркале со нивни песни, мангупевме по дискотеки... во Вулкан, во Колосеум, на хип хоп секоја недела во 69 на плоштад (на времето), во Хавана... Се палевме после средно со првата кола од дома земена со нивни песни, посебно со хитовите со Врчак.

Нека им е лесна земја, на него, на Андреј, на бендот и на сите загинати од Кочани.

Цело време од тогаш бил во болница или го пуштиле на домашно лекување?
Последните 2 месеци, му откажуваше телото/органите (сепса).
 
Види, јас можам да возам нерегистрирано и неисправно возило години и години и со тоа да претставувам потенцијална опасност за сите во сообраќајот, но немам одговорност за тоа што откако сум ти го продал возилото ти со него си згазил човек, требало да го регистрираш и технички провериш.
За да има издржан случај пред судот, случај кој ке може да се заврши брзо, ефикасно и законито, мораше случајот да го водат на начинот како кажувам а тоа е истрага и обвинение за помал круг на луѓе но кои се директно одговорни за катастрофата.
Одговорноста на другите неможе да се процесуира во овој случај и таквиот обид само го разводнува овој случај и го прави таков што ке се води со години и години и никогаш нема да се заврши. Одговорноста на другите треба да се опфати во други предмети каде ке одговараат за тоа што го сториле или не го сториле а биле должни да го сторат, независно од тоа дали се случил или не пожарот.
Судот не суди по ,,што би било кога би било,, туку има конкретен настан за кој има конкретно обвинети лица и за кои треба да се докаже вина.
Пример, полицаецот кој денес починал, се товари за тоа што потпишал одобрение во делот на сообраќајот. Во неговиот случај за да биде виновен треба да се докаже дека пожарот настанал, неможел навремено да се изгаси или брзата помош неможела да интервенира навремено поради сообраќајот кој таму бил створен поради дискотеката па поради тоа биле изгубени толку и толку животи. Потоа, доколку сообраќајот бил фактор, треба да се утврди дали одобрението кое тој го потпишал се однесува на толкава фрекфенција на возила, пример се барало дозвола за 200 гости (некои 100 возила) и тој ја потпишал а во дискотеката имало 1000 гости (500 возила)....
Другар ти ја разбирам поентата и се согласувам со напишаното.

Правниот процес продолжува секако и не застанува со еден предмет, тоа е обврска на извршната и судската власт
 
Судот не суди по ,,што би било кога би било,, туку има конкретен настан за кој има конкретно обвинети лица и за кои треба да се докаже вина.
Пример, полицаецот кој денес починал, се товари за тоа што потпишал одобрение во делот на сообраќајот. Во неговиот случај за да биде виновен треба да се докаже дека пожарот настанал, неможел навремено да се изгаси или брзата помош неможела да интервенира навремено поради сообраќајот кој таму бил створен поради дискотеката па поради тоа биле изгубени толку и толку животи. Потоа, доколку сообраќајот бил фактор, треба да се утврди дали одобрението кое тој го потпишал се однесува на толкава фрекфенција на возила, пример се барало дозвола за 200 гости (некои 100 возила) и тој ја потпишал а во дискотеката имало 1000 гости (500 возила)....

Не би требало да функционира на тој принцип. Ако дискотека има капацитет, да речеме за 1000 гости, ако потпишеш дека даваш дозвола за паркинг, а свесен си дека на тој паркинг може максимално да има 100 возила, тогаш свесно правиш грешка. Сигурно има пропишано некаде во законот, на дискотека од 1000 посетители, за колку возила треба да има одобрен паркинг.

Гледам еден тренд во последно време кај нас, а тоа често е дека често се меша човекот приватно, и човекот службено. Можеби овој полицаец бил душа од човек, сакал на секој да помогне. Но, ако згрешил професионално, каков е приватно, не игра никаква улога. Го прочитав тој постот на колегите што пишуваат колку добар човек бил. Но, едното со другото не се врзани. Слично, како овој докторот што го фатија како се дрогира.
 
Кано треба да одговараат сите,си има процес како тоа треба да функционира, како се почнува и како се завршува.

При саглам судство, веќе ќе имаше рочишта

se slagam samo sto mislam deka treba prvo da se rascisti konkretniot slucaj i nastanite od taa vecer.

posle ke treba ne samo za ova ovde nego i za red drugi kriticni objekti se da si se proveri ako sakame napred.
 
За жал од трагедијава ништо немаме научено, пак исти фаци се вртат кои пробуваат да бидат газди и се ставаат над законот. Не може да се издаваат лиценци за вршење дејност во дивоградби, па уште истите да се рекламираат и да собираат по 500 луѓе секоја вечер. Ова го гледаме секојдневно а тоа покажува дека ние и покрај што сме изгорени си играме повторно со оган, за ситни пари, за некое порше за некое станче .. крвави пари !!!
Државата е крахирана, народот е крахиран, прашање на време е кога ќе потонеме целосно како што потонаа сите тие млади кои загинаа во Кочани.
 
Не би требало да функционира на тој принцип. Ако дискотека има капацитет, да речеме за 1000 гости, ако потпишеш дека даваш дозвола за паркинг, а свесен си дека на тој паркинг може максимално да има 100 возила, тогаш свесно правиш грешка. Сигурно има пропишано некаде во законот, на дискотека од 1000 посетители, за колку возила треба да има одобрен паркинг.

Гледам еден тренд во последно време кај нас, а тоа често е дека често се меша човекот приватно, и човекот службено. Можеби овој полицаец бил душа од човек, сакал на секој да помогне. Но, ако згрешил професионално, каков е приватно, не игра никаква улога. Го прочитав тој постот на колегите што пишуваат колку добар човек бил. Но, едното со другото не се врзани. Слично, како овој докторот што го фатија како се дрогира.
Не знаеме што тој потпишал. Муабетот ми е дека за да се докаже негова вина, примарно треба неговото дејствие треба да се доведе во корелација со пожарот - дека пожарот настанал, неможел да се гаси или брзата помош не можела да интервенира поради сообраќајот. Ако сообраќајот не бил никаков фактор во катастрофата неможе да влечиме негова одговорност. Ако сообраќајот бил фактор тогаш треба да утврдиме дали тој потпишал согласно рамките на законот и дали на лице место сообраќајот бил во рамките на тоа што тој потпишал или бил преку тоа. Незнам што точно стои во обвинението но од она што досега го знаеме за случајот не се сеќавам да некој има кажано дека поради сообраќајот пожарникарите или брзата помош неможеле да интервенираат навремено.
 
Види, јас можам да возам нерегистрирано и неисправно возило години и години и со тоа да претставувам потенцијална опасност за сите во сообраќајот, но немам одговорност за тоа што откако сум ти го продал возилото ти со него си згазил човек, требало да го регистрираш и технички провериш.
За да има издржан случај пред судот, случај кој ке може да се заврши брзо, ефикасно и законито, мораше случајот да го водат на начинот како кажувам а тоа е истрага и обвинение за помал круг на луѓе но кои се директно одговорни за катастрофата.
Одговорноста на другите неможе да се процесуира во овој случај и таквиот обид само го разводнува овој случај и го прави таков што ке се води со години и години и никогаш нема да се заврши. Одговорноста на другите треба да се опфати во други предмети каде ке одговараат за тоа што го сториле или не го сториле а биле должни да го сторат, независно од тоа дали се случил или не пожарот.
Судот не суди по ,,што би било кога би било,, туку има конкретен настан за кој има конкретно обвинети лица и за кои треба да се докаже вина.
Пример, полицаецот кој денес починал, се товари за тоа што потпишал одобрение во делот на сообраќајот. Во неговиот случај за да биде виновен треба да се докаже дека пожарот настанал, неможел навремено да се изгаси или брзата помош неможела да интервенира навремено поради сообраќајот кој таму бил створен поради дискотеката па поради тоа биле изгубени толку и толку животи. Потоа, доколку сообраќајот бил фактор, треба да се утврди дали одобрението кое тој го потпишал се однесува на толкава фрекфенција на возила, пример се барало дозвола за 200 гости (некои 100 возила) и тој ја потпишал а во дискотеката имало 1000 гости (500 возила)....

Ти го разбирам нагонот да одбраниш една одредена група, ама не е ова продавање на кола. Или треба пликоата со рушвет што ги делел Деко на разни писари и функционери низ деценииве да поминат неказнето, а они да останат непипнати?
Секој што овозможил, и не реагирал на постоењето на местото, од прв ден се до пожарот, треба соодветно da одговара. Нормално, најголеми казни треба да добијат последните што замижале и во чие “работно време'' се случи трагедијата.
 
Не знаеме што тој потпишал. Муабетот ми е дека за да се докаже негова вина, примарно треба неговото дејствие треба да се доведе во корелација со пожарот - дека пожарот настанал, неможел да се гаси или брзата помош не можела да интервенира поради сообраќајот. Ако сообраќајот не бил никаков фактор во катастрофата неможе да влечиме негова одговорност. Ако сообраќајот бил фактор тогаш треба да утврдиме дали тој потпишал согласно рамките на законот и дали на лице место сообраќајот бил во рамките на тоа што тој потпишал или бил преку тоа. Незнам што точно стои во обвинението но од она што досега го знаеме за случајот не се сеќавам да некој има кажано дека поради сообраќајот пожарникарите или брзата помош неможеле да интервенираат навремено.

Не се разбираме. Ти викаш дека кај него треба да има одговорност, само ако се утврди дека заради паркингот пожарната не успеала да реагира на време. Ова е исто како мене да ме фати полицаец каде возам 250, на место каде што е 80, и да викам дека не убив никој, нема потреба да ми пишуваш казна?

Ако законот пропишува 100 паркинг места на 1000 гости, а тој потпишал согласност, свесен дека ке има многу повеќе, крив е. Пожарната не игра никаква улога. Може само полошо да му било, ако навистина паркингот играл улога.
 
Ти го разбирам нагонот да одбраниш една одредена група, ама не е ова продавање на кола. Или треба пликоата со рушвет што ги делел Деко на разни писари и функционери низ деценииве да поминат неказнето, а они да останат непипнати?
Секој што овозможил, и не реагирал на постоењето на местото, од прв ден се до пожарот, треба соодветно da одговара. Нормално, најголеми казни треба да добијат последните што замижале и во чие “работно време'' се случи трагедијата.
Немам нагон никого да бранам. Нагон за бранење имаат оние што сакаат се да стават во еден кош со намера да конструираат лајно од обвинение кое со децении ке се влечка по судовите и на кој случај многу судии, обвинители и адвокатии ке извадат пензија а на карајот, ако воопшто некогаш дојде, третина од обвинетите ке бидат умрени, третина сенилни, третина невини а само шанкерот во затвор. Ајде кажи, без да гуглаш, што се случи со змиско око и калдрма? Заборавивме и дека постојат? Еве да се потсетиме:
Со вакво обвинение исто ке биде и со кочани.
Тие што земале рушвет треба да одговараат, од прв до последен, секој за неговиот рушвет и во посебен предмет а не овде. Пример, на обвинет за рушвет во УЈП баш би му одговарало тоа да биде судено во предметот за пожарот, никогаш нема да го осудат, а исто така и некој што е навистина виновен за пожарот баш би му одговарало вакво обвинение по кое никогаш нема да има крај, само ке треба да се навикне еднаш двапати во годината да се појавува на суд.
Автоматски споено мислење:

Не се разбираме. Ти викаш дека кај него треба да има одговорност, само ако се утврди дека заради паркингот пожарната не успеала да реагира на време. Ова е исто како мене да ме фати полицаец каде возам 250, на место каде што е 80, и да викам дека не убив никој, нема потреба да ми пишуваш казна?

Ако законот пропишува 100 паркинг места на 1000 гости, а тој потпишал согласност, свесен дека ке има многу повеќе, крив е. Пожарната не игра никаква улога. Може само полошо да му било, ако навистина паркингот играл улога.
Да, за да биде виновен за случајот со пожарот треба да се докаже дека неговото постапување или не постапување довело до пожарот, неможност да се интервенира итн., а во друг случај каде би бил обвинет за тоа што незаконски дал согласност ке си одговара за тоа.
Ако полицаец те застани за брз возење тој те казнува за брзо возење а ако поради брзото возење си убил човек ке те судат за тоа. Неможе да те застане за брзо возење а да те терети за тоа што некој кој возел пијан згазил човек па ајде сега двајцата да одговарате оти теоретски и ти си можел да го згазиш човекот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom