Не е до столче загревање, не одат така работите. Рачунај на секое закажано рочиште од 50 обвинети ке има барем по еден ,,болен,, кој нема да дојде што значи рочиштето се одлага, ке има некој од незнам која причина нема да дојде - се одлага, некој откажал полномоштво на адвокат- се одлага, некој чекал вештачење од психијатар дали може да го следи судењето, некој дал приговор на нешто...... правниот систем е така поставен, законите се такви што водење постапка против толкав број обвинети е сизифовска работа и е сосема извесно дека долги години нема да се дојде до пресуда. Многу од обвинетите нема да го дочекаат крајот на судењето од ,,природни,, причини. Дополнително што поради притисок од јавноста и политиката, во обвинението се конструира некоја верижна одговорност што не е одржливо и секако ке падне на судот па ке има многу ослободени и брдо пари за плаќање на судски трошоци и оштети, па после судот ке ни биде крив... Уште сега од авион се гледа дека некои од обвинетите нема начин да бидат огласени за виновни, нема никаква врска нивното постапување или непостапување со настанот и делото кое им се става на товар. Еве денес читаме за инспекторите од УЈП. Очигледно има материјал за нивно обвинување и земање на одговорност но за сосема други дела, нема начин да се стават во обвинението за пожарот и таков обид за нив ке значи голема услуга оти на крајот ке бидат ослободени, што не би било случај ако бидат соодветно обвинети во друг предмет.... Или како ке докажеш врска на некој што коруптивно издал лиценца во 2010 та а која важела до 2014та...или на некој што требало да контролира во 2020та...или врска на некој кој имал задача да одржува ред и мир во дискотеката.... .и слично.? Никако, нема начин, и после ке ни биде крив судот.