Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Нема тука никаква колективна одговорност, тој став е испрдок на оние кои се одговорни и кој став го форсираат за да си го покријат сопствениот газ. Овде има одговорни со точно име и презиме. Еве јас прв ке фрлам камен оти јас немам никаква допирна точка и не чувствувам никаква вина за тоа што се случи. Ниту знам ниту познавам некој од настраданите ниту пак некој од обвинетите, ниту имам допирна точка со било која институција која има допирна точка со настанот.... Кажи ми која е мојата одговорност или мојот дел во таа колективна одговорност, што јас сум сторил или не сум сторил па со тоа сум допринел кон тоа да се случи настанот? Еве кажи за што си ти крива, која е твојата вина за настанот? Само без лигавење и глупости од типот па сигурно си купил петарди на црно, сигурно си купил нешто без фискална, сигурно си однел ракија на доктор или си му дал паричка, сигурно си препишувал на тест по математика, не си станал на баба во автобус, си се шверцал у двојка...... и ради тоа ни се случи Кочани. Еј луѓе, баталете такво прање на мозокот, има таму точно кој го стори Кочани, само треба за момент да исфрлиме партии од главата, за момент да нема наши и ваши, и веднаш се гледаат оние кои се одговорни и кои треба да бидат судени.

Како? Објасни те молам како сите имаме одговорност.
Па сите сме дел од заедницата во која процесот на превенција и безбедност потфрлил. Не зборам за директна лична и правна одговорност, ама тоа префрлање на топката, и барање кривец - поединец, значи дека не сме си ја научиле лекцијата како што треба. Значи зборам за системски и морален аспект на одговорноста во заедницата.

Што се случи со автобусот на Дурмо Турс?
Што се случи со болницата?
Што се случи со Кочани?

Факт е дека поединци постојано прават пропусти, чии последици се овие трагедии, кои и те како можело да се избегнат.

Ние како заедница не сме научиле како треба да се справиме со ова.
 
Па сите сме дел од заедницата во која процесот на превенција и безбедност потфрлил.
Не е точно, не сме сите инспектори и цајкани.
 
Screenshot_20251015_090219_Lite.jpg

Ѓраџанството не може да ја контролира подсвеста која го исмејувала овој човек кога бил жив и продолжува јавно дури и кога ќе почине. Сега толку е забегало што дури јавно моча од ќерамиди со зборовите ЏУЏЕ. Дно!:гомце::pov:
 
Па сите сме дел од заедницата во која процесот на превенција и безбедност потфрлил. Не зборам за директна лична и правна одговорност, ама тоа префрлање на топката, и барање кривец - поединец, значи дека не сме си ја научиле лекцијата како што треба. Значи зборам за системски и морален аспект на одговорноста во заедницата.

Што се случи со автобусот на Дурмо Турс?
Што се случи со болницата?
Што се случи со Кочани?

Факт е дека поединци постојано прават пропусти, чии последици се овие трагедии, кои и те како можело да се избегнат.

Ние како заедница не сме научиле како треба да се справиме со ова.
Извини, ама ова се глупости. Да обвиниш 2 милиони луѓе заради 30-40 души што потфрлиле во целиот процес и кој ти знае колку други, не е океј. Според мене овој наратив - сите сме криви, е воведен со цел да нема конкретни виновни и да се одложува целото нешто. Знаеме кои се виновни, кои се одговорни. Ако не се казнат, за неколку години пак ќе се деси нешто слично.
 
Како бре ние како заедница да се справиме? Па ние како заедница гласаме за луѓе кои треба да се справат со тоа и за тоа ги плаќаме и тие луѓе имаат име и презиме. И сега сите сме одговорни а тоа у превод значи дека никој не треба да одговара. Не, со тие куршуми не. Имаме платени луѓе со име и презиме на кои им е работа да се справат со ваквите појави и ако не си ја работат работата за која ги плаќаме нам како заедница ни преостанува само да реагираме како народот во Непал, немаме други инструменти. Затоа Кочани или ке се истера како треба и ке се работи како што треба да во иднина не ни се случуваат такви работи или дефинитивно нема надеж за нас.
 
Како? Објасни те молам како сите имаме одговорност.
Така шо сите мижиме на партиски вработувања и луѓе кои не се кадарни да работат.
Пошто да бил НЕКОЈ кадарен, од џандар, инспектор. Ќе отишол бар еднаш да види како работи диското, а не да се чатаат инспекторчиња смрдени од УЈП со син му. И саати да лапаат. Дај Боже саатот да му мери време поминато у агонија.
Не се праи на три ипол. Знаеш каква одговорност има секој од нас. Сите буквално.
И ја може не сум определена партиски, ама имам учество во ова пошто не сум спречила да дое до тоа. А за да спречам треба све ова да се запали.
 
Не е точно, не сме сите инспектори и цајкани.

Извини, ама ова се глупости. Да обвиниш 2 милиони луѓе заради 30-40 души што потфрлиле во целиот процес и кој ти знае колку други, не е океј. Според мене овој наратив - сите сме криви, е воведен со цел да нема конкретни виновни и да се одложува целото нешто. Знаеме кои се виновни, кои се одговорни. Ако не се казнат, за неколку години пак ќе се деси нешто слично.
Ај полека малку. Не обвинувам јас никого. Само велам дека ние ништо немаме научено од трагедиите што ни се случуваат. Ако само се фокусираме на индивидуална одговорност, пак правиме пропусти во структурните проблеми кои може да предизвикаат нови вакви трагедии.

Еве прашање, дали после пожарот во Кочани, денес сеуште има редовни строги контроли и инспекции во ноќните клубови? Или беше што беше тоа чудо за неколку денови? И не само во ноќни клубови, во автобуски станици, продавници, болници и сл? По трагедии или скандали, се интензивираат проверките и контролире, но без постојан систем за контрола мерките не се трајно решение.

Така да, колективна одговорност постои, затоа што ние сме системот и културата која овозможува вакви трагедии. Бидејќи за една недела има избори и ние целосно сме окупирани и задоени со вмро и сдс, истите оние кои се директно инволвирани во трагедиите кои можеле да се спречат.
Автоматски споено мислење:

Како бре ние како заедница да се справиме? Па ние како заедница гласаме за луѓе кои треба да се справат со тоа и за тоа ги плаќаме и тие луѓе имаат име и презиме. И сега сите сме одговорни а тоа у превод значи дека никој не треба да одговара. Не, со тие куршуми не. Имаме платени луѓе со име и презиме на кои им е работа да се справат со ваквите појави и ако не си ја работат работата за која ги плаќаме нам како заедница ни преостанува само да реагираме како народот во Непал, немаме други инструменти. Затоа Кочани или ке се истера како треба и ке се работи како што треба да во иднина не ни се случуваат такви работи или дефинитивно нема надеж за нас.
Вмро и сдс, тоа е одговорот на твојот пост за жал. Нејсе, помалото од двете зла е секогаш опцијата за која бира да гласа Македончето (меѓу кои и јас).
 
Ај полека малку. Не обвинувам јас никого. Само велам дека ние ништо немаме научено од трагедиите што ни се случуваат. Ако само се фокусираме на индивидуална одговорност, пак правиме пропусти во структурните проблеми кои може да предизвикаат нови вакви трагедии.

Еве прашање, дали после пожарот во Кочани, денес сеуште има редовни строги контроли и инспекции во ноќните клубови? Или беше што беше тоа чудо за неколку денови? И не само во ноќни клубови, во автобуски станици, продавници, болници и сл? По трагедии или скандали, се интензивираат проверките и контролире, но без постојан систем за контрола мерките не се трајно решение.

Така да, колективна одговорност постои, затоа што ние сме системот и културата која овозможува вакви трагедии. Бидејќи за една недела има избори и ние целосно сме окупирани и задоени со вмро и сдс, истите оние кои се директно инволвирани во трагедиите кои можеле да се спречат.
Автоматски споено мислење:

Вмро и сдс, тоа е одговорот на твојот пост за жал. Нејсе, помалото од двете зла е секогаш опцијата за која бира да гласа Македончето (меѓу кои и јас).
Aма зошто збориш во множина, не разбирам?
Да не не сфатиш погрешно, во право си дека кај нас се е партиски, се зависи од кои си и слично, ама има мал процент луѓе што не се подржуваат никој и буквално немаат допирна точка со било какво случување (посебно несреќа). Може да ги обвинуваш тие што ги бранат всушност едните или другите, ама не сме сите. Тоа сакам да кажам.
Автоматски споено мислење:

Така шо сите мижиме на партиски вработувања и луѓе кои не се кадарни да работат.
Пошто да бил НЕКОЈ кадарен, од џандар, инспектор. Ќе отишол бар еднаш да види како работи диското, а не да се чатаат инспекторчиња смрдени од УЈП со син му. И саати да лапаат. Дај Боже саатот да му мери време поминато у агонија.
Не се праи на три ипол. Знаеш каква одговорност има секој од нас. Сите буквално.
И ја може не сум определена партиски, ама имам учество во ова пошто не сум спречила да дое до тоа. А за да спречам треба све ова да се запали.
Па ајде спречи го тогаш. Што превзема ти? Лесно е на форумов да се обвинуваме едни други, ама во реалността штама.
 
Aма зошто збориш во множина, не разбирам?
Да не не сфатиш погрешно, во право си дека кај нас се е партиски, се зависи од кои си и слично, ама има мал процент луѓе што не се подржуваат никој и буквално немаат допирна точка со било какво случување (посебно несреќа). Може да ги обвинуваш тие што ги бранат всушност едните или другите, ама не сме сите. Тоа сакам да кажам.
Затоа што ние ги гласаме партиите, зарем не?
 
Мхм, и пак ке ги гласате. Може не ти, ама 80-90% што ги гласале пред несреќата пак ќе ги гласаат. Тие може да кажеш дека се виновни бидејќи и по овој случај, ги поддржуваат.
 
Така шо сите мижиме на партиски вработувања и луѓе кои не се кадарни да работат.
Пошто да бил НЕКОЈ кадарен, од џандар, инспектор. Ќе отишол бар еднаш да види како работи диското, а не да се чатаат инспекторчиња смрдени од УЈП со син му. И саати да лапаат. Дај Боже саатот да му мери време поминато у агонија.
Не се праи на три ипол. Знаеш каква одговорност има секој од нас. Сите буквално.
И ја може не сум определена партиски, ама имам учество во ова пошто не сум спречила да дое до тоа. А за да спречам треба све ова да се запали.
Еве дај кажи јас како индивисуалец можам да го спречам партиското вработување?

Кажи каква одговорност имаме? Конкретно те молам.
 
Има, али што очекуваш од партизирано општество?
Тоа е така, партизирано општество сме. И овие обиди за дефокусирање и наметнување мислење дека сите сме одговорни а со крајна цел никој да не одговара, особено да се избегне моралната одговорност, се баш резултат на таа партизираност. Едните си го перат газот со ,,тоа се случи во ваше време,, вие треба да одговарате, другите си го перат газот ,,со дискотеката работела и во ваше време,, вие треба да одговарате, а се слагаат во едно а тоа е дека системот е трул и сите сме одговорни, од тој што лапал вреќи со пари до тој што возел нерегистрирано фиќо на нивата со тутун, особено овој со фиќото. И не е проблем во партизираноста, проблемот е во егоизмот, немањето емпатија и солидарност. За марија шерифовиќ и за цеца ке се собереме без проблем 100 000 народ а за кочани гледаме дека само родителите се собираат, каде сме барем еднаш да се соберевме 100 000 и да порачавме на надлежните дека или ке ја тераат работата или ке им се случи Непал па другите после нив нека мислат што прават. Е тука е нашата колективна одговорност за се ова што ни се случува а не во срањето кое сакаат да ни го наметнат дека сите сме одговорни оти некој пецал без дозвола, некој пушел у кафана, некој се шверцал у градски, некој препишувал на тест. Таква колективна одговорност прифаќам и од тоа се срамам а другите пуфки нека му ги продаваат на тие што сакаат да ги купат, без да употребуваат множинска форма.
 
Еве дај кажи јас како индивисуалец можам да го спречам партиското вработување?

Кажи каква одговорност имаме? Конкретно те молам.
Можеш.
Протести секој ден ќе праиме.
Памтите овде кога ставив скрин од идиотон шо ми бараше работа, па ми рече ,,чекај после избори”. Тоа све се тепа.
И ќе се пријавува упорно, не се сите сите корумпирани, протести, ќе си блокираш сообраќај културно со најава.
Да не можат до дома да стигнат.
Сите што сме свесни дека имаме некој што е вработен поради непотизам, услуга, закани, потплатил, или знаеме дека не го бива за позицијата, а си ќутиме. Ќе е вака.
Ја како дипломиран економист.
Жими Господ еден да умрам еве, не би се осудила да бидам министер за здравство, пошо појма си неам од тоа, или да идам да поправам коли, заби. Не ме бива бе. Не го знам тоа. Ме бива за ова, си завршив факс, и не пикам нос кај шо не му е место.

Да не зборам ШТО УПОРНО ГЛАСА народов.
Па да не ги гласате, како ќе победи едниот или другиот??
Знаете дека ни за онакво не ги бива. И упорно гласате пошо сте научени у loop да ве зеза некој и да го води стадово. Навикнати на режим, ќути си и трпи си. Ви е страв да остаите да пукне. А на многу млади ко мене може лесно да им пукне филмот. Ја не се плашам од промена, од хаос, и мерки за моето дете утреден да не дише запалени гуми, да не ѝ свират искривени орки по улици пошто некој им дозволил, да не чека автобус на -20 пошто нема гориво/автобуси/плати, неќам да фати сепса или сифилис на Кличнички пошто пералните Тито ги купил, и тие се. Неќам да умира по ходници коа ќе ја здрви издрогирано синче нечиво.
Моментално дедо ми треба да иде у 8ми Септ со итен упат бидејќи има застој на бубрезите и задршка на вода низ телото. Има 89 години, вчера им рекоа дека може нема ни да го задржат.
Спремна сум да идам од мајка до шајка ако го вратат чоекот. Знам дека има години, ама не може да оди и не му е добро. И не е нивмо да одлучуваат КОЈ ЌЕ ЖИВЕЕ КОЈ НЕ.
Пошо ја сум стварно удрена.
За татко ми пола Кардиологија у воздух ќе ја дигнев, пошо условите беа, не знам како да кажам.
На улица боље живеат.
За кое онакво плаќаме здравство цел живот тогаш?
Прва бирам да зиам бруто плата и сама да си плаќам осигурување и пензиско. А не да нѐ дупат овде.
Плаќаме 7,5% од плата за да нѐ третираат како глувци.
И како оној Игор да шмркаат ко усисивачи од пари од наши муки. Јзк.
На овие избори ќе гласам за Кочани.
Со толкаво букви.
Па ливчето у гз да си го стаат ако сакаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom