Не кажувам детали, ама пред многу години кога немаше фб ми испофалија една убава била ваква таква онаква аааааааааа ууууууууууу аааааааааа ууууууууууу се попалив ко млад мајмун и ајде.Остај шо каснеше 45 минути тоа не ни спомињам.
Да скратам при крајот на вечерта ми се јаде ми се вие , му викам на девојчево ај да јадеме и ми почна не ,не, не сум гладна не сакам--филмови нешто врти.
Од двај ја намолив да отидеме до сендвичара да јадеме, земавне по еден сендвич седнуваме еден до друг.
АБЕ ЕЈ КОГА СЕ РАЗЈАДЕ ја уште три залака не сум каснал таа веќе при крај ја гледам

конечно девојче со апетит и шо не изводи, и се ќе беше во ред ама у брзањето кога се испомачка со сусам мајонез кечап , на чело коса, гледа народ срамота викам дај да ја забришам малку, земав дискретно свиткана салвета пружам рака накај неа таа кога виде кога напраи еден дак фејс , ( нај веројатно мислеше дека сакам да ја залапам, а кој нормален би се лапал со сендвичи во рака и полна уста )
И викам
Не, не - чекај да те забришам

Ајде после да се раздвижиме ,извади мандарина од ранец ја излупи и ми вика ај касни, ама не, не ми се јаде.
Ама ајјјјјјјјјјјјјјјјјјј касниииии.
Си велам јади човеку да не извади некој боксирач од ранец.
Ај да седнеме на клупава па ќе каснам едно парче.
Седиме и викам ај дај,
Ама не јас да ти дадам

Е ај чим ти е мерак ( ваљда ќе се тргне )
Абе кога почна да ми бута од тоа мандарините кога ги излупи толку бе,
Абе чекај бе ќе ме задавиш ејјјјјјјјјјјјјј
Ама види колку се убави касни си ! ,
Гнетам што ќе праам романтики тепаме.
Уствари цело време додека ги гнетев мандарините, покрај тоа што пазев да не се удавам размислував колку сум среќен што не порачав помфрит со сендвичите,
После години и години шетајки се на плоштад од далеку ја видов како се движи во мој правец,во едната рака држеше амерчки крофни во другата кока кола, АБЕ КОГА МУ ЈА ЛЕТНАВ ДА БЕГАМ како самиот ѓавол да сум го видел.