ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.888
- Поени од реакции
- 44.434
- Возраст
- 30

Mанчестер Јунајтед - Челзи | 26.08.2013 | Олд Трафорд | 2ро коло Премиер Лига
Новата сезона започна претходниот викенд, а веќе во второто коло ни го носи првото големо дерби од многуте што не очекуваат во наредните десетина месеци. Шампионот, Манчестер Јунајтед го пречекува тимот на Челзи на Олд Трафорд. Заедничкото кај двата тима е тоа што и едните и другите ја започнаа сезоната со нов менаџер. Кај домаќините тоа е Дејвид Мојс, кој дојде од Евертон да го замени легендарниот сер Алекс Фергусон, додека во тимот на Челзи тоа е повратникот - Жозе Мурињо, чија цел е да го врати трофејот на Стемфорд Бриџ, откако тимот на Челзи не успеа да го направи тоа во претходните 3 сезони. Несомнено и двата тима се меѓу главните фаворити за освојување на титулата, па можеби ова е вистинскиот меч да покажат до каде се стигнати после предсезонскиот дел и припремните турнеи и утакмици. Дејвид Мојс досега донесе само едно засилување во тимот на Манчестер Јунајтед. Тоа е младиот Уругваец, Гиљермо Варела, кој тешко ќе го видиме на овој дерби натпревар. Ширле, ван Гинкел и Шварцер се фудбалерите кои го засилија тимот на Челзи, заедно со повратниците од минатогодишните позајмици - Де Брујн и Лукаку. Во досегашниот дел од сезоната, Јунајтед го освои Комјунити Шилдот, славејќи 2-0 против освојувачот на ФА Купот од минатата сезона, тимот на Виган, а во првото коло од Премиер Лигата славеа 1-4 на гостувањето кај Свонси. Од друга страна, Челзи изигра 2 утакмици во рамките на ПЛ, дома против новите прволигаши - Хал Сити ги освоија трите поени со победа од 2-0 и исто така на домашен терен беа подобри од Астон Вила, победувајќи ги со резултат 2-1.
Последни 5 меча помеѓу овие 2 екипи:
Јунајтед - Челзи 0:1 (Премиер Лига)
Челзи - Јунајтед 1:0 (ФА Куп)
Јунајтед - Челзи 2:2 (ФА Куп)
Челзи - Јунајтед 5:4 *после продолженија (Лига Куп)
Челзи - Јунајтед 2:3 (Премиер Лига)
Интересното е што сите 5 меча беа изиграни минатата сезона, кога Јунајтед и Челзи освен во Премиер Лигата се сретнаа и во Лига и во ФА Купот.
Можни состави:
Манчестер Јунајтед:
Де Геа
Рафаел - Џонс - Видиќ - Евра
Керик - Клеверли
Заха - Кагава - Велбек
Ван Перси
Ван Перси
Челзи:
Чех
Ивановиќ - Луиз - Тери - Кол
Чех
Ивановиќ - Луиз - Тери - Кол
Рамирес - Оскар
Де Брујн - Мата - Хазард
Лукаку
На крај остануваат неколку прашања: Дали Мојс ќе покаже дека е многу потценет тренер и ќе успее да победи против големиот Мурињо? Дали Мурињо ќе го добие првото големо дерби после враќањето во Англија? Дали Вејн Руни ќе добие шанса против тимот во кој сакаше да заврши овој трансфер период? Дали Фернандо Торес конечно ќе им даде гол на Манчестер Јунајтед после трансферот во Челзи? Дали судијата Мартин Аткинсон ќе биде на ниво и натпреварот ќе заврши без поголеми судиски грешки?
Одговорите ќе ги добиете во понеделник, од 21:00 на Спорт Клуб...или Олд Трафорд, ако некој се смета доволно финансиски моќен.
Одговорите ќе ги добиете во понеделник, од 21:00 на Спорт Клуб...или Олд Трафорд, ако некој се смета доволно финансиски моќен.
Поздрав и со среќа на двата тима. Се надевам на квалитетна дискусија.