Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Che Part one
che-lg.jpg


Che Part Two

guerilla.jpg



Едни од најдобрите историско базирани филмој шо ги имам гледано (сигурно тука има и влијание то шо ми е Че идол :salut:).
Гледање на првиот без вториот или обратно нема смисла. Значи ќе си одделите 4 сати и кусур од денот за да ги изгледате двата ... според мене нема да зажалите. Бенисио Ел Торо го има одлично доловено ликот делото и карактерот на Че, шо можи исто така да се кажи и за Ридрого Санторо кој го глуми ликот на Фидел Кастро.

Во кратки црти ... првиот дел е опишана организацијата и спроведувањето на Кубанската револуција и падот на режимот на Батиста поддржан од САД. Вториот дел е пак миграцијата на Че во Боливија и организирање револуција против империализмот во Боливија , па послем да продолжи и во цела Јужна Америка (шо и била животна цел на Че).

Воглавном, кој сака воени филмој или па кој го сака ликот и делото на Ернесто Гевара Де Ла Серна му препорачвам да го гледа :smir:

Види, и мене Че ми е една од омилените личности на 20-тиот век. Ама филмов sucks на големо... Одамна не сум бил толку разочаран од филм. Ќе рикнев од досада.

Животот на Ернесто Гевара е страшно добра приказна, за која сеуште не е снимен ни пристојно добар филм. Очекував да ги видам неговите идеи, неговите сваќања, неговата борба. Очекував да видам ликови во филмот и да видам борби кои герилците ги воделе. Очекував епска приказна за еден голем човек.

А видов 4 часа шетање по шуми во кои борците решаваа задачи по математика. Досадни дијалози, непотребни сцени и чат-пат по некој испукан куршум. Двата дела да ги спакуваа во 40 минути, премногу ќе беше. Единствено што вреди во филмот е Benicio Del Toro. Се друго е катастрофа. Обично не сум вака негативно настроен кон филм, ама овој максимално ме разочара. Ништо повеќе од 2/10.

Кога сме кај филмовите за Гевара, убедливо подобар од овој е Diarios de motocicleta (2004) , но тој е повеќе авантуристички филм за патување низ латинска Америка и за животот на младиот доктор Ернесто Гевара пред да стане револуционер, на што ќе го поттикне сиромаштијата и неправдата кои ќе ги сретне на ова патување.
 
The secret.
p3nGdRLCab.jpg


Пред некоја ден отидов кај другар ми на гости и гледам една книга Secret пишува на нејзе, имав слушнато за филмот и за книгата ама не знаев што се.
Ја прочитав книгата за една ден и на крајот го гледав документарецот, и сум прилично импресиониран. Некои работи за кои што мислев дека се така се потврдуваат. Гледајте го документарецот нема да зажалите.
 
Прееска го гледав RockNRolla

rocknrolla-poster_m.jpg


Еден Два е уличен мафијаш, кој научил како да биде близок со двете страни од законот. Лени Кол е шеф на една опасна мафијашка група, која е дел на стариот лондонски мафијашки режим што брзо ја губи битката со побогатите странски мафии.
Кога еден руски мафијаш ќе ги замеша прстите во бизнисот со недвижности, милиони долари ќе бидат на дофат на крадците и сите криминалци од лондонското подземје ќе сакаат да добијат дел од колачот. Сите, од опасните криминалци, преку секси сметководителките, корумпираните политичари и обични џебџии прават планови како да ги елиминираат конкурентите и да се збогатат на брз и лесен начин. Стела е девојка на Еден Два, сметководителка со врски со подземјето, која му помага во целата организација.


Оригинален наслов: RocknRolla
Сценарио: Гај Ричи

Улоги: Џерард Батлер, Џереми Пивен, Тенди Њутон
Година на производство: 2008
 
alien_vs_predator_ver3.jpg


Во раниот 21-ви век се открива една древна пирамида изградена од три цивилизации (Ацтеките, Камбоџаните и Еѓипњаните) која е закопана со децении под површината на мразот на Антартикот. Група научници се собираат за да ја истражат таа пирамида, но тие ќе бидат изненадени и исплашени од она што ќе го откријат на длабочина од 2.000 стапки под замрзната површина на Антартикот. Заробени во неверојатниот лавиринт на пирамидата во која царуваат двата злобни вонземјани, за кои сите мислеа дека се мртви...почнува војната меѓу нив...кој и да победи...ние губиме :nesvest:

watermark.php

Филмот почнува од крајот на првиот дел...а првиот дел заврши кога еден Предатор е убиен од Осмиот патник и другите Предатори го собираат неговиот труп после експлозијата на пирамидата. Заминуваат од Земјата, но од трупот нешто излага...тоа е бебе од Осмиот Патник мутирано и од двата вида...почнува бебето побрзо да се созрева и почнува да го напаѓа целиот брод на Предаторите...се случува несреќа и бродот штотоку неоодалечен од Земјата се срушува негде во Мексико...а се изненадив кога сите не преживеа, а само јајцата на Осмиот Патник и Мутираниот Осми Патник-Предатор...што целото нивно размножување се побрзо и побрзо се шири низ градот...што крајот е зачудувачки :vozbud:

искрено двата дела се ОК, ама сторијата на вториот дел не ми се допадна многу, некако е интересен првиот дел...добро ај доаѓаат, убиваат, се размножуваат...а сепак како да е следен...и трети дел :nesvest:
 
Осмиот патник? :uvo: Зарем со МТВ стајл превод :pos2:
 
па колку што знам така нашиве почнаа и филмот да го преведуваат :pos2:
 
a_walk_to_remeber.jpg
Love is like the wind. You cannot see it but you can always feel it.

..Приказна за популарно момче,Ландон во средно школо,кое е казнето и треба да учествува во сите школски активности(пеење,глумење во драма,подучување на деца и сето тоа за време на викедни).Во тие проекти ја запознава ќерката на свештеникот,Џејми.Таа е повлечена девојка,која својата уабвина ја крие зад стари и старомодни алишта.Но сепак Ландон за драмата и бара помош и таа се договорува со него дека ќе го подучува под услов да не се заљуби во неа,но дали тој тоа ќе успее да го направи......

Филм кој засекогаш ќе остае во сечавање.Прекрасен е.
 
james_bond_quantum_of_solace_poster.jpg

007 James Bond - Quantum Of Solace
Не сум воодушевен воопшто. Ич не е како што го замислував.
Има добри сцени , ама некако многу брзи и измешани се кадровите во сцените.
Полојна филм го гледаш и сакаш да ги сфатиш муабетите шо ги прат ама неможиш ... и дури при крајот добиваш заклучок шо е како е.
Многу подобри беа филмовите со Пирс Броснан ама то е.
Оценка : 6
гледајте го ... можи ке ви се бендиса :toe:
 
Accidental Husband ( Release Date 29.02.2008 ) - романтична комедија со Uma Thurman, Jeffrey Dean Morgan, Colin Firth...

Мора, мора да се гледа!!!
http://www.imdb.com/title/tt0809504/


:vozbud::vozbud:
 
untraceablei.jpg


Филмчето добро ме изненади. Иако веќе кога почнале требало да се држат со мистиката до крај.
Убивање онлајн. Типот жртвите ги убива како во пила начин.
Колку повеќе посетители на web-от толку побрзо умираат.

www.killwithme.com.


9/10.
 
death-race-poster.jpg
ок филмче jason statham e sвер за коли трки и слицно и му ја убиваат жената ама го местат дека е тој оди во затвор и тука ке видите се е намештаљка се одвиваат таму трки а тој треба да замени една погината легенда во овие трки.добар филм .оцена 7/10
 
The other Boleyn girl

theotherboleyngirl.jpg


Biography/Drama/History/Romance

Актери
Natalie Portman
Scarlett Johansson
Eric Bana
Jim Sturgess
Mark Rylance
Kristin Scott Thomas

ОК филмче. Јес да е малце досадно чекајки расплетот и завршетокот.
Две сестри, која нивната врска станува борба за кој да биде љабовница на кралот на Англија.
Многу семејни драми, дискриминации, несфаќања.

6/7 од 10.
 
Quantum of Solace

ShowImage.aspx



Мислев дека нешто ќе помогне второто гледање,кога веќе отприлика знаев кој е кој во акцијата.
Џабе.
Тапа.
Тиње.
Пак добив во првите три минути вртоглавица.

Веќе на сцената/тепачката во лифтот,помислив дека паѓам.

Затоа...препорака.
Буууу....stay away from this one!
 
Knowing 2009.
20pqxbr.jpg



Детерминизам против судбина.
Овај филм е за судбина и не разочарува до крај.
Што би било ако се во нашиот живот е предодредено и како да го смениме тоа нешто?
Добар филм според мене гледајте го.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom