Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.620
- Поени од реакции
- 59.444
Види, и мене Че ми е една од омилените личности на 20-тиот век. Ама филмов sucks на големо... Одамна не сум бил толку разочаран од филм. Ќе рикнев од досада.Che Part one
Che Part Two
Едни од најдобрите историско базирани филмој шо ги имам гледано (сигурно тука има и влијание то шо ми е Че идол :salut.
Гледање на првиот без вториот или обратно нема смисла. Значи ќе си одделите 4 сати и кусур од денот за да ги изгледате двата ... според мене нема да зажалите. Бенисио Ел Торо го има одлично доловено ликот делото и карактерот на Че, шо можи исто така да се кажи и за Ридрого Санторо кој го глуми ликот на Фидел Кастро.
Во кратки црти ... првиот дел е опишана организацијата и спроведувањето на Кубанската револуција и падот на режимот на Батиста поддржан од САД. Вториот дел е пак миграцијата на Че во Боливија и организирање револуција против империализмот во Боливија , па послем да продолжи и во цела Јужна Америка (шо и била животна цел на Че).
Воглавном, кој сака воени филмој или па кој го сака ликот и делото на Ернесто Гевара Де Ла Серна му препорачвам да го гледа :smir:
Животот на Ернесто Гевара е страшно добра приказна, за која сеуште не е снимен ни пристојно добар филм. Очекував да ги видам неговите идеи, неговите сваќања, неговата борба. Очекував да видам ликови во филмот и да видам борби кои герилците ги воделе. Очекував епска приказна за еден голем човек.
А видов 4 часа шетање по шуми во кои борците решаваа задачи по математика. Досадни дијалози, непотребни сцени и чат-пат по некој испукан куршум. Двата дела да ги спакуваа во 40 минути, премногу ќе беше. Единствено што вреди во филмот е Benicio Del Toro. Се друго е катастрофа. Обично не сум вака негативно настроен кон филм, ама овој максимално ме разочара. Ништо повеќе од 2/10.
Кога сме кај филмовите за Гевара, убедливо подобар од овој е Diarios de motocicleta (2004) , но тој е повеќе авантуристички филм за патување низ латинска Америка и за животот на младиот доктор Ернесто Гевара пред да стане револуционер, на што ќе го поттикне сиромаштијата и неправдата кои ќе ги сретне на ова патување.