Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
images.webp

... во последно време ноншалантниот амерички глумец Bob Odenkirk со негова гестикулација, глума, а богами и мавање ми остави впечаток, па одвај дочекав вториот дел на филмот нобади2.


...симпатична приказна, мавање до бесвест како платен убиец, ама и смешни моменти, необичен филм каде мускулите не се толку напумпани и важни да се видат при блиска крвава борба.
 
Последно уредено:
DJ Ahmet - Georgi M. Unkovski (2025)

1759949117329.png

Аиии, какво филмче сме направиле! :cuc: :cuc: :cuc:

Она што прво и најмногу ме импресионираше, уште од сам старт, е неверојатната кинематографија! Наум Доксевски - прв пат слушам за типов, ама мора наклон до под за него! :cuc: Од првата сцена со прекрасните пејсажни кадри кои многу наликуваат на кадрите од филмовите на Нури Билге Џејлан, со статична камера која ја лови природата со своите неописливи убавини. Но некаде на средина на филмот има една секвенца, мајстоски одработена каде светлото од пиротехниката која распукува на небото во различни бои осветлува два лика додека нивните лица милиметар по милиметар се доближуваат - сцената е маестрално снимена! И генерално целиот филм, кадрирањето, гро плановите, движењето на камерата... ма се е неверојатно прекрасно! Визуелно е бонбонче!

Второ - морам втор наклон до под :cuc: за режисерот и сценарист Георги Унковски: успеал да напише и сними филм на јазик кој не го говори (речиси 99,9% од филмот е на македонски дијалект на турскиот јазик), а се тоа да изгледа толку природно! Неверојатна умешност е потребна за тоа.

Трето - глумата на скоро сите инволвирани е толку природна, толку добра, а на повеќето од актерите ова им е прв пат пред камера. Освен главниот лик, Ахмет, кој го глуми неверојатниот Ариф Јакуп, жител на истото село во кое е снимен филмот, особено морам да го пофалам малиот Агуш Агушев кој го глуми неговиот помал брат и кој е фан-та-сти-чен!

Четврто - во самата приказна особено ми се допадна инкорпорирањето на хуморот. Практично, ова е комедија, зашто на моменти те тера гласно да се смееш не можејќи да се воздржиш. Најсмешните моменти се со влегувањето на новите технологии во едно јуручко село некаде во радовишко и како селаните се справуваат со модерните технологии: социјалните мрежи, електронската пошта, современата музика од Западот, како и компјутерите, телефоните... звучниците :D

И можеби најважно од се: DJ Ahmet е филм со многу искреност и многу душа во него. Меѓу другите работи, тој е и филм за семејството, за тоа колку е потребна љубовта и поддршката од блиските. За тоа дека кога мислиш дека немаш ништо, а и кога веројатно навистина немаш ништо, доволно е да се имате себеси со тие кои најмногу ги сакаш. Тоа е филм кој убаво би било да го гледаш сам, за да не ти се смејат ако поштено се изнаплачеш, ко мене! :sramezliv:

Не велам дека филмот е перфектен. Не е тој ништо што веќе не е видено. Една иста приказна е, само рециклирана по којзнае кој пат. Не за џабе го викаат и „македонскиот Footloose“. Темите се бројни и затоа се чини како на моменти со тој shift од една во друга како да го губи фокусот. Лично ми сметаше и монтажата која го правеше на моменти да изгледа фрагментирано. Како да ми фалеа некои преодни сцени кои би создале некој поприроден тек. Вака на два три пати се почувствував ко да е брзоплето сработен, монтиран или недоработен. Може беше тоа само личен впечаток, но би сакал да слушнам мислења откако ќе го изгледате другите. И последно - имаше малце наивни и по малце клише моменти во сценариото кои исто ми засметаа на моменти.

Но, генералната слика е дека ова е и повеќе од убаво филмче и не може да не го сакаме - дека наше, а светско! Сите награди - заслужени! Се прашувам: ако Друштвото на филмски работници ОВА не го пушти како македонски кандидат за Оскар, колку ли само треба да е добар Силјан на Тамара Котевска? Сега сум уште по-хајпнат за тој филм! :vozbud:

За DJ Ahmet - сосема заслужена 5/5! Одете да го гледате додека уште го има во кино! Ви ветувам дека ќе уживате!
 
images (32).jpeg

... само што го догледав, малку емоции од моја страна за негова улога како татко да биде присутен на роденденот на ќерката, а и да не го изгуби старателството како борец во мешани боречки вештини се откажува од натпревар на кои се вложени во опклада големи пари, па се меша тука и мафијата и тепачка колку ти душа сака, па ме заболе и мене секој мускул од толку гледање тепање со тупаници и борилачки вештини малку претерано да може човек толку испотепан да уште функционира, али Ок добра снимка и напната атмосфера во тепачките.

images (31).jpeg

...инаку се чудев, што па мешани српска мафија во германски филм, арно ама главниот актер иако роден во Берлин, потеклото по мајка Мароканка, а по татко Србин, интересен актер Емилио Emilio Sakraya Moutaoukkil со мароканска физиономија ама српски дух, интересна комбинација.
...ако сакате да гледате борилачки вештини во побајаги сцени на тепање потрошете го ваше слободно време да го видите, оценка за тепање не давам :D
 
Последно уредено:
The Life of Chuck (2024)

maxresdefault.jpg

(I am large, I contain multitudes)

Кога ќе прочитате дека во креацијата на некој филм или серија прсти вмешале имиња како Стивен Кинг и Мајк Фленаган веднаш си создавате слика дека ќе гледате некоја хорор/мистерија. Но, овојпат решија да нѐ изненадат со еден длабок филозофски лајтмотив - минливоста на животот. Вреди ли да живееш кога знаеш дека ќе умреш?

Чак е обичен човек, во обичен град, со обична професија. Неговото постоење нема да остави белег во светот, како да речеме постоењето на големите имиња како Ајнштајн, Њутн, Тесла, Моцарт, Бетовен, Шекспир, Толстој или Достоевски, но со смртта на Чак (како и смртта на секој обичен човек) престанува да постои цел еден свет, сите негови емоции, возбуди, страдања, сите мигови на кои посведочил, сите чувства на луѓето што ги насмеал, расплакал и допрел.

Нарацијата е сместена во една неконвенционална рамка, парцијализирана, целосно ослободена од стегите на хронологијата. Така, на почетокот сте апсолутно збунети, како да гледате режија на Линч (не знаете што гледате, но целосно сте внесени во апокалиптичната визура и ги имате истите стравови како и ликовите).

Допира теми како слободната волја, изборот што го правиме покрај свесноста дека еден ден ќе нѐ нема и од тоа нема бегање.
"The Life of Chuck" е сонот што го забораваме наутро, но оставил траги некаде длабоко во нас.

Фленаган овде го изведува својот најнеобичен потег - се откажува од хоророт како жанр за да го открие хоророт на постоењето. Оној тивок, секојдневен ужас на сознанието дека времето неуморно се движи, дека луѓето исчезнуваат, дека ништо не трае вечно. Но истовремено и убавината во тоа, токму поради минливоста, сè што имаме добива тежина и смисла. Насмевката, танцот, топлината на сонцето која ја чувствуваме на лицето... Сето тоа станува бесценето токму затоа што еден ден сосема ќе исчезне.

На крајот, нема катарза, ниту пак некакво „објаснување“. Наместо тоа, ти остава чувство како по долг разговор со самиот себе. Како да си погледнал во огледало и за првпат навистина си се видел.
 
1762421209082.png


Nothing to Laugh About

Рандом норвешки филм што случајно го затекнав на телевизија од почеток.

Од филмска гледна точка нема нешто спектакуларно, но во секој случај интересна приказна со испреплетени (црна) комедија со драма, пус отсуство на американската патетика во филмовите.

Плотот во една реченица (без спојлери): Стенд ап комичар во Норвешка дознава дека има рак, по што следат промени во кариерата и приватниот живот.

Фокусот на филмот генерално се однесува на неговите релации и врски, предизвиците во кариерата и 'вториот живот' што му започнува откако дознава за болеста.

Од мене има рејтинг 6,5/10, но во секој случај е светла точка за луѓе како мене што сакаат да гледаат рандом филмови што не се популарни.
 
ЛЕНА И ВЛАДИМИР (2023) - Léon: The Professional на македонски начин

lena.jpg

„Лена и Владимир“ е од оние филмови во кои се „нурнуваш“ на прва преку атмосферата од бои и природа што изгледа како од бајка, а потоа тивко и без најави те удира со тежина што не си ја очекувал. Игор Алексов и Александар Русјаков е дуото заслужно за проектов од кој уште од самиот старт се гледа дека е направен со срце и со желба да се раскаже нешто топло, сурово и многу човечко.

Приказната ги следи Лена и Владимир, два лика што животот ги скршил на различни начини. Владимир (Тони Наумовски), живее повлечен и осамен, со лузни на лицето со кои е испишана една дамнешна трагедија. Тој лик има тежина што се чувствува од првата сцена, како тивко присуство што само ѕирка и го насетувате. Лена (Сара Климоска), пак, е девојка што бега од дом за сираци каде што наместо да биде заштитена, минува низ најцрните можни злоупотреби. Таа е ранлива, но истовремено има некоја внатрешна сила што привлекува како магнет и токму тука, меѓу нив двајца, почнува да се раѓа приказна што наликува на македонска верзија на Léon: The Professional.

Она што е интересно е што филмот, иако мрачен, не те остава да се давиш во таа темнина. Има моменти на хумор, на чиста македонштина во дијалогот. Тие ситни comic relief моменти излегуваат природно, како кога луѓето кај нас знаат да кажат по некоја фора среде најголема мака, само да можат да дишат уште малку. Токму тоа му дава живот на филмот.
Покрај главната приказна, има и една споредна што убаво го поткаструва нашето општество како што заслужува. Особено силна е сцената со покојниот Луран Ахмети, кој ладнокрвно му вели на Јово: „НЕ СМЕЕШ ДА МЕ УБИЕШ, ЈАС СУМ ВЛАСТ”. А Јово, онака народски и без влакна на јазикот, му враќа нешто во стилот: „ШТО ЗНАЕ СТАРЕЦОТ ЗА ТИЕ РАБОТИ?“, и следниот момент, БУМ, сè станува јасно како ден, едноставно, директно и болно вистинито.

Сара Климоска и Тони Наумовски ја носат приказната уверливо и меѓу нив има тивка хемија што потсетува на односот меѓу Леон и Матилда, само што тука е обоена со нашиот менталитет, со балкански рани, со љубов што се раѓа од болка наместо од нежност.
Ова не е само филм за траумата и бегството од неа, туку и за тоа колку далеку може да оди човекот за некој што го сака, колку многу може да прости, колку може да изгуби и на крај колку може да остане човек. „Лена и Владимир“ е македонска бајка во која принцезата не чека спас, а принцот е повреден, осамен и пред сè ЧОВЕК.

Оваа бајка без магија докажува дека вистинското чудо не се пеперутките, туку луѓето, кои и кога се најскршени - избираат да сакаат.
 
Последно уредено:

Сега заврши на Кинеманија, интересен филм, без говор и титлување , мајсторски напраен, снимен во Азербејџан...едино не ми е јасно, мислам Азербејџан муслиманска држава а во филмот жените слободни....добро и нашите на филм се слободни...
 
ДИЏЕЈ АХМЕД (2025)

maxresdefault.jpg

„Диџеј Ахмед“ е едно од оние мали филмски чуда кои те фаќаат апансаз, а те оставаат со тивка насмевка. Нежен, разигран и мек, но пред сè визуелно спакуван како бонбонче. Секоја сцена изгледа како посебна фотографија, има кадри што можеш да ги стопираш во секоја секунда и да ги закачиш како рамка на ѕид. Она што Наум Доксевски го прави зад камера е поезија: светлото, боите, композицијата, смиреноста на кадарот, сето ова создава филм што не го гледаш само со очи, туку го впиваш како чувство. Природата и луѓето во неа не се само декор, туку жив организам. Селото живее со една тивка интимност, со ритам кој зрачи со пркос во секој кадар.

Георги Унковски ни дозволи да ѕирнеме во една приказна за млади луѓе, во едно рурално, речиси заборавено место како Али Коч и да посведочиме за луѓе кои одбиваат да бидат уште една бела овца во стадото. Лајтмотивот на розевата овца е симбол на инает, храброст и различност. Тој лајтмотив постојано се провлекува низ филмот како боја што не може да се испере, како боја што им го разубавува животот.

Во средина каде традицијата тежи како камен на градите, каде што сите знаат „КАКО ТРЕБА“, а ретко кој се прашува што навистина САКА, младиот Ахмед, неговото слатко братче Наим и убавата Аја се оние што одлучуваат да дишат поинаку. Да живеат со полни гради, да бидат современи, разиграни, слободни. Нивниот пркос не е бунт заради бунтот, тоа е потреба за живот, за боја, за музика, за љубов. За розево, а не црно и бело секојдневие. Преку ова визуелно богатство најсилно се чувствува збунетиот, но храбар пат на „розевата овца“ преку детето што сака да биде диџеј, девојката што сака рејв наместо тутун, на тивкиот брат што само сака да не е сам, на таткото што ќе научи дека љубовта не може да се стави во шаблон.

Приказна за различноста во свет кој обожава еднаквост. За кирилица во латиничен свет. За младоста што сака да се обои со огномети на небо, а не со прашина. А понекогаш токму различноста е таа што го спасува семејството, селото, а можеби и целиот живот.

Филм што се гледа со насмевка, а завршува со длабока, тивка воздишка. Филм што останува.
 
Диџеј Ахмет (2025)
И јас го гледав Диџеј Ахмет(д) во кино во неделата (има секоја прва недела во месецот карта во Синеплекс за 150 денари), па да се надоврзам на мислњето на @Zlatikevichius и @Setsuko.

Филмов ми се допадна и е еден од оние филмови кои релаксираат, а не заморуваат, би кажал и максимум што еден македонски филм може да понуди од овој жанр, обработувајќи ја оваа тематика. Баш пред некое време се заинтересирав да испитам нешто повеќе за Јуруците, бидејќи бев во домот Вртешка и знам дека во околните села во близина живеат Јуруци, а мојот дедо од на мајка ми страната е и пријател со доста Јуруци од селата на Плачковица.

Некој спомна, прекрасни слики од пределот, апсолутно се сложувам. И тоа пазете, ова е од истокот на Македонија кој генерално гласи за “посиромашен“ со планински пејсажи, флора и фауна споредбено со западот. Како 85% планинска земја, ние мораме да ги претставиме планините максимално што можеме преку филмската продукција, па деца наши одат во странство, ги прашуваат што има во Македонија, велат “ништо“, бидејќи и сами не се свесни колкаво богатсво имаме, Македонија е рај на земјата, најубавото место, со најлошите луѓе избрани за водачи на земјава.

Да се вратиме на филмот. Видов од глумциве дека сите се турци, освен девојката Аја која е од македонско-турски мешан брак, исто така проверив дека на младиот дел од глумците ова им е прва улога во филм. Ако ми верувате, дечкиве растурија, створени се за филмсково платно и би било штета ако не продолжат кон оваа насока во животот. Тоа малото Наим каква насмевка срцепарателна вади, чиста среќа и емоција му е насмевката. Темата која е опфатена во филмов е тема која е актуелна за жал сеуште во денешно време, може да си мислите дека ние како етнички Македонци сме нешто подалеку од ова, но грешка сте. Пакувањето на истото е различно кај нас, екстремите се различни, но тој отомански менталитет кој ни се врежал во 5 века ропство, е составен дел од нас. За жал и до ден денес има млади луѓе што се молат да имаат син и повеќе се радуваат на машко дете отколку на женско, бракови што прават деца се дур не дочекаат син, жена да е помалку вредна ако не успеала да роди машко дете, водејќи се по тоа дека синот ќе биде наследник на презимето и имотот, а женското дете ќе си отиде кога тогаш. Има родители што машкото дете го третираат со поголемо внимание од женското, родители што се мешаат во љубовните одлуки на нивните деца и наложуваат кој партнер е за нив, а кој не е...

Имаше и многу хумористични сцени, пример со Windows XP и оџата во џамијата, и некако хуморот ми беше природен, а не исфорсиран како во “Те дуа, жими мене“ (да не се навредат љубителите на овој филм). Eдноставно од поновиве македонски филмови, “Диџеј Ахмет“ беше филм што највеќе ми се допадна. Совршен баланс од топлина, традиција, хумор, живописни глетки, драма, тензија, ми се допадна и го препорачувам на секој.
 
Последно уредено:
ноќеска беше на Кинеманиа, Неговото вел8чество Минор, гротескна комедија, грците сигурно го псујат авторот кој се потсмева на античчките митови...
 
Малце сум на вестерни периодов.

Old Henry - Излезен е 2021ва, прилично добро филмче за гледање. Солидна 7/10 оценка.

Акционен вестерн за вдовец-фармер и неговиот син кои со претпазливост примаат мистериозен, повреден човек со торба полна пари. Кога група луѓе што тврдат дека се шерифи доаѓаат по парите, фармерот мора да одлучи кому да му верува. Бранејќи ја својата фарма од опсада, земјоделецот открива вештина со оружје што ги изненадува сите и го доведува во прашање неговиот вистински идентитет.

1766507911328.png
 
Новиот Аватар.

Аватар 3
Нема кратка рецензија за 3 часа филм. Затоа ќе одите самите да го гледате. Варанг го украде шоуто иако ја немаше ни 30% во филмот. Водач на бившо шумско племе на вонземјани од Пандора, слично како тоа на Џејк.
Но шумата се запалила и сите членови почнале да и умираат, а таа се молела и молела на Ејва (божеството од Пандора) да ги спаси. Но Ејва не возвратила со слух на нејзините молитви, па Варанг, работите ги зема во свои раце.
Без разлика колку е опасна и сурова, тажна е нејзината приказна.
Глумата беше маестрална, одот и беше пеколен секси. Браво за Она Чаплин, глумицата зад Аватарот. За мене беше интересно, да се види и како цела кино сала реагираше на нејзе.

1000056637.jpg1000056678.webp1000056679.webp1000056680.jpg
 
Последно уредено:
Now you see me 2
10/10

Првиот дел ми беше поинтересен некако, ама крајот на вториот дел ме изненади. Не очекував таков крај и расплет. Не бев порано љубител на вакви филмови со магии да речам, ама и 21 ми се допаѓа, и Prestige, си реков ајде време е, таман и трет дел искочи дур се кандисам.

Го пуштив последниот дел прееска. Треба да се изгледа и тој.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom