Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Grave of the fireflies (1988)



Тажна животна приказна на брат и сестра за време на Втората светска војна во Јапонија.

8/10
 
E

`EsCaPe`

Гостин
I Am Legend


Не знам зошто,еден месец го одложував гледањето на филмов и ете.. го гледав.
Испадна многу убав.
Добра приказна,добри ефекти, а и Вил Смит глуми солидно..

Првата половина е малце спора, без многу акција, не дека после е нешто различно, но сепак... Вреди да се погледне..
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
In Bruges



Вреди да се погледне заради иновативната комедија од дијалози и иронични кованици низ кои главните ликови ја откриваат суштината на дејството на оваа мешаница меѓу драма и трилер. Во дејствата кои во принцип се движат по една права линија, без збунетост за тоа - што во кој момент од времето се случува, без премногу изненадувања, без премногу напнатост и кулминации освен можеби, самиот краен дел од филмот во кој за неколку степени се зголемува возбудата заради непредвидливите дејства и исчекувањето како истите ќе завршат, доминира одличната глума на Colin Farrell и Brendan Gleeson. Првиот со преуспешна илустрација на еден покајнички лик, длабоко разочан од своите дела и несигурен во причините за неговото постоење, а вториот мирен и сталожен лик кој спротивно од желбата да му ја врати желбата за живот, добива задача која е иако негова типична работна обврска, овојпат се коси со неговиот здрав разум и неговата психичка способност за задачата. Ralph Fiennes – соодветен избор за улогата на шеф на гореспоменатите. Ништо посебно изненадно во неговата глума. Според мене “коректна” би бил вистинскиот опис на истата.

Филмот е во еден свој добар дел своевидна разгледница на Бриж. Прекрасен град во Белгија, еден од ретките кој ја задржал автентичноста на старите градби, и кој, според еден од ликовите, е навистина добро што е во Белгија, зошто кога би бил на друго место во светов, не би блеснал во вистинскиот сјај заради неговата пренатрупаност со многу посетители. Место кое според Harry е она што човек треба да го види пред да умре.

За да не продолжам со спојлери, ќе му залепам оценка 7.5 со препорака да го погледнете.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ocean's Eleven



Одлично конципиран,остра глума,перфекционизам и феноменална режија.
Редок бисер меѓу филмовите,ќе ве задржи заинтригирани и исто така пријатен за гледање и после 4-5от пат.

Џорџ Клуни е топ,Бред Пит и Дејмон одлични,сите се надополнуваат во одличната целина.

Оценка 9/10.

Ocean's Twelve



Многумина би рекле недостоен наследник на оригиналот,изјава со која потполно се согласувам.
Има интересни сцени,но ова веќе не е феноменално осмислен грабеж,туку...
Да не давам спојлери,нема смисла.
Нејќам црн текст во постов :)

6/10.


Ocean's Thirteen



Првиот пат кога го гледав на кино снимка со чкарт превод си помислив : тоа е тоа,франчизата отиде во неповрат како оние Movie филмови.
Но,по второто гледање со оригинал превод,сосема го сменив мислењето.

Стилски,интересен и со феноменална глума.
Со ослободувањето на Џулија Робертс,се отвори место за носење на друга ѕвезда и Ал Пачино е полн погодок.
Уживате додека е на екран.

Искрено,се надевам дека ќе излезе и 4ти дел.

Оценка 8/10.

Twelve monkeys



Режисерот Тери Гилиам е звер!

Му давам рака,најсериозно.
Кога имате глумец како Брус Вилис,кој изгледа моќно,како да може да претепа 15 луѓе и пак да има сила за уште 15...тогаш навистина е вештина со игра на камерата да го направите немоќен во очите на гледачот.
Секоја чест,вртоглавицата,лошењето и необичните кадри ја доловуваат поентата на филмот.
А тоа е дека човечката раса може,а можеби и треба да биде избришана.
Исто така доловува психолошки моменти на шизофренија и ментална дивергенција.

Брус е top-notch,но Бред Пит го краде шоуто.
На моменти дури и потсетува на Tyler Durden,само малку ментално-забегана верзија.

Сепак downside,впрочем и како сите филмови со временски патувања во нив,се вплеткува сам во својата мрежа и контрира сам на себе.

Затоа,оценка 8/10.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Pi-1998.


Одамна му се имав намерено да го гледам филмов и вечерва конечно го гледав. Во фокусот на филмот е Максимилијан Коен брилијантен математичар кој што бара одредена шема на бројот пи. Во текот на филмот користи разни стимуланси кои и што не му помагаат баш премногу. Од истражувањето на шемата од бројот пи се префрла на барање на одредена шема во тората... Тежок филм за гледање ама добар.
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Perkins' 14.



ОО Боже филмов...
Дефинитивно хорор што влегува во моја топ листа.
Страшен, крвав, но има приказна, добра содржина.. Ме потресе некако. :S

Не можам кратка рецензија, филмов вреди да се гледа, да не го уништувам со навлагање во детали.

10/10..
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047


Интересен филм, а дополнително внимание предизвикува и убавата Скарлет Јохансон.

Во лабараторија се создаваат клонови,им се земаат органи и ги продаваат на нарачателот кој што претходно платил.Скарлет Јохансон заедно со МекГрегор(другиот главен лик) бегаат од лабараторијата и... изгледајте го и видете што се случува, да не откривам.

Оценка 8.5/10
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341

21
Филмот според ИМДБ има оценка 6.9 ама јас би му дал повисока дефинитивно.
Од мене една 8.5

Значи филмот е базиран на вистинска приказна за 6 студенти од МИТ кои се тренирани од својот професор по математика да бројат карти (Блек Џек). И заминуваат во Вегас каде што заработуваат многу.
Според мене филмот е екстра. Гледајте го, нема да се разочарате мислам. :smir:
П.С. Кевин Спејси ми е вкрај антипатичен .. .морав да кажам :pos:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Undisputed II - Last man standing



Кој го гледал кецот тогаш уште повеќе ќе му се свиѓа овој дел. Се работи за затвореник во Украина кој е кик боксер и нема пораз се` додека бивш шампион во бокс не го наместат да биде притворен во тој затвор каде што единствен шанса за излез е да го победи шампионот у затворот...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.064
Hit and Run - Unrated



Добро филмче. Цура прегазува еден несакајки, на еден начин го убива. Тој некако преживева и ја гони цело време. Многу крв, реална слика ептен.

Winged creatures



Филмов.. незнам како да го рецензирам, добра драма, но некако неповрзано се до крајот.
Гледајте, неможам да ви опишам.

Маrley and me



За филмов немам зборови. Одамна не ме допрел вака еден филм.
Брачниот пар зимаат куче за милениче, кое постепено станува дел од фамилијата.
Проблеми, нормален живот. Раѓа деца Анистон. Кучето го класифицираат како најлошото куче на светот.
Опасно проблематично. Добра комедија е филмов пред самиот крај. Каде што е веќе тажен.

Извинете, ако не ви се дошаѓаат рецензиите. Штосот е одприлика да знаете за што се работи филмот и дали да го гледате. Не детално се'.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Apocalyptо


Не ми е јасно како е можно филмов да ми живее во компјутер повеќе од година дена, а јас постојано да го избегнувам во изборот - Што филм ќе гледам денес. Добро е што денес конечно решив да се вооружам со пуканки и доволно слободно време па да се справам со него.:wink:
Браво за Мел Гибсон! Не очекував ништо помалку од човекот чиј Braveheart сум го гледала толку пати, колку вкупниот број на сите други филмови што сум ги изгледала во животов (а тоа е многу). Обожавам филмови кај што глумата е толку реална што на моменти се прашуваш дали е навистина ова глума. Особено кога доаѓа од автентични ликови никогаш претходно појавени на големото платно. После The Passion of the Christ, сосем очекувано ми беше ликовите во филмот да зборуваат на автентичниот јазик за дејството (овојпат веројатно на јазикот на Маите), уште еден доказ дека Гибсон сака да внимава на секој детаљ.
Забелешка: Ви треба трпение, ви треба јак желудник за да издржите крвави сцени и можеби ќе ви треба време малку подолго од вкупното траење на филмот за евентуален одмор после одредени напнати сцени. Мене ми требаше.:icon_lol:
Во секој случај, прекрасно дело, особено за љубители на историски драми (иако повремено губев трпение и премотував сцени на бркање низ пченки и прашуми). 8.5/10 од мене.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Che Part one


Che Part Two




Едни од најдобрите историско базирани филмој шо ги имам гледано (сигурно тука има и влијание то шо ми е Че идол :salut:).
Гледање на првиот без вториот или обратно нема смисла. Значи ќе си одделите 4 сати и кусур од денот за да ги изгледате двата ... според мене нема да зажалите. Бенисио Ел Торо го има одлично доловено ликот делото и карактерот на Че, шо можи исто така да се кажи и за Ридрого Санторо кој го глуми ликот на Фидел Кастро.

Во кратки црти ... првиот дел е опишана организацијата и спроведувањето на Кубанската револуција и падот на режимот на Батиста поддржан од САД. Вториот дел е пак миграцијата на Че во Боливија и организирање револуција против империализмот во Боливија , па послем да продолжи и во цела Јужна Америка (шо и била животна цел на Че).

Воглавном, кој сака воени филмој или па кој го сака ликот и делото на Ернесто Гевара Де Ла Серна му препорачвам да го гледа :smir:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Grave of the fireflies (1988)



Тажна животна приказна на брат и сестра за време на Втората светска војна во Јапонија.

8/10
Цел живот го барав овој цртан филм. Ко мал рикав дур го гледав, на МТВ 1 го даваа.
Ако имаш торент со англиски саб, затоа што се сеќавам на јапонски беше, или пак ако го имаш со англиски превод пиши ми пп.
:helou:
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710


По незнам кој пат го гледав.
Станува збор за институција за ментално болни лица, секој со своја животна приказна најпрвин посветена највеќе на Лајл а потоа и на сите останати и на тоа како се справуваат едни со други секој со одредени мислења и ставови за животот.

7/10



Настанување на Joy Division.Поточно биографски филм за фронтменот на Џој Дивижн, Ian Curtis.
Доволно.

8,6/10
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Detroit Rock City.



Се токмев да го гледам филмов веќе неколку месеци. Можам слободно да кажам дека е одличен за релаксација, смеење и воведување добро расположение кога не си in good mood. Бачковциве се закон, едниов ми е ко лузер4е, али мајке ми се` ќе направат да одат на тој концерт од Kiss!
Низ целиов филм се среќаваат со 500 пречки, поготово таа мајката од Jam, беше главен иницијатор на нивните проблеми.
Од една страна гледано, необичен, од друга страна би го оценала како просечна комедија. Една средина, оцена-6-7/10.

Фалит уште Фантом во филмов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom