Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Понудете книги од Сигмунд Фројд, во каква состојба се, која цена, и на кој јазик.

- „Толкување на соништата“ книга 1 и 2 по 200 ден. во Магор. (значи 2-те 400 ден.)
- „Неугодното во Културата“ 100 ден. исто во Магор. :)

Не сум ги читал така да во таа компонента не можам да ти помогнам. Сите книги се на македонски јазик, и ако ги сакаш денеска е последен ден во кафе- книжарата. Потоа нема да работи се до Август или Септември, башка овие цени се извадени од Летниот Саемски Ценовник што значи дека можеби ќе имаш среќа да ги начекаш и навистина со овие цени. :)
 
Јас имам комплет од Ѓурѓа 10-тина книги, заинтересиран?
 
Земав неколку книги од Донато Каризи.
Ме интересера дали некој прочитал некоја негова книга и ако знае дали стилски делото е мистерија (мислам нешто како Кристи) или има и малку „црна мистерија“, некаков допир со хоророт, (нешто како Зафон). И нормално, дали вреди да се прочитаат книгите? :)
 
Некој да не знае каде можам да ја купам во МК: Lidija Nikolić: Osećanja O Sećanja ?
 
Возвишениот и достоинствен израз, спротивните особености го прават низок и грд

не ми треба мн доволно е 2-3 реченици ....ваше мислење на ова ? идеја некоја што да се пишува ?
 
дечки може ли да ме потсетите како се пишуваше есеј ? Ми треба да напишам каде што ке се претставам јас самиот каква личност сум што како. Треба на англиски да биде. Лани пишувавме у школо али не ми текнува баш како требаше имаше знам делови што каде да се пишува...ај ве молам некој кој знае да пише ...
фала :)
 
Да не ги има некој - "The Book of Delusions”,и,"Tears and Saints" oд
Emil Cioran,од неговата прва романска фаза.За размена јас ги нудам - Anathemas and Admirations,On the Heights of Despair,А Short History of Decay,The Trouble with Being Born.Нормално,не треба да велам дека сите овие се електронски,а и тие што ги барам,ги барам во електронска форма.
 
Не знам каде да пишам па еве тука, ги барам книгите на Игор Џамбазов сакам една колекција да составам од неговите дела да ги соберам на куп засега ја имам само приказни од Мјаукедонија ништо друго :/ Помош каде можам да ги најадам ?
 
Ве молам дали некој ќе може да ми напише есеј наовие теми:
1) Хамлет-трагизмот на ренесансовата личнст
(воведен дел:белези на ренесаансата и за шекспир, Главен: за хамлет, заклучок: некаква критика)
2)симболиката и алегоријата во пеколот со посебен осварт кон воведната песна
(воведен-за писателот и правецот во кој творел, главен- ......., заклучок- ..... )
3)трагичното и комичното во Дон-Кихот
(воведен-за писателот и правецот во кој творел, главен-трагичните и комичните елементи,заклучок-....)
Ми треба за писмена работа Ви благодарам од напред
 
Каде има книжара 3 низ Скопјево? Сакам да ја земам на Ричард Бренсон книгата,гледам таму ја имало. Исто така да прашам може некаде на македонски да се најдат книгите на Жарко Лаушевиќ?
 
Каде има книжара 3 низ Скопјево? Сакам да ја земам на Ричард Бренсон книгата,гледам таму ја имало. Исто така да прашам може некаде на македонски да се најдат книгите на Жарко Лаушевиќ?
За првото книжарницата се наоѓа веднаш до киното Милениум, накај надворешниот балкон на ГТЦ.
 
Не знам дали е соодветна темава за моето прашања па ако не е поправете ме .
Ми треба помош околу една книга , ми треба значи книга за поклон на девојче.
На пример која книга би вие поклониле на девојка или која книга девојки би сакале да добиете од момче.
Фала однапред :)
 
Другари, помагајте, живот е во прашање.

Се затрескав у една и у понеделник и е роденден, сакам да си најде поклон пред врата.

Кажете ми книга, со тема како дете со проблем, у случајов церебрална имам, не е нни битно, како после плукање врреѓање итн итн на крај останува со таа шо треба.....
 
Другари, помагајте, живот е во прашање.

Се затрескав у една и у понеделник и е роденден, сакам да си најде поклон пред врата.

Кажете ми книга, со тема како дете со проблем, у случајов церебрална имам, не е нни битно, како после плукање врреѓање итн итн на крај останува со таа шо треба.....
50 Shadows of Gray ;)
 
Дечки мислам дека овде и беше местото на темава. Епа вака ми треба монолог на македонски јазик, било каков, без разлика дали краток или долг или ваков или таков. Било каков. Фала однапред. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom