Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.063
- Поени од реакции
- 62.129
До вчера никој не го сакаше ниеден клип не видов од него, денеска сите насекаде пишуваат за него а особено на facebook спамирање со негови видеа.
R.I.P. :pop:
Тоа што не се постирале многу клипови од него не значи ништо, има многу постари пејачи и групи кои ретко се постираат и покрај тоа што биле и останале сакани во светот. Една од изјавите кои ги прочитав вечерва беше: „Мајкл Џексон беше подеднакво сакан во Азија, Америка и Европа. Нема многу луѓе кои постигнале таква универзалност. Битлси, Мухамед Али... нема многу други...“
Останувам зачуден од фактот што многу деца овде на форумов (не се однесува на тебе, да не се разбереме погрешно зошто те цитирав...) немаат појма кој е Мајкл Џексон. Веројатно немаат појма ни кој е Елвис Присли, кои се Битлси, Стоунси... а мислат дека Џастин ф. Тимберлејк е ѕвезда и знаат што е музика...
Мајкл Џексон пејачот да беше еден од најголемите и секако ке биде преголема загуба...
Мајкл Џексон личноста, една од најгрозните и најумоболните луѓе на планетава, ексцентрик невиден, педофил и уште ред други работи.
Како и да е секој загубен човечки живот е загуба....
Мислев да ти одговорам ама не е ни време ни место. Колку и да имаш ти лошо мислењето за човекот, 100 пати јас имам полошо мислење за луѓе кои мислат дека знаат се, а не знаат да покажат почит.