Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
До вчера никој не го сакаше ниеден клип не видов од него, денеска сите насекаде пишуваат за него а особено на facebook спамирање со негови видеа.
R.I.P. :pop:

Тоа што не се постирале многу клипови од него не значи ништо, има многу постари пејачи и групи кои ретко се постираат и покрај тоа што биле и останале сакани во светот. Една од изјавите кои ги прочитав вечерва беше: „Мајкл Џексон беше подеднакво сакан во Азија, Америка и Европа. Нема многу луѓе кои постигнале таква универзалност. Битлси, Мухамед Али... нема многу други...“

Останувам зачуден од фактот што многу деца овде на форумов (не се однесува на тебе, да не се разбереме погрешно зошто те цитирав...) немаат појма кој е Мајкл Џексон. Веројатно немаат појма ни кој е Елвис Присли, кои се Битлси, Стоунси... а мислат дека Џастин ф. Тимберлејк е ѕвезда и знаат што е музика...

Мајкл Џексон пејачот да беше еден од најголемите и секако ке биде преголема загуба...

Мајкл Џексон личноста, една од најгрозните и најумоболните луѓе на планетава, ексцентрик невиден, педофил и уште ред други работи.

Како и да е секој загубен човечки живот е загуба....

Мислев да ти одговорам ама не е ни време ни место. Колку и да имаш ти лошо мислењето за човекот, 100 пати јас имам полошо мислење за луѓе кои мислат дека знаат се, а не знаат да покажат почит.
 
Мислев да ти одговорам ама не е ни време ни место. Колку и да имаш ти лошо мислењето за човекот, 100 пати јас имам полошо мислење за луѓе кои мислат дека знаат се, а не знаат да покажат почит.
Свесен бев на што ке налетам кога го напишав тоа ама јебига некои луѓе упорно несакаат да се соочат со вистината.

Јас убаво појаснив дека покажувам почит кон неговата музика ама не и неговата личност, ама јебига тапа мангуп сум не ставив RIP, а ни на фејсбук немам ставено RIP...
 
Не си тапа мангуп само си тапа :smir:

Почит се покажува така што ќе го изоставиш тој дел што го напиша и ќе пишуваш за музиката, а за другото има и време и место и други теми.

B.T.W. вистината никој не ја знае, знаеме само дека човекот пропадна, а многу луѓе се збогатија на неговата трагедија.
 
Темата е за Мајкл Џексон ако не се лажам така? Или само за неговата музика? Ај уште еднаш погледни го насловот... и искочете од вашите исцензурирани животи.

А ти до утре можеш ко коњ да се натегаш со мене кој е потапа, иако знаеш како стојат работите.
 
Темата е „Почивај во мир, Мајкл Џексон“.

Ти погледни го насловот.
 
Втор пат бе. Ко копиљ си купив касета од него и си ја слушав цело време,нон стоп. И ме исполажаа,појма неам кој, изглеа магарињана постари од улица дека умрел Мајкл и така си мислев едно година две се дур не излезе нов албум:) е после ги мавав со камења.
За 2 месеца роденден требаше да славиме бре,и двајцата на 29ти... оо ти!
Ајде,лесна земја и фала ти за U're not alone.
 
Не сум го обожавал никогаш али имам доволно респект барем да кажам нека почива во мир.
 
Почивај во мир, што не го имаше баш во животот. Ленон ја остави Imagine. Ти ја остави оваа.

Ти да ти ебем.

Нека му е лесна земја.... Човекот имаше уште нешто да ни покаже.

Мојата омилена

Искрено не го сакав затоа што има направено милион операции и беше како кукла.
Но сепак ми се допаѓаше неговата музика (иако не ја слушав) и спотовите.

R.I.P
 
Нека почива во мир кралот на поп музиката и концерт мајсторот. Со неговите најголеми хитови ги минав средношколските и студентски денови.
Dirty Diana, легендарна, нешто што ретко се создава.
Фара Фосет, Џексон, луѓе кои удрија печат -длабок- во забавната индустрија на минатиот век. Јбг, не е воопшто сеедно.
 
Почивај во мир кралу на поп музиката!

Друго шо и да кажам е излишно. Едноставно - ONE AND ONLY!!!

R.I.P. :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom