Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Џеко почина и замалку ќе го земеше интернетот со него.

Колку луѓе се потребни за да се сруши интернетот? На 25 јуни, дознавме дека е потребен само еден - Мајкл Џексон.

Веста за смртта на ѕвездата повлече добар дел од интернетот со себе, кога почна да се шири со огромна брзина на сите страни од планетата.


„Помеѓу 2.40 и 3.15 часот денес, некои корисници на Google News не може да ги добијат резултатите од пребарувањето за Мајкл Џексон“ - изјави портпаролот на Google кој исто така изјави дека корисниците на Google News се жалеле дека сервисот бил недостапен некое време. Во својот врв, Google Trends ја рангираше приказната за Џексон како „Вулканска“.


Како што паѓаа сајтовите, корисниците се префрлаа на други сајтови. TMZ, кој ја објави веста имаше неколку паузи, тогаш корисниците се свртеа на блогот на Перез Хилтон кој исто така се мачеше да се справи со корисниците.


CNN објави дека во критичниот период за еден час постигнал бројка од 20 милиони посетители на нивниот сајт.

Популарниот сервис „Твитер“ се сруши неколку пати. Протестантите во Иран кои го користат Твитер за комуникација не можеа да се логираат поради илјадниците постови за Мајкл Џексон. Од сајтот изјавија дека морале привремено да ги исклучат резултатите од пребаруваањето, зачуваните пребарувања и уште некои елементи, за да може сајтот да функционира.


Википедија исто така се соочи со навала од активности. За време од 24 часа дури 500 пати беше едитиран текстот за Мајкл Џексон. Во 3.15 изутрината, Википедија беше привремено недостапна.

И LA Times, првата организација која ја потврди веста за смртта на Џексон претсрпе неколку паузи. АОЛ месенџерот беше срушен и беше недостапен 40 минути. Во изјавата се вели: “Денес беше невиден ден во историјата на Интернетот. Никогаш не сме виделе вакво нешто“
 
За да може да се каже лош збор за починат човек, треба да си светец, кој и во тој случај неоправдано би си земал право за истото. Сите некултури и нелуѓе, кои имаа храброст да истресат еден куп зелени коментари тука, нека се запрашаат за момент колку е веројатно Мајкл да бил чист исто толку колку што беше направен валкан. Туку добро, можеби сте му светеле над глава додека го правел сето тоа во што вие верувате, па од кај ми мене право да ве критикувам. Смешна сум, мамата.
А, ако толку многу сте заинтересирани за сите лоши работи пласирани за него, сте се заинтересирале да го погледнете серијалот за неговиот живот? Ако да, од кај мислите дека може едно така пораснато и воспитано дете да биде тоа што тврдите?
Јас никогаш не бев трогната од таквите трачеви. Често се случува да се разочарувам од познати луѓе поради некои приказни, но тоа за Мајкл никогаш не сум го почувствувала. Не ми се вклопувал во таа слика, па ако не починеше вчера и денес немаше да знам што се` се зборело. И баш ми е гајле. Не сум живеела со него и не сум го познавала, со што сметам дека немам право да го критикувам за неговиот личен живот. Затоа мои мили, почнете да размислувате така и вие. Помислете само дали можете околу себе да соберете 10 луѓе кои ќе лудуваат по вас како што тоа го правеа незнам колкава бројка на луѓе по светов за Мајкл, на неговите концерти или по разни други објекти. Тој што го може тоа, ќе му симнам капа и ќе кажам дека е поголем крал.

Ова морав од преголем револт додека ги читав сите претходни страни, а сега тоа што сакав да го кажам на темава.
Голема загуба за цел свет, посебно во период пред почетокот на неговата последна турнеја. Кога ги слушав и читав сите тие најави, многу ми беше криво што нема да можам да присуствувам никаде и да доживеам еден таков величествен концерт. Ми остана само да се тешам со тоа дека во секој момент можам да уживам во неговата музика каде и да сум, а ја слушам секој ден.
Последниве две недели бев посебно внесена во барање на ремикс верзии од неговите хитови, па најдов неколку добри со кои ги удавив луѓето околу мене. Често зборував за него и кажував дека има прекрасни песни кои неверојатно добро одат со секаков стил на музика во позадина.
Можеби и затоа многу појако ме погоди оваа вест... деновиве навистина бев преокупирана со него.
Мое сочуство до неговата фамилија и нека почива во мир. Еве и од мене еден голем хит, кој ми бил химна цел живот:


R.I.P. Michael Jackson ...

едит: Не можам да оставам само со една песна да помине постов. Не можам а да не ја оставам тука и оваа:
 
И оваа една од фаворитите, ѕверска песна... на рипит ми е хехе


BTW у глобала 2009-та досеа многу лоша година, земено се шо се дешава на глобален план.
 
Засекогаш го сакам Мајкл, неможам да напишам 'R.I.P'

Мајкл е love & perfection, песната WILL YOU BE THERE ми е најдрага пошто таа е душата на Мајкл, неговата филозофија и повик кон светот за разбирање.
Не многу артисти пишуваат вакви песни за универзална љубов, другото се е boy girl драма. Единствено `лошо` шо имаше направено беше на неговото лице, ама некако останатите имаа проблем со тоа. Текстовите кои ги пишуваше Мајкл носеа секогаш позитивна порака за светот. Би сакал да ја слушнете оваа песна, во неа е вистинскиот Мајкл:


I Love you ....Voice of an angel
 
Море мајката, ова чудна работа...

Човекот ме порасна... Убавиот му глас, секоја вечер сонорно ми ги милуваше ушињата, како дете... Негова песна пеев на приемен испит средно музичко...

Не е можно да е мртов:(
 
R.I.P Michael Jackson:(:(



'http://www.youtube.com/watch?v=9Xs9OQHpwDE' target='_blank'>http://www.youtube.com/watch?v=9Xs9OQHpwDE</a></td>
 
R.I.P.MICHAEL JACKSON-ednostavno si nezamenliv...kakva steta,kakva zaguba...
 
Почесното место на ударната полица како и што кажав, ќе остане засекогаш резервирано за најјаките два албуми од дискографијата.

2wnutn4.jpg


Слава ти, ѕвездо која се врати меѓу своите.
 
Каков глас уште од најмали години.
Секогаш кога му ги гледав настапите во живо се прашував како е можно толку перфектно да ја испее цела песна, дури и си помислував на шала - ова мора да е плејбек.
Не се раѓа некој со таков глас, таква харизма, такви перформанси секој ден. Ова е голема најголема загуба во светот на музиката во последниве децении и втора загуба во мојот свет на музиката после Тоше Проески :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom