Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.654
- Поени од реакции
- 59.640
Џеко почина и замалку ќе го земеше интернетот со него.
Колку луѓе се потребни за да се сруши интернетот? На 25 јуни, дознавме дека е потребен само еден - Мајкл Џексон.
Веста за смртта на ѕвездата повлече добар дел од интернетот со себе, кога почна да се шири со огромна брзина на сите страни од планетата.
„Помеѓу 2.40 и 3.15 часот денес, некои корисници на Google News не може да ги добијат резултатите од пребарувањето за Мајкл Џексон“ - изјави портпаролот на Google кој исто така изјави дека корисниците на Google News се жалеле дека сервисот бил недостапен некое време. Во својот врв, Google Trends ја рангираше приказната за Џексон како „Вулканска“.
Како што паѓаа сајтовите, корисниците се префрлаа на други сајтови. TMZ, кој ја објави веста имаше неколку паузи, тогаш корисниците се свртеа на блогот на Перез Хилтон кој исто така се мачеше да се справи со корисниците.
CNN објави дека во критичниот период за еден час постигнал бројка од 20 милиони посетители на нивниот сајт.
Популарниот сервис „Твитер“ се сруши неколку пати. Протестантите во Иран кои го користат Твитер за комуникација не можеа да се логираат поради илјадниците постови за Мајкл Џексон. Од сајтот изјавија дека морале привремено да ги исклучат резултатите од пребаруваањето, зачуваните пребарувања и уште некои елементи, за да може сајтот да функционира.
Википедија исто така се соочи со навала од активности. За време од 24 часа дури 500 пати беше едитиран текстот за Мајкл Џексон. Во 3.15 изутрината, Википедија беше привремено недостапна.
И LA Times, првата организација која ја потврди веста за смртта на Џексон претсрпе неколку паузи. АОЛ месенџерот беше срушен и беше недостапен 40 минути. Во изјавата се вели: “Денес беше невиден ден во историјата на Интернетот. Никогаш не сме виделе вакво нешто“