Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Денес постојано ги прегледувам неговите видеа на youtube и се прашувам како ли им е сега на оние негови фанови кои имаа влезници за концертите и кои за влакно го пропуштија ones live time спектаклот кој само тој можеше да го направи и никој друг.
Не можам да ги оттргнам мислите, сочувствувам со нив, сочувсвувам со сите кои го почитуваа Мајкл Џексон, зошто и јас бев една од нив. Тие контраверзии кои излегоа за него никогаш не ме поколебаа да го сменам мислењето за него како целокупен уметник
Беше и ќе остане легенда што се раѓа еднаш на 100 години!!!!!!!!

:olee:

Легендите се вечно тука. Секој збор е премалку за било што понатаму.
 
Јас воопшто не ја слушав неговата музика,ги знаев само сите оние лоши работи кои што се зборуваа за него,но сепак жално е.
Почивај во мир...
 
Мајкл Џексон без никакви двоумења го заслужи епитетот на крал на музиката...па секако неговата смрт спаѓа во рангот на загубите от типот на Елвис Присли, Морисон или Курт Коубејн!

Влијанието кое “мастерот“ (за некои “монстерот“ ) го изврши врз целиот музички (и не само музички) свет е преголемо за ние тука да го објаснуваме и презентираме!
Некои работи неможат да се напишат...единствено треба да се доживеат , а тој направи многу работи во светот поинаку да се доживуваат..

Ќе остане запаметен и по бројните контроверзи,кои се секако составен дел на секоја славна личност .....но најповеќе ке остане запаметен по бесмртните хитови ,најпродаваниот албум и најпрепознатливиот танц на светот!

Тој беше белец кој ги сака црнците и црнец кој ги сака белците...тој беше "Black and white" ......Пееше за “Валканата Диана“ (моја омилена песна).... Го измисли "Billie jane" чекорот .....беше “Man in the mirror" ....и на сите ни порача “Beat it" !

Мајкл почнав да го слушам мошне касно...поинтензивно дури до пред некоја недела...жалам што сум го сфатил дури на “старост“ ...али јбг....за да се дознае кој беше Мајкл Џексон треба да се преслушаат неговите песни!

Уживај Мајкл...одмори се од овој свет...секако ти го изживеја!
Фала за песните!
 
Значи модераториве се закон еј, 5ка за нив и сладолед со 3 топки...да не смее човек мислење да напише...сељачаана!

РИП Мајкл и сеуште тврдам дека беше извитоперено педофилиште!
Риспект за музиката само...

Штета што нема и некој админ да намине да ве пушти на ладење додека научите како се искажува почит... а ако немате почит во ред, не пишувајте барем... дечурлана...

И вчера пишав, не е на оваа тема време и место, и не сакам да почнувам дискусија, но само накратко затоа што некои работи веќе не можат да се премолчат:

Никогаш, ама никогаш, не беше докажано ни едно обвинување за човекот. Многу луѓе се офајдија и ги наполнија џебовите, на неговата трагедија. Беа обвинувани и други ѕвезди за разни с****, Коби Брајант на пример. И сите ги завршија судењата со спогодба со тужителите, за да ги остават на мира. Мајкл Џексон беше лесна мета и на неговиот грб се збогатија тужителите, медиумите, и еден куп други мршојадци околу него.

Една од изјавите што ја прочитав беше дека Мајкл ја доби битката со обвинувањата, но ја плати со животот. Трагично.

Незнам јас што е толку важно каква му била бојата на кожата, и дали бил опседнат со тоа да го промени својот изглед. Негова работа си е тоа или наша? Незнам дали човекот изгубил контакт со реалноста, но знам дека секој од нас кога би бил изложен на такви гомнарии, би ја изгубил. Стануваш сабајле, си правиш кафе, отвараш весник и на насловна страна пишува дека си Монструм. Мора да е уживање тоа...

Пред некое време видов убава, „вистинска“ (добро де малку фотошопирана) слика на насловна страна на некој таблоид, во која беше прикажан Мајкл Џексон како влегува во продавница со завои на лицето... во еден момент завојот паѓа и се гледа како му се распаѓа лицето... онака, крв на сите страни, како во Франкештајн... убавина...

Се научив да не судам на луѓето за работи што не ги знам. Ја научив основната лекција, дека не мора се да е вистина, затоа што кажале на вести. Незнам што се случило во неговиот приватен живот, не знаете ни вие.

Затоа оладете малку. Оваа тема е за да се искаже респект кон човекот, музичарот, легендата, глобалниот феномен, Мајкл Џексон. Темата се вика „Почивај во мир Мајкл Џексон“. Почекајте некој ден да па отворете тема „Плукај по Мајкл Џексон“, и таму покажете си го целиот примитивизам кој го поседувате. Мали, ситни, смешни човечиња...
 
Ако немате мозок во главите, одете на лечење, или на соодветно место да си го решите проблемот. Човекот уште не е изладен, а овде прочитав коментари од кои ми се згади, и првпат добив желба да нетепам женско до посервачка.
Имајте малце осет. Замина кралот на поп музиката, и голем човек. До сите испрани мозоци и бесчувствителни бича, еве ви ја песнава, слушнете ја, и послушајте го, за подобар живот.

 
Fantom видеото е нешто неверојатно. Едноставно перфектно! Сите што не знаат ја има и Мајка Тереза.

Почивај во мир, великану!
 
Штета. Беше генијален музичар. Почивај во мир.
 
Медиумите го искористија неговиот талент, а на крај го унуштија него како личност. Али, јбг, за нив the show must go on.

Но, и покрај тоа што, повлијаени од масовната мозокоперачка мрежа, повеќето од нас се потсмеваа на се што му се случуваше на Мајл во изминатите години, останува фактот дека беше единствената поп икона која својата слава можеше да ја поткрепи со вистински талент.
Со неговата смрт, умре и цел еден период од историјата.

Нека душата ти најде мир, Мајкл. Нешто што го немаше тука на земјава.
 
Еве некој што пријавил 911 за случајов во брза помош ..

2506200968.jpg

:toe:
 
Не го слушав, ама го почитував.. и ќе го почитувам. R.I.P... :(
 
Лесна ти земја, почивај во мир....дефинитивно, не крал туку ЦАР на поп музиката,слободно можам да речам и пионер кој е уште инспирација на сегашниве музичари и звезди. Мислам дека никој нема да ја достигни неговата слава, ни Елвис, ни Бителси, ни Дип Парпл ни никој...тој го достигна Врвот.....
Мене омилена песна ми беше следнава....
 
R.I.P. Светот загуби огромна ѕвезда! Иако беше контроверзен сепак беше ЦАР и jа правеше наjдобрата музика!
 
Многу, многу ми е жал...
Почивај во Мир, Jacko.

Gone too soon.


 
Нека почива во мир.:(

За сите што не ја слушале или не ја сакале неговата музика или него лично,потсетување дека пред се` и покрај се`,беше човек и никој не заслужува да се плука по него откога ќе умре.

А,сакале признале или не,беше талент кој направи многу за музиката остави печат кој останува долго после неговата смрт.
 
Мајка ми беше најинтересна од се-
станувам рано ,полагав, и по дифолт уклучувам vh1 или mtv и се спремам...доаѓа мајка ми цела возбудена во соба,и ми вика- Слушна ли? Што да слушнам?
А ми беше чудно што во исто време даваа песни од Мајкл и на двете телевизии,но се случувало многу пати-со госпожа Ријана,Мараја Кери,итн итн итн хитчиња....

Починал Мајкл Џексон ! Ај ма жено не ме зафркавај,пуштам Журнал кажува госпожата презентерка,вака и вака,кралот на попот :icon_eek:...
Рачунај,мама врискала на Чолиќ на времето,и може уште го сонува не знам,беше потресена и дојде во соба ми раскажува,од срцев удар,вака,онака...
Мене сеуште не ми се верува,некоја аура има наоколу како Тошка кога умре,само ова е мнооогу пораспространето,на светско ниво.
Одам на youtube,фанови врескаат низ цел свет. Во Париз плоштадот е полн,Лондон фановите ги гушкаат постерите од концертот кој требало да се одржи...На Times Square запрен е сообраќајот и сите подвижни билборди се исполнети со информации за неговиот живот,дело...уф.

Едноставно кога помислуваш на лик од таков калибар,не ти регистрираат рецепторите дека може да умре бре.
За среќа сите се бесмртни. Ќе живее низ песните. Уште многу многу долго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom