- Член од
- 6 август 2011
- Мислења
- 682
- Поени од реакции
- 1.065
- Возраст
- 125
Кој се го има пробано пивото на Темов-Пивница Стар Град? Искрено црното и црвеното иако ги пробав не ми оставија впечаток за да утре се навратам и пак се напијам. Ова беше прилично брзо по промоција па незнам дали е "изгланцано" сега или?
Ништо посебно. Ги имам пробано темното и матното. Матното е како проплакнато, никаква арома ниту блажина, скоро и да не е газирано, мала количина на алкохол. Темното исто, како проплакнато, мала арома на кафе, ама ептен суптилна, никаква блажина. До толку ли е комплицирано да се направи добро пиво бе пичка ли му материна?
Потполно се согласувам, лошо искуство имав во темов околу нова година, не само што не беа вкусни и немаа вкус на пиво туку и лошите мириси.... си ветив самиот на себе дека моја нога таму нигогаш не стапнува, се до пред некоја недела кога бев во мк и бев приморан да отидам атер за пријателот германец кој што целиот живот е во пивската индустрија. Најпрво се обидов да го разубедам да не одиме поради лошиот квалитет на пивата и од страв да не се обрукам, но никако не можев да го избегнам одењето во пивница.Па тоа изгледа како од филџан испиено кафе талогот да го ставиле во пивото. Одвратно нешто.![]()
Најпрво морам да кажам дека и пријатно бев изненаден од пивата,за толку кратко време толку голема промена на квалитет ( секоја чест ) посебно ме израдува и пофалбата на германецот ( не се обрукав ) кој што рече дека пивата можат да се носат со светски брендови.
Има огромна промена и подобрување на пивата, но мислам дека најверојатно имаат донесено мајстор од германија или чешка.
Последно уредено: