- Член од
- 6 август 2011
- Мислења
- 682
- Поени од реакции
- 1.065
Кој се го има пробано пивото на Темов-Пивница Стар Град? Искрено црното и црвеното иако ги пробав не ми оставија впечаток за да утре се навратам и пак се напијам. Ова беше прилично брзо по промоција па незнам дали е "изгланцано" сега или?
Ништо посебно. Ги имам пробано темното и матното. Матното е како проплакнато, никаква арома ниту блажина, скоро и да не е газирано, мала количина на алкохол. Темното исто, како проплакнато, мала арома на кафе, ама ептен суптилна, никаква блажина. До толку ли е комплицирано да се направи добро пиво бе пичка ли му материна?
Потполно се согласувам, лошо искуство имав во темов околу нова година, не само што не беа вкусни и немаа вкус на пиво туку и лошите мириси.... си ветив самиот на себе дека моја нога таму нигогаш не стапнува, се до пред некоја недела кога бев во мк и бев приморан да отидам атер за пријателот германец кој што целиот живот е во пивската индустрија. Најпрво се обидов да го разубедам да не одиме поради лошиот квалитет на пивата и од страв да не се обрукам, но никако не можев да го избегнам одењето во пивница.Па тоа изгледа како од филџан испиено кафе талогот да го ставиле во пивото. Одвратно нешто.
Најпрво морам да кажам дека и пријатно бев изненаден од пивата,за толку кратко време толку голема промена на квалитет ( секоја чест ) посебно ме израдува и пофалбата на германецот ( не се обрукав ) кој што рече дека пивата можат да се носат со светски брендови.
Има огромна промена и подобрување на пивата, но мислам дека најверојатно имаат донесено мајстор од германија или чешка.
Последно уредено: