Го преслушав, го преспав и може да кажам дека ми се допаѓа. Факт е дека фалат некои луѓе и нивните препознатливи звуци но сепак кога ќе почнеш со слушање одма приметуваш дека тоа е тој Пинк Флојд звук. Единствени, институција!
Она кога ти се слуша музика, некоја песна која ќе ти легне на душа и никад нема да ти стане, пошто си заразен недела дена пробуваш од винд оф чејџ на скорпиите, не помага, ја се префрлаш на рејдиохед, гледаш и таму неќе, па идеш на Нирвана, Битлси, Смитси и тоа не помага, па гледаш на хард дискот оти има едно фолдерче, онака заоставено, отвараш и ја гледаш колекцијата на песни од Пинк Флојд, и тоа, само оние легендарните песни, исто како да си ги пронашол зачуваните трагедии на Софокле. Прва на листата е Тајм, онаа која никогаш нема да згасне, песна која е безвременска, нешто кое никогаш нема да се повторни на рок сцената, ма каква рок сцена, нема да се повтори во музиката во наредните 230 милијарди години. Тоа е класика, над класиката на класиките. Пушташ и патуваш, патуваш било каде, со било кој..
Една од моите омилени рок групи, мајстори на музиката омилени песни имам многу од нив, али можам да ги издвојам: Marooned, Echoes, One of These Days, Shine On Your Crazy Diamond, Time, Great Gig in the Sky, Money и многу, многу други. Едноставно најдобри се.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.