Person of Interest

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
@ob1 @bobipp
Пуштај торент одма. Секоја епизода е засебна али не у стил Симпсонс. Си има тек,си има биг пикчр, си има бек стори, си има флешои уназад, си има се. Ако сте глеале Fringe нешо у тој стил е праена,не слична приказна ама таков некој концепт.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.117
Поени од реакции
25.180
Ја изгледав брат. На почеток прва сезона може е малце спора, ама после 3та-4та сезона кога се отвара серијата и кога се развива дејството станува многу добра. Чекам 5та сезона, се надевам дека нема да ја прекинат дека барем ќе ја завршат.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Трета и четврта сезона беа ебење, во еден здив ги изгледав. Како ме извозе серијава. :cuc:
Нешто инфо кога ќе се емитува петта сезона?
Ке има 13 епизоди и ке биде последна сезона,но уште нема инфо кога ке се емитува.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Уууууууууууууууууууууууууф конечно, се сети Џеј Џеј Абрамс дека РЕДНО беше да одреди термин. :D
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:


Изгледа фантастично :cuc:. Криво ми е што е последна сезона, сепак верувам дека ќе завршат во спектакуларен стил. Мада некаде прочитав дека крајот наводно бил отворен (што е и најдобро решение за ваква серија) па ми дава надеж дека некогаш ќе снимат филм, иако шансите за тоа се минимални.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Дефинитивно една од најдобрите серии која некогаш сум ја гледал.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Предобар старт, посебно 5x01 и највеќе 5x02 кои беа :cuc::cuc:, мада и третата беше добра.

Од 5x01 неверојатно ми беше како Самарјанинот против Рут успеа да направи еден вид пропаганда преку социјалните режи за оние луѓе во метрото, стварно фасцинантно:aplauz: . Ама како Рут возврати: :gjavol:



Секако морално-филозофските дилеми и паралели околу луѓето и иднината на AI, нешто што ја прави оваа серија единствена, квалитетна и веројатно една од најдобрите која се емитува во моментот. Флешбекот каде Машината и Финч водат конверзација. :place:



Ама начинот на кој машината "оживеа" преку десетици PlayStation конзоли ми беше отпрвин незамислив, и за неверување. Кога потоа на Твитер го видов ова:
http://phys.org/news/2010-12-air-playstation-3s-supercomputer.html
Навистина браво за замислата (y).

Втората беше нешто предобро, секоја им чест. :cuc: Ептен ми се допадна што целата епизода беше посветена на Машината и нејзиниот ребут. Цело време се однесуваше чудно (кога им ги испомеша идентитетите и оние смешни броеви што им ги даде :LOL:) , дури и тимот го сметаше како закана, што би се рекло го изенесе на површина целиот нивен "прљав веш" но најврвно ми беше тоа што Машината ја врбуваше онаа за да го убие Рис :eek:. Богами со тоа ептен заличи на Самарјанинот. Добро е што фората испадна дека била као изгубена во времето па некако се среди. Сепак на крај еден од броевите не бил безвезен. :(
И супер што се вратија на хуморот кој беше присутен во третата и првата половина од четврта сезона. :aplauz:

Третата за нијанса послаба од првите две, ама сепак драго ми е што бројот беше поврзан со минатото на Рис и случајот со ЦИА и поранешниот шеф беше одлично обработен.

Новото интро: :jeeee:


Утре, т.е. за неколку часа излегува новата епизода каде Шо конечно се враќа и дознаваме што се' се случувало со неа. :vozbud:

https://www.youtube.com/watch?v=O19BC8XNMnY
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
5-тата сезона беше брутална, за два дена е финалето на серијата, а никој не коментира? Well, shame on you Kajgana. :D

Anyway, сега ги надокнадив последниве три епизоди... неверојатно :cuc::cuc::cuc: Посебно 100тата епизода која беше нешто најсовршено досега во POI, такви сцени, емоции... нешто неописливо, епизодата ме скрена. Додека ја гледав конкретно таа епизода се прашував дали е можно нешто вакво да се прикажува во формат на серија и тоа на најобична broadcast телевизија?

Уште од самиот почеток на 100тата епизода од обраќањето на Финч, како и неговиот дијалог со Рут, веќе се виде дека се спрема нешто големо. Рут и Шо моментите во сред акција буквално вонсериски, како и вооружените пресметки со незнам какви не оружја веќе не употребија. :cuc: Уште од првата половина на епизодата кога го убија Елајас, веќе тогаш се осеќав помалку депримиран, за потоа... нешто што најмалку очекував. :eek::eek::place: Уште повеќе се потресов што барем Шо не беше со неа кога тоа се случи. Финчовата трансофрмација и обраќањето кон Самарјанинот :vozbud::cuc: Сцена за ЕМИ номинација на Мајкл Емерсон. Потоа кога на телефонот се јавува Машината со гласот на Рут... без зборови. Всушност таа сцена од тизерот минатата година и од почетокот на сезоната никој не би можел да претпостави дека сето тоа го раскажува Машината.

Веќе претходно во последната сцена од епизодата Sotto Voice тогаш се насетуваше дека можеби им се спрема нешто трагично но јас мислев Фаско ќе страда. А баш во таа епизода Фаско ја дозна целата вистина и го открија оној The Voice од третата сезона (колку обожавам вакви работи во серијата, кога мислиш дека зад себе ќе остави доста неразјаснети прашања и кога по една, некогаш и по две сезони се' се открие (y))

Откритието во претпоследната епизода дека постои и друг Team Machine:vozbud:. Ете ти сега можност за спин-оф.:PAin’t gonna happen, though. :D

И во последната епизода кога имавме можност на моменти да видиме како би изгледал светот и ликовите во алтернативната реалност доколку не би постоела Машината. :vozbud::vozbud: Штета што беше малку брзо и немаше простор подолго време тоа да траеше со оглед на тоа што се на чекор пред крајот. Исто и делот со Фаско и мистеријата околу мртвите тела и тоа доста го збрзаа, а не успеавме да видиме повеќе околу оној агент на Самарјанин кој го изврши тоа. Ама смртта на Грир...:cuc::cuc::LOL: Предобро. Никогаш го немам Грир видено толку нервозен како во оваа епизода.

И на крај Финч сепак го активираше вирусот со кој не само што ќе бидат уништени Машината и Самарјанинот, туку според кажувањата на Машината во претпоследната епизода би можел да предизвика тешки последици од глобални размери. Дали тоа ќе биде така, ќе видиме.

И така за два дена финале, премногу ќе недостига. :( Штета што немаше можност серијата за бар уште една кратка сезона.


За крај, овој долг пост ќе го завршам со 16-те причини зошто Рут ќе остане засекогаш запаметена: :love::place:
http://www.cbs.com/shows/2016-finales/news/sme/476/16-reasons-we-ll-never-stop-rooting-for-root/
 
Последно уредено:

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.043
Поени од реакции
6.070
На 21-ви ќе биде денот кога the new number ќе биде серијава во улога на Victim, додека CBS ќе биде The Perpetrator.


Останува да се види дали омилената „жртва“ ^^ ќе замине славно, или неславно.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.043
Поени од реакции
6.070
Тоа е тоа, да не беа толку лакоми CBS, нормална 5-та сезона ќе изгледавме, а од септември и 6-та ќе чекавме.

Моќна серија, а и добро финале.

За крај, песната која ја заврши 4-тата сезона.
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
3
Поени од реакции
1
Некаде прочитав дека можно е да продолжи на Нетфликс. Fingers crossed. Ми недостига оној воведниот дел: You are being watched...
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.713
Поени од реакции
11.549
S03E02 (Nautilus)



па го даваат у кадар Харолд и после 2 секунди пак враќаат на Шо и ....



:tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom