Не знам што да кажам за серијава.
Од прејака акција у првите 3-4 сезони каде Пики Блајндерс беа улична банда и имаше епски моменти и тепачки, ја префрлија на спора политичка драма каде ние како гледачи апсолутно ништо не видовме.
Приказнава требаше да заврши кога го убија Лука Чангрета, тука акцијата кулминираше и од тогаш навака Томас стана политичар и серијата изгуби на динамика и акција. Исфорсирана сезоната со Освалд Мозли кога не знаеја како да ја финишираат и ја оставија така отворена. За во следнава, 6та, да ги глеаме нив како вишок ликови. Зборам за Мозли, Џина и Мајкл. Никаков фактор и никаков битен дел од приказната. Иако последниве 10 минути од S6EP6 видовме дека имаа и они своја перфидна игра, мада тоа беше јасно и отворено уште од самиот старт. Добар пресврт морам да признаам. Ама и ме нервира пошто остава простор за продолжување на приказната. Мајкл заврши, Алфи Соломонс моментално е победникот ама остана отворено прашањето што е со Освалд Мозли и Џина, да не заборавиме на отворената закана од Мозли кон Томас како и пресвртот со докторот што го видовме на крај.
Смртта на Хелен МекРори секако ги пресече малце ама не верувам дека и она би имала некоја забележителна улога во последнава 6та сезона. Поли беше на маргините и во претпоследната сезона. Чим Артур беше тотално вишок лик сезонава, што останува за Поли. Иако, рака на срце Поли во целокупниот приказ на серијава имаше побитна улога од Артур кој беше јак само за бесни сцени и тепачки. Фин го немаше 4 епизоди од последнава сезона.
Скроз некако ги лимитираа оние ликови кои беа споредни а сепак присутни, Џони Догс, Чарли Стронг, Крли, Џеремаја, син му и тн. Приказната ептен се централизираше на Томас, повеќе време се посветува на тие спори сцени, влезови, песни, интра, муабети отколку на прикаската. Ме замара малце таа темна и магловита атмосфера каде ништо не се гледа. Сфаќам дека е скап сиџиај-от ама ме боли кур нивен проблем е тоа.
Најавен е филм, не знам, ова иде на штанцање на пари само и ништо друго, ќе упропастат све ако продолжат да снимаат Пики Блајндерс и понатаму. А апла се гледа дека оставаат простор. На страна ова погоре што го спомнав, како интересен момент се наметнува и братскиот дуел измеѓу Чарли и Дјук. Кај малиот јасно се виде љубомората кога Томас му шепкаше нешто на Дјук во сцената каде се збогуваше со сите.
Се надевам Артур не избрза со стигнувањето на Томи и на време стигна веста дека Томас Шелби ќе умре само кога Томас Шелби ќе одлучи така.