Од серии што јас ги имам гледано, два лика мислам (за мој вкус) се недопирливи во поглед на прогресија на лик и изведба. Рагнар од Vikings и Томас Шелби од Peaky Blinders (или како нашиве ги преведуваат Жилетите од Бирмингем). Почесно место има Џекс Телер од Sons of Anarchy и Утред од The Last Kingdom (кој, ако продолжат да ја градат серијата вака како што тргнале може и да ми стане еден од најомилените).
Прегледај го приврзокот 221822
Кога ќе споите брилијантен ум како што е креаторот Стивен Најт и исто толку брилијантниот Килијан Марфи се добива еден така добро оформен лик, што импресионира. Серијава се воздигна до културен феномен, но без да звучам арогантно, мислам дека тоа се должи за жал на публика која Томас Шелби го сфаќа како „јакиот мафијаш“ и сака да го копира стилот на серијата во секојдневието (фактот што модни линии се направија инспирирани токму од серијава зборува нешто).
Зошто е Томас толку брилијантно изграден лик? Уште во почетната епизода Томас има еден интересен разговор со својот брат Артур кој му замерува за постапките, на што тој му вели: Јас мислам, за да не мислиш ти. Томас размислува стратешки, многу чекори понапред од останатите, а дури и кога тоа не му поаѓа од рака, умее да извади некој ас од ракавот. Но, серијата не дозволува секогаш да го гледате како крал, бидејќи реално во таа констелација и тој добива силни удари. Прогресијата е многу добро видлива низ сезоните: момчето со PTSD од долниот слој, станува врвен криминалец, а потоа и политичар. Има тука ми се чини една зајадливост, што е многу итро поставена.
Килијан е друго ниво на актер, а тоа ќе го согледате, ако гледате било кое интервју со него. Човекот е тотално отсутен на тие интервјуа, воопшто не ги сака во суштина и е една повлечена личност која не сака да има ништо со славата. Погледнете го потоа Томас Шелби и имате прилика да видите што значи да се биде актер. Промената во гласот, движењето на телото, тикови и гримаси, тој владее во сцените. И нема премногу текст, доволни се манирите и неколку зборови за да се пренесе моќта.
Имам неколку посебно омилени сцени, како што е токму првата во која оди на претскажување за да ги навлече другите да се обложуваат на одреден коњ, моментот кога буквално му го копаат гробот и немаш поим како ќе се спаси и соочувањето со Лука Чангрета (Адријан Броди, капа долу)
Несомнено, Стивен Најт има талент да препознае талент, но и да создаде приказна. Деталите во серијата го покажуваат тоа. Не верувам дека квалитетот на серијата ќе падне, тој има замисла до каде ќе тера овој лик и искрено едвај чекам да го видам тоа, а исто така и изведбата на Марфи секогаш ќе биде на ниво.
Оваа серија има и една друга многу силна страна, а тоа се одлично изградените женски ликови, во кои секако се истакнува Поли Греј. Таа дава така добра рамнотежа во нешто во што доминираат мажи, што не можете, а да не ја сакате. Тука се и Ејда и Лизи.
Топло им ја препорачувам серијава на сите, а особено не сум погрешила во една проценка, буквално на сите што ги знам што ја гледале Sons of Anarchy, им се допаѓа оваа серија. Ако раскажеш дејство, може некој првично ќе рече каква врска има моторџиска банда, со криминална група од Бирмингем? Но, има многу заеднички точки: од позицијата на анти-херој, потребата постојано да се биде лидер, иако е тешка задача, губењето на блиски личности како еден вид казна за животот што се води, танц со опасни личности итн. Има тука нешто