T
Torchyrus
Гостин
http://www.imdb.com/title/tt2442560/
Вечерва случајно ја најдов серијава и само што изгледав две епизоди и посебно ми се допаднаа. Ме зачуди тоа дека нема отворено тема, мислам дека заслужува. Исто така и на фејсбук е многу слаба со лајкови.
Оценката на Imdb од околу 25 000 e солидна 8.8 и јас би и дал одприлика исто толку. Досега има две сезони по 6 епизоди, а годинава се очекува уште една.
Во главна улога како Thomas Shelby се појавува Cillian Murphy добро познат од The Dark Knight, Batman Begins, Transcendence, In Time итн... тука исто така се и Sam Neill, Paul Anderson, а веќе во втора сезона се појавува и Tom Hardy кој го интересира повеќе може да си прочита.
На кратко за дејствието во серијата според тоа колку успав да сфатам во првите две епизоди.
Се одвива во 1919 година во Бирмингем таму царува фамилијата Shelby со коцкарскиот бизнис т.с поточно тие се кладилничари и сите во градот гледаат со почит кон нив, исто така што е и очекувано од една таква фамилија прават матни зделки, а во една од нив од одреден склад треба да се украдат некои мотори кои треба да се продадат и да се заработи на нив. Луѓето пратени од главата на фамилијата Томас Шелби ( не и најстариот член ) се опиваат и по грешка крадат вредно оружје кое е во сопственост на државата и треба да се прати во Либија. За тоа е информиран и директно засегнат Черчил кој го назначува инспекторот Честер да оди во Бирмингем да открие кој го украл оружјето и да го врати назад каде што припаѓа без за тоа да биде информирана јавноста. Инспекторот има одередени осомничени за грабежот меѓу кои е и фамилијата Шелби. Мислам дека доволно напишав и открив за да ве заинтересира да ја гледате, а тие што веќе ја гледаат или сте ја изгледале може тука да се продискутира нешто па се надевам дека нема да биде темава за џабе.
п.с Се надевам дека е океј напишано со оглед на тоа прв пат отварам ваква тема за серија