PayPal (официјална тема)

Член од
5 август 2016
Мислења
258
Поени од реакции
162
Здраво, имам неколкупрашање во врска со целава збрка околу македонскиот и словенскиот paypal. Прво, дали уште функционира целата шема со Visa Electron и тутунска банка? Второ, доколку не, има ли некој друг начин да се заобиколи македонскиот paypal и да се примаат средства? Некои страни (како на пример getAbstract и Dame) плаќаат само преку paypall.
Please help, фала однапред.
Не постое тоа со Visa Electron..
На Македонски Пеј Пал неможе да се примат сретства.. Најубаво е да си направеш Бугарски
 
Член од
21 август 2015
Мислења
70
Поени од реакции
28
Здраво, имам неколкупрашање во врска со целава збрка околу македонскиот и словенскиот paypal. Прво, дали уште функционира целата шема со Visa Electron и тутунска банка? Второ, доколку не, има ли некој друг начин да се заобиколи македонскиот paypal и да се примаат средства? Некои страни (како на пример getAbstract и Dame) плаќаат само преку paypall.
Please help, фала однапред.
Постои и си функционира најнормално.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
5.971
Поени од реакции
3.729
We can't send your payments right now. If the problem continues please contact Customer Support.

Што значи ова, цело време ми го јавува, сакам да пратам пари на 1 маил адреса, ама цело време текстот погоре ми го појавува.
 
Македонски е пеј пало?
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.092
Поени од реакции
506
Затоа неможеш, од Македонски пеј пал неможе да се праќат пари и да се примат
Неможе да се примаат, да се праќаат може. Како иначе би платил (пратил) на нешто кога ќе нарачаш од ибеј рецимо?

Сигурно е некој привремен проблем, доколку не ти се среди исконтактирај ги.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
258
Поени од реакции
162
Неможе да се примаат, да се праќаат може. Како иначе би платил (пратил) на нешто кога ќе нарачаш од ибеј рецимо?

Сигурно е некој привремен проблем, доколку не ти се среди исконтактирај ги.
Грешка пишав дека неможе да се праќат..
Неможат да ти праќат на тебе, а ти можеш
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.377
Поени од реакции
15.002
200 и кусур страни, да не ги листам сите, ќе си прашам. Дали има начин да отворам пејпел сметка во Шведска и парите да ги префрлам директно на сметка на некоја банка во Македонија?
 
D

Darko_ufo

Гостин

Мислам дека од PayPal можеш само на PayPal да праќаш пари и после тие пари се повелкуваат на сметка во банката со кој е поврзан PayPal, е сеа дека во Македонија не може да се примаат пари на PayPal мислам дека не можеш да го направиш тоа што сакаш.
 
Член од
12 јуни 2010
Мислења
198
Поени од реакции
61
Дали има некој заинтересиран да мењаме paypal за skrili/neteller јас праќам на пејпал, а тој на мене скрилл или нетелер, може и на трансакциска
 
Член од
21 август 2015
Мислења
70
Поени од реакции
28
Денес ми стигна поракава:
We are sending you this notice because you have received more than
$1,918.52 USD in total payments to your PayPal account.

EU regulations require that we collect and confirm some of your account
information by 4/12/2017 to lift the receiving limits on your account.
Прашањето ми е, што ќе се случи ако не поднесам документи, а истече рокот без да го надминам лимитот од $2500? PayPal-от ми е словенски, се разбира.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.247
Поени од реакции
7.166

Ако ја надминеш годишната граница, нема да можеш да подигнуваш пари до тој датум - 12 април 2017, или 4 декември 2017, го мразам тој американски календар, мораш да се надеваш една од бројките да биде поголема од 12 за да знаеш која бројка го означува денот, а која бројка го означува месецот.

Мораш да им испратиш дигитална фотокопија од словенечка возачка дозвола или лична карта, секако дека не можеш да им испратиш дигитална фотокопија од македонска возачка дозвола или лична карта.
 
Член од
16 јули 2016
Мислења
30
Поени од реакции
7
Еве и јас да се приклучам на темата со некои подпрашања за да знам како да постапувам :), а почетник сум во ова....ги читав постовите за пајонир и пејпал ама незнам сега дали има некои измени па затоа сакам да се осигурам....Почнав и јас да работам на Апворк, и ми легнаа првите пари на пајонир....значи одма ми одбија при првиов трансфер 30 долари за самата картица.Прашања:

1. На кој банкомат е најдобро да се повлекуваат пари и колку се провизиите, како и конверзија долар-денар?

2. Дали е паметно да се повлекуваат воопшто на банкомат или да се купува со неа по продавници? Во тој случај ваљда нема да има провизија, незнам.

3. Може ли слободно да се купува и во Грција да речеме со картицата?

4. И последно, нели е попаметно да се договорам јас со типов што работам директно да ме плаќа преку пејпал ( па боље да плаќам 10% данок кај нас одколку20% на Апворк и плус 10% данок?) Ама има тука и ризик ако директно си се договориме ние со типот, па и да ме извиси некад-тогаш Апворк не стои позади мене.

5. И сеа се сетив исто дека пишуваше по постовиве дека со пејпал можеш ти да плаќаш, ама неможат други да ти плаќаат преку пејпал. Јас денеска извадив виза интернет картица преку прокредит ама не сум ја врзала уште со акаунтот-не ми дозволи најверојатно дека е празна-си префрлив 100 денара па чекам да се изврши трансакцијата па ќе пробам пак.

Ама отупев, знам, ама ај ваљда ќе се најде некој трпелив да исчита све и да ме удостои со одговор....Минатата недела ми беше првапрвапрва работа на Апвор евер па малку сум збунка!!!

Фала ви однапред на тие што ќе ми одговорат.
 
Член од
18 август 2011
Мислења
56
Поени од реакции
11

Здраво, значи за вадење преку пајонир од Апворк не користам, но користам skrill.com поврзана со мојата виза картица. Парите ми стигаат на смета 2-5 дена откако ќе ги извадам преку апворк и скрил. За пајонир користам од друг клиент, надвор од Апворк. За активација зема 30долари...Но подобро е затоа што веднаш штом ќе ги повлечеш парите на пајонир во рок од 2-3 саата можеш да ги извадиш од најблискиот банкомат. Е сега, кој банкомат е најдобар незнам, но мислам дека сите земаат иста провизија. Јас вадам преку уни банка и ми зема околу 200 денара провизија.

- Ти можеш да се договориш со типот да ти ги праќа право на пејпал. ( мојот пејпал е поврзан со пајонир картицата ) Но во денешно време не ти препорачувам така да се договоруваш, бидејќи може слободно да те откачи и да не ти плати :) Апворк ти зема 20 проценти данок, но ти гарантира кога ќе биде завршена работата парите ќе ти легнат на сметка. Исто, за информација ако ти е работата со клиентот 500+долара тогаш данокот ти е 10 проценти итн...
...Јас ти препорачувам да си ги вадиш преку скрил, чекам 1 недела додека стигнат парите, но така ми е посигурно....но истотака и ќе плаќаш персоналец на крајот од годината а со пајонир мислам дека данокот се избегнува...
 
На врв Bottom