Еве и јас да се приклучам на темата со некои подпрашања за да знам како да постапувам , а почетник сум во ова....ги читав постовите за пајонир и пејпал ама незнам сега дали има некои измени па затоа сакам да се осигурам....Почнав и јас да работам на Апворк, и ми легнаа првите пари на пајонир....значи одма ми одбија при првиов трансфер 30 долари за самата картица.Прашања:
1. На кој банкомат е најдобро да се повлекуваат пари и колку се провизиите, како и конверзија долар-денар?
2. Дали е паметно да се повлекуваат воопшто на банкомат или да се купува со неа по продавници? Во тој случај ваљда нема да има провизија, незнам.
3. Може ли слободно да се купува и во Грција да речеме со картицата?
4. И последно, нели е попаметно да се договорам јас со типов што работам директно да ме плаќа преку пејпал ( па боље да плаќам 10% данок кај нас одколку20% на Апворк и плус 10% данок?) Ама има тука и ризик ако директно си се договориме ние со типот, па и да ме извиси некад-тогаш Апворк не стои позади мене.
5. И сеа се сетив исто дека пишуваше по постовиве дека со пејпал можеш ти да плаќаш, ама неможат други да ти плаќаат преку пејпал. Јас денеска извадив виза интернет картица преку прокредит ама не сум ја врзала уште со акаунтот-не ми дозволи најверојатно дека е празна-си префрлив 100 денара па чекам да се изврши трансакцијата па ќе пробам пак.
Ама отупев, знам, ама ај ваљда ќе се најде некој трпелив да исчита све и да ме удостои со одговор....Минатата недела ми беше првапрвапрва работа на Апвор евер па малку сум збунка!!!
Фала ви однапред на тие што ќе ми одговорат.
Здраво, значи за вадење преку пајонир од Апворк не користам, но користам skrill.com поврзана со мојата виза картица. Парите ми стигаат на смета 2-5 дена откако ќе ги извадам преку апворк и скрил. За пајонир користам од друг клиент, надвор од Апворк. За активација зема 30долари...Но подобро е затоа што веднаш штом ќе ги повлечеш парите на пајонир во рок од 2-3 саата можеш да ги извадиш од најблискиот банкомат. Е сега, кој банкомат е најдобар незнам, но мислам дека сите земаат иста провизија. Јас вадам преку уни банка и ми зема околу 200 денара провизија.
- Ти можеш да се договориш со типот да ти ги праќа право на пејпал. ( мојот пејпал е поврзан со пајонир картицата ) Но во денешно време не ти препорачувам така да се договоруваш, бидејќи може слободно да те откачи и да не ти плати
Апворк ти зема 20 проценти данок, но ти гарантира кога ќе биде завршена работата парите ќе ти легнат на сметка. Исто, за информација ако ти е работата со клиентот 500+долара тогаш данокот ти е 10 проценти итн...
...Јас ти препорачувам да си ги вадиш преку скрил, чекам 1 недела додека стигнат парите, но така ми е посигурно....но истотака и ќе плаќаш персоналец на крајот од годината а со пајонир мислам дека данокот се избегнува...