Здраво, имам прашање во врска со еден проблем, ако може некој да ми одговори и да ме упати. Имам регистриран и верифициран словенски Пејпал акаунт. Се обидев да додадам втора имејл адреса, и кога кликнав таа да се верифицира, ми се појави известување дека Пејпал препознал логирање од нова локација и по неколку безуспешни обиди да се потврди бројот, бидејќи единствениот број што при отворањето на Пејпал акаунтот можев да го внесам беше број на фиксен телефон, сега ми се заклучи акаунтот. Пробав да ги контактирам преку мејл и ми бара прво да се логирам на Пејпал, ама секој пат кога ќе се обидам, акаунтот е заклучен и никако не можам да ги контактирам, а за поддршка даваат телефонски број од Словенија. Дали имал некој такво искуство и дали знае некое чаре како во овој случај може да се реши проблемот, или повеќе нема да можам да се логирам и да си го користам Пејпал акаунтот. Благодарам.