Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.761
- Поени од реакции
- 7.593
Македонија е мала економија за PayPal, вели ИТ министерот Ивановски Интервјуа, ИТ.МК
Објавено на 17 апр 2013, 14:42од IT.com.mk
PayPal наводно требало да биде во Македонија уште во 2008-ма година. Но кризата, несоодветните системи и, пред се, малата економија во земјата, го држат финансискиот сервис надвор од земјата, вели министерот за информатичко општество Иво Ивановски во интервју за Јади Бурек. Г. Ивановски повтори дека Македонија сменила многу закони за да обезбеди PayPal да влезе во Македонија, но интересно, ова е прв пат што го слушаме да потенцира дека малата е-трговија е клучна зошто овој сервис не сака да се замара со Македонија. Во регионот сервисот oд неодамна е достапен во Србија, како и во Босна и Херцеговина, Хрватска и Aлбанија.
ИТ министерот се обиде и да потенцира дека ете имало кредитни картички, па порталите ги прифаќаат и дека се работи „се во интерес да се зголеми трговијата“, иако таа всушност стагнира според статистиките. Лошата вест, вели ИТ министерот, е PayPal нема да дојде наскоро. Добрата вест, како до сега, е дека сме им во плановите.
http://grid.mk/read/news/504836212/2554110/makedonija-e-mala-ekonomija-za-paypal-prizna-it-ministerot-ivanovski
П.С.
Сент Винсент и Гренадите имаат ПејПал.Островите Питкарин имаат ПејПал.
Слушнал некој за овие земји?