Once Upon a Time

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Ја споредуваат со LOST? :pos: :pos: :pos:

Генерално гледано вреди серијава, или да почнам да гледам нешто како Chuck/Fringe?

Ако си љубител на детски бајки модифицирани во еден склоп со цел да се направи една приказна која е подпросечна прoпратена со 80% дебилни и наивни сцени во стил на "thank you captain obvious" и слични аматерски идиотизми, а мистеријата што да ти кажам... едноставно не можам да дочекам нова епизода :facepalm:... од тие 13/14 епизоди што ги изгледав само една вредеше, преку сила една ипол другиве ги преспав, ми се смачи и отидоа сите под опцијата shift+delete. Не гледам Fringe ама можам да ти кажам дека трејлерот само е подобар од која и да било епизода на OUT.
 
Ок, избришано од watchlist :)
Човек треба нешто сам да го види и да пресуди дали истото му се допаѓа или не. Не треба да слушаш мислења од други членови (без разлика колку го цениш или не го цениш истиот).
 
Човек треба нешто сам да го види и да пресуди дали истото му се допаѓа или не. Не треба да слушаш мислења од други членови (без разлика колку го цениш или не го цениш истиот).
Имам круг на луѓе од доверба :) VLJ и Фил Ајви ми доловија за каков тип на серија се работи. Можеби е добра, само не е мој тип. Мене ме интересираше дали има врска со LOST пошто читав некои коментари по нет.
 
Ја споредуваат со LOST? :pos: :pos: :pos:

Ако си љубител на детски бајки модифицирани во еден склоп со цел да се направи една приказна која е подпросечна прoпратена со 80% дебилни и наивни сцени во стил на "thank you captain obvious" и слични аматерски идиотизми, а мистеријата што да ти кажам... едноставно не можам да дочекам нова епизода :facepalm:... од тие 13/14 епизоди што ги изгледав само една вредеше, преку сила една ипол другиве ги преспав, ми се смачи и отидоа сите под опцијата shift+delete. Не гледам Fringe ама можам да ти кажам дека трејлерот само е подобар од која и да било епизода на OUT.
Леле како сум се изнасмеала на споредбата на серијава со Лост.:pos:
Не можам да си поверувам уште.:tapp:
Се согласувам со коментаров, оваа е една така дебилна серија што не знам што да кажам. Само Рамплстилтскин вредеше како лик и толку. Поготово кога црвенкапа испадна дека е и врколак.:rolleyes:
You get the idea.
 
Иииии толку и од мене.
Сакав да ја гледам. Сакав.
Ама изгледа дека има премногу дебилни дијалози.
(За споредба: Колку помалку дебилни дијалози има серијава во споредба со Токио Дрифт?)
 
Мислам дека серијата е ок и вреди да се гледа. Некои детали од бајките се многу добро објаснати :) а незнам зошто воопшто ја споредувате со lost кога двете серии се сосема различни и поглед на приказната немаат никаква допирна точка.
 
tumblr_m85gd9LwUx1rtkvgdo2_500.jpg

Врати се бе. Врати се. :( :( :(
Не знам шо им беше филмот шо направија тоа што го направија уште во седма епизода, ама не им чинеше. Многу е празна серијата без него, неговата брада и тој негов прекрасен ирски акцент.
Come back. Come back to us...:(
Толку муабети дека во последната епизода ќе се врати... и шо? Цели 15 секунди го имаше во епизодата.:cautious:
Ех, колку се нервирам кога во серија нема да ми излезат паровите како шо треба...:icon_mrgr:

Иначе нови ликови ќе има од наредната сезона... како на пример: Капетан Кука. :)
 
Иако објективно серијава не е квалитетна, ликовите се ко извадени од калап , приказните предвидиви и провидни, а пак ефектите :facepalm: ... ја и давам субјективна десетка.

Малце ја разводенија серијата, не ми се допаѓа текот по кој што оди...(n)

Последниве две епизоди ја враќаат приказната на вистинскиот пат (y)
Инаку според мене досега најголема грешка беше вметнувањето на Франкенштајн и Мулан, ок ај Мулан нека помине, ама на Франкенштајн едноставно не му е таму местото .. треба да се држат до популарните западни бајки и светот на Грим , Андерсен , 1001 ноќ, не им се потребни излети во хорор ниту било кој друг жанр.
 
Не дека е серијава нешто ептен посебно, далеку е од прва класа, ама сепак, кога ти е досадно може да се гледа. Инаку, за оние што ги изгледале првите две сезони - почна трета сезона, 4 епизоди се веќе испаднати. Ќе почекам уште малку па ќе ги изгледам сите од трета сезона наеднаш.
 
Според мене комплетно ја упропастија, ама комплетно. Правата беше навистина интересна сезона, после втората почна да оди надоле и се повеќе и повеќе се движи по таа насока.
 
Јас ја симнав прва сезона денес.
Ја знаев од порано серијава, знам дека е до пола од трета сезона, али други си гледав, сега сум некако без серија за гледање и оваа ми се виде интересна.

Не дека сакам нешто фантазии и такви ефекти (не сакам!), али дека се работи за приказните, мислам дека ќе биде ок. :)
 
Прва сезона е ОК. Натаму е само тупење... Јас ја прекинав по само 3 епизоди од третава сезона. Што знам, може ќе продолжам некогаш, сега за сега е на standby.
 
Прва сезона е ОК. Натаму е само тупење... Јас ја прекинав по само 3 епизоди од третава сезона. Што знам, може ќе продолжам некогаш, сега за сега е на standby.

Цимерка ми пак ми кажуваше дека прва била онака, а втората и била многу поинтересна.
Не знам, ќе почнам да ја гледам, па ќе си кажам и јас мислење. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom