Once Upon a Time

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене цело време се врти во круг, се откриваат нови работи, али никако никој да се сети што се случило за да тргне напред.
Има и дебилни моменти, навистина, но за тепање време е добра.
Штом си ја прекинал, ич не ни почнувај, ќе испадне да ја гледаш ради реда.
Значи не сум згрешил. Претераа со сериите каде има мистерии колку ради реда (или беше реда ради?). Не дека планираат да одговорат нешто на крајот. Ова сето започна со Lost.
 
Значи не сум згрешил. Претераа со сериите каде има мистерии колку ради реда (или беше реда ради?). Не дека планираат да одговорат нешто на крајот. Ова сето започна со Lost.

Па креаторите на оваа се истите креатори на Lost, затоа...ваљда тој им е принципот. :)

Инаку мене ми се допадна ептен. Ама ептен. Се испозанесов по серијата, да не кажам се заљубив...:icon_mrgr:

Не сум тип што сака ептен фантазии, ама во оваа се заљубив, можеби затоа што длабоко во себе се уште сум девојчето што ги љуби и заспива со бајките и цртаните на Дизни.:love:

Како можеше таа глупача да му здроби срцето на шерифот? Какоо...:cautious: :place: А бе, не е фер... :( Шо убав пар си се со Ема... :oops: Иначе ќе го вратат сега во финалето на сезоната, така прочитав... Дај Боже.(y) Ама само таа епизода.:unsure: (сега за сега) Не можам потресена сум ептен, дека сега ја гледав, пред два дена. Не им требаше тоа, според мене, препаднаа поштен народ.:rolleyes:
 
серијава продолжив да ја следам САМО поради

tumblr_lvx060SVIP1r1pg53o1_500.png



единствено епидодата која е посветена на него вреди ништо, другите се :гомце:
 
И мене ми беше омилен лик Рампелстилтскин, иако на почетокот не ми текнуваше од која бајка е. Во секој случај, интересна е темата на серијата, до сега невидено нешто. Особено за луѓето-носталгичари по бајките од детството, како Crazy. :)
 
Интересна е серијата. Јас сум зависник од бајките на браќата Грим и Ханс Кристијан Андерсен, па можеби токму затоа ми се допаѓа :)
 
И мене ми беше омилен лик Рампелстилтскин, иако на почетокот не ми текнуваше од која бајка е. Во секој случај, интересна е темата на серијата, до сега невидено нешто. Особено за луѓето-носталгичари по бајките од детството, како Crazy. :)

Уффффф ме задума. Од која е?
 
Јас пак сум ептееен по sci-fi/fantasy и по мистериите така да уште по првата епизода се вљубив во серијава. Интересна е, а спојот на реалноста и бајките им е совршен. Плус не е ептен како бајка со среќни краеви за сите, на моменти е многу брутална, што исто така ми се допаѓа. А и мене ме навраќа во детсвото кога секој ден ги препрочитував бајките од Браќата Грим. Сега останува само да се чека до понеделник за нова епизода.
 
I will find her. I will always find her. Ааааааааа пола саат не можев да престанам да плачам. :place:
 
Хах, не очекував волку брз расплет, мислев ќе ја влечат уште... тоа да ти било последна епизода од прва сезона :)
Јака епизода и солиден крај.

Се на се, сезонава имаше досадни, имаше интересни епизоди.. голем број на интересни/лајкабл ликови.
 
Зошто ја споредуваат со LOST?
Вреди да се гледа?
 
Зошто ја споредуваат со LOST?
Вреди да се гледа?
Најверојатно зашто е замрсена и нема шанси да ги разрешат сите мистерии. Ги гледав првите седум епизоди, ама ептен се заплеткаа и плус серијата е премногу sugarcoated за мој вкус.
 
Ех сега мислењата се поделени , незнам дали да ја симнам. Генерално гледано вреди серијава, или да почнам да гледам нешто како Chuck/Fringe?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom