Од јуни 2013, само дигитална телевизија во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Некоја нова информација во врска темава ? :) Замре некако..
Па секоја тв треба да му плати на ОНЕ 100.000 евра годишно за да биде реемитувана дигитално...што значи дека некој дел од тв ќе згаснат.
 
Па секоја тв треба да му плати на ОНЕ 100.000 евра годишно за да биде реемитувана дигитално...што значи дека некој дел од тв ќе згаснат.
Мислам само националните треба толку да платат,локалните околу 20.000 мислам требаше да платат.Сега чекаме да ги пуштат дигитално да не чекаме до последен ден да ги пуштат дигитално.
 
А ресивери за постари телевизори има некаде, ако има дајте линк нешто ова она.
 
Вчера имаше интервју со претставник на one,зборвеше баш на оваа тема,на вестите на Алфа,ама на крајот се вклучив,па баш и не разбрав многу...ако можит некој да го најт видеото од вчерашните вести нек го прикачит линкот...
 
Мислам дека темава ќе биде на место,ме интересира кој канали и каде емитуваат во двб-т слободен сигнал низ Македонијава ???
каде може да се најде двб-т ресивер ... дали сигнал е доволно јак сегде низ мк .. и дали од комшиите мислам на грција има нешто што се прима и во погранична јужна Македонија :)

она подолу за Boom TV може да оди како за дигитален пакет ..pay Tv а ова да е општо за сигнал ресивери и останато за Македонија ДВБ-Т
 
Браво за темава и мене ме интересира ова, па ајде споделете ваши искуства, јас моментално немам антена па неможам да проверам.
 
Ако станува збор за национална телевизија, како МРТВ, Сител, Канал 5 или Телма, кои се достапни на целата територија на Република Македонија преку обична собна антена, единствено е потребен LCD или плазма телевизор кој има сопствен DVB-T декодер, односно DVB-T поддршка.

Речиси сите најнови LCD и плазма телевизори доаѓаат со сопствен DVB-T декодер, односно со DVB-T поддршка.

Но тие кои користат телевизори кои немаат сопствен DVB-T декодер, односно немаат DVB-T поддршка, ќе можат да купат DVB-T рисивери, но не знам дали тоа ќе го нуди Совет за радиодифузија или Македонска радиодифузија.

Не знам за пограничните дигитални ТВ канали, но знам дека од македонските национални телевизии, засега само МРТВ емитува дигитален сигнал и во обичен формат и во HD (High Definition) формат во Скопје и во некои други делови од Македонија, го имам видено кај пријател кој има LCD телевизор со сопствен DVB-T декодер, односно DVB-T поддршка, сликата и звукот се одлични.

Истиот тој пријател со собната антена го фаќа и сигналот на Боом ТВ, бидејќи нивните безжични предаватели емитуваат DVB-T сигнал, но бидејќи тој нема картичка со кодови за декодирање на дигиталните ТВ канали на Боом ТВ, од сите канали кои ги нуди Боом ТВ во својата понуда, само ТВ каналите на МРТВ се бесплатно достапни бидејќи МРТВ е државна телевизија, финансирана со народни пари, поради што пристапот до нејзините ТВ канали мора да биде бесплатен на целата територија на Република Македонија.
 
Браво за темава и мене ме интересира ова, па ајде споделете ваши искуства, јас моментално немам антена па неможам да проверам.
Веќе има ваква тема година и кусур ама коj да види... „Од jуни 2013, само дигитална телевизиjа во Македониjа“ Само малку скролање подолу ве дели од истата
 
може некој да каже во кои реони од Македонија МРТВ,КАНАЛ 5 И ТЕЛМА се достапни во ФТА верзија на dvb-t ...kolku za majtap...денес на led tv so dvb-t приемник ставив обичен антенски кабел кој на долниот дел е со конектор за антенски приклучок и замислете од прва скенирав 15-тина канали од Boom tv platformata..штета што сите се кодирани па немам шанса да видам квалитет на слика но ова значи дека сепак нешто се дешава...
еве и карта на пориеност на двб-т сигнал од boom tv

http://boomtv.mk/pomosh/mapa-na-pokrienost
 
може некој да каже во кои реони од Македонија МРТВ,КАНАЛ 5 И ТЕЛМА се достапни во ФТА верзија на dvb-t ...kolku za majtap...денес на led tv so dvb-t приемник ставив обичен антенски кабел кој на долниот дел е со конектор за антенски приклучок и замислете од прва скенирав 15-тина канали од Boom tv platformata..штета што сите се кодирани па немам шанса да видам квалитет на слика но ова значи дека сепак нешто се дешава...
еве и карта на пориеност на двб-т сигнал од boom tv

http://boomtv.mk/pomosh/mapa-na-pokrienost
Со собна антена не можиш да ги фатиш овие дигиталните што се оригиналот
јас со собна фаќам само 2 од 3те мултиплекси на Боом
а во оклолината на Битола сигурно се фачаат и некои Грчки(имаат доста јаки предаватели..државните Грчки телевизии т.е нивните аналогни канали се примаат дури подобро од МТВ) дигитални меѓутоа немам пробано не можам да си ја оспособам големата антена што ми е над куќа
инаку сеуште не е дигитализиран предавателот Пелистер...ако се среди тој тогаш 1/4 од територијата на РМ се покрива со дигитален сигнал
 
so sobna antena imam prijatel koj boom tv so resiverot dvb-t gi faka site paketi na boom tv,sho ke rece bi trebalo da faka i nesto od komshiite..posto kako so rece analognata tv mu e so jak signal...
mene me interesira dali za dvb-t treba striktno nasocuvanje kon predavatelot ili...? za da se dobie slika
 
so sobna antena imam prijatel koj boom tv so resiverot dvb-t gi faka site paketi na boom tv,sho ke rece bi trebalo da faka i nesto od komshiite..posto kako so rece analognata tv mu e so jak signal...
mene me interesira dali za dvb-t treba striktno nasocuvanje kon predavatelot ili...? za da se dobie slika
Нема потреба да ја насочуваш антената кон предавателот ова го зборам за Скопје за другите градови незнам .Сите канали на БООМ Тв ,МРТ. Канал 5 и Телма се факаат без антена само со едно обично кабелче
 
Некој да не знае дали порано ќе ги пуштат другиве канали,освен оние на МТВ,Канал 5 и Телма?
 
Некој да не знае дали порано ќе ги пуштат другиве канали,освен оние на МТВ,Канал 5 и Телма?
на нив додај ги сител и алсат, само тие имаат обврска да ги пуштат...другите не се национлани
 
ОНЕ подготвени да ја дигитализираат Македонија од први јуни

На први јуни 2013 во Македонија ќе престане да се емитува аналогниот сигнал и телевизиските програмите ќе се емитуваат дигитално. За таа цел, Агенцијата за електронски комуникации спроведе тендер за доделување радиофрекфенции за дигитална телевизија.
Тендерот го доби телекомуникацискиот оператор ОНЕ и од септември 2012 започна со подготовки за спроведување на процесот на дигитализација во земјава, на околу 20 отсто од населението кое гледа телевизија преку антена.
Националните и регионалните телевизии на ОНЕ за емитување на нивните програми на годишно ниво ќе треба да платат околу 185.000 евра (националните) и 24.000 евра( регионалните) на годишно ниво.
“Телевизиите им плаќаат на ОНЕ а ние ќе се погрижиме за се’, како за одржување на опремата и се останато, а корисниците сето тоа ќе го добијат бесплатно само треба да поседуваат соодветна опрема односно да купат set up box, или да имаат нов телевизор кој има ваков вграден дигитален приемник. За ова е пожелно да имаат и надворешна антена“, вели Јасминка Ѓозинска од ОНЕ, менаџер за пристап на мрежа на ОНЕ.
Лазо Петрушевски од Советот за радиодифузија (СРД) вели дека дигитализацијата е меѓународна обврска што Македонија мора да ја заврши според Женевскиот договор од 2006 година за престанок на аналогниот сигнал до 2015 година.
Придобивките за корисниците од дигиталната телевизија се: постојан квалитет на сигналот, избор на повеќе програми, можност за мобилен и преносен начин на прием и мали можности за рефлекси при репродукција.
До 31-ви мај оваа година ќе се исклучат сите аналогни канали, а исклучлувањето ќе се трае не повеќе од десет минути во време кога нема да им пречи на граѓаните.
ОНЕ во Битола денеска покрај тоа што ја изрази својата техничка подготвеноста за процесот на дигитализација, најави и нов пакет – Мини бум тв. Истиот е достапен со претплата од 199 денари за основен пакет што содржи 16 канали, македонски и регионални.
На основниот мини бум корисниците може да активираат три дополнителни пакети во зависност од желбите секој достапен по цена од 199 денари, а промотивно сите нови корисници на мини бум може овој пакет промотивно да користат еден месец бесплатно.

извор:http://tocka.com.mk/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom