Ако станува збор за национална телевизија, како МРТВ, Сител, Канал 5 или Телма, кои се достапни на целата територија на Република Македонија преку обична собна антена, единствено е потребен LCD или плазма телевизор кој има сопствен DVB-T декодер, односно DVB-T поддршка.
Речиси сите најнови LCD и плазма телевизори доаѓаат со сопствен DVB-T декодер, односно со DVB-T поддршка.
Но тие кои користат телевизори кои немаат сопствен DVB-T декодер, односно немаат DVB-T поддршка, ќе можат да купат DVB-T рисивери, но не знам дали тоа ќе го нуди Совет за радиодифузија или Македонска радиодифузија.
Не знам за пограничните дигитални ТВ канали, но знам дека од македонските национални телевизии, засега само МРТВ емитува дигитален сигнал и во обичен формат и во HD (High Definition) формат во Скопје и во некои други делови од Македонија, го имам видено кај пријател кој има LCD телевизор со сопствен DVB-T декодер, односно DVB-T поддршка, сликата и звукот се одлични.
Истиот тој пријател со собната антена го фаќа и сигналот на Боом ТВ, бидејќи нивните безжични предаватели емитуваат DVB-T сигнал, но бидејќи тој нема картичка со кодови за декодирање на дигиталните ТВ канали на Боом ТВ, од сите канали кои ги нуди Боом ТВ во својата понуда, само ТВ каналите на МРТВ се бесплатно достапни бидејќи МРТВ е државна телевизија, финансирана со народни пари, поради што пристапот до нејзините ТВ канали мора да биде бесплатен на целата територија на Република Македонија.