Од денес за утре

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Од денес за утре

n100000926208058_2973.jpg

"Од денес за утре“ е насловот на новата
македонска играна серија којашто во продукција на „Идеја плус

комуникации“ и Сител телевизија ќе почне да се снима во почетокот на
мај, а премиерно ќе биде прикажана на таа телевизија во септември
годинава.

Серијата обработува тематика од секојдневниот живот на просечно семејство од средната класа составено од неколку генерации кои живет под еден
покрив. Играната серија ќе се обиде да ги прикаже од духовитата страна
на животот проблемите и предизвиците со кои се соочува семејството во
секојдневието.


Режисер на серијата е Иво Лауренчиќ, сценариото е на Братислав Димитров и Предраг Перишиќ, а музиката е на Ристо Самарџиев.


Според режисерот Лауренчиќ, целта е да се направи
квалитетна македонска хумористична серија која, како што вели, треба да
биде на европско ниво.

- Ги изанализиравме работите и видовме дека овој
жанр не е работен во последно време и решивме да пробаме да направиме
производ кој не би бил квалитетен само за Македонија, туку би ги
поминал македонските граници, односно серијата да се прикажува и во
Хрватска, Србија, Бугарија... Ова идеја е пионерски потфат бидејќи
воопшто не е лесно да се пристапи кон продукција на ТВ-серија, рече
Лауренчиќ.

Перишиќ, кој се смета за еден од врвните
комедиографи на овие простори, истакна дека досега испишал 600-ини
страници текст за вкупно 13 епизоди на серијата и верува дека вложениот
труд ќе вроди со резултат, а веќе пристапил кон пишување и на нови 13
епизоди од серијалот.

- Хуморот е универзален речник. Тој е најразбирлив
и најприфатлив секаде во светот, а семејните проблеми се слични секаде
и затоа верувам дека игранава серија ќе биде разбирлива секаде, рече
Перишиќ.

Димитров, пак, кој е исто така автор на сценариото
за ТВ-серијата, вели дека се обидел на серијата да и го даде колку што
е можно повеќе нашиот македонски колорит, имајќи предвид дека темата е
универзална и е заедничка за сите т.н. посткомунистички земји кои минуваат низ непопуларно наречениот транзициски период.

Самарџиев, уредник во Телевизија Сител и автор на носечката тема во ТВ-серијата, подвлече дека оваа ТВ-серија е еден од најголемите проекти на Телевизија Сител. Сите се надеваат дека „Од
денес за утре“ ќе поттикне и други ТВ-куќи да придонесат да се врати телевизиската продукција во Македонија и да се отвори простор
за творештво на нови млади автори.

Филип Петрески од „Идеја плус комуникации“ посочи дека комерцијалната страна не била приоритетна за да се пристапи кон
проектот, туку квалитетот на производот и неговата добра промоција.

Серијата ќе почне да се снима на 1 мај во студио во Скопје, а дел и на локации низ Македонија. Премиерно ќе биде
прикажана на 15 септември на програмата на ТВ Сител. Актерската екипа која се уште не е докомплетирана ја сочинуваат десетина поважни ликови,
а Билјана Беличанец Арсиќ и Сенко Велинов се дел од актерската екипа.

Лауренчиќ како дел од авторската екипа „Од денес за утре“ во своето богато творештво има реализирано преку 40 играни филмови и ТВ-серии, меѓу кои и ТВ-серијата од 1.030 епизоди „Говорете македонски“ и кампањата за зачувување на македонската кирилица „Додека пишувам кирилица постојам“.

Познатиот драмски писател и филмски сценарист од Белград Перишиќ е познат по култните филмови „Работа на одредено време“, „Татко на одредено време“, „Не е лесно со мажите“ и други, а за своите дела наградуван е на многу домашни и странски фестивали.

Димитров, пак, е познат македонски писател,драматург, сценарист и колумнист. Автор е на осум драми и на една
монодрама, како и на ТВ-серии „Салон Хармони“, „Обични луѓе“ и „Томе од бензинската пумпа“, а има режирано и две претстави.

Претставена е актерската екипа за новата играна серија во Македонија, „Од денес за утре“

Македонските актери Билјана Беличанец-Алкесиќ, Сенко Велинов, Ленче Делова, Диме Илиев, Ѕвезда Ангеловска, Митко Апостоловски, Јовица Михајловски, Јасмина Поповска, Ана Стојановска, Влатко Илиевски, младиот ИТ-експерт Марко Чаласан и гостинката од Кина Шуинг Донг, е актерскиот тим што ќе игра во новата македонска играна серија „Од денес за утре“ што во продукција на „Идеја плус комуникации“ и Сител телевизија ќе почне да се снима во почетокот на мај.

Специјални гости во серијата ќе бидат Бата Живоиновиќ, Бранко Ѓорчев и Александар Микиќ.

Режисер е Иво Лауренчиќ, сценариото е на Братислав Димитров и Предраг Перишиќ, а музиката е на Ристо Самарџиев. За сценографијата е задолжена Снежана Поњавиќ Муча, додека костимите се на Розе Трајчевска.

Лауренчиќ на денешната прес-конференција на која беа промовирани имињата на актерката екипа изрази благодарност до тимот што ќе работи со него и за поддршката на телевизија Сител со надеж дека ќе бидат горди за направената серија.

Беличанец-Алкесиќ, која ќе се појави во улогата на Цветанка изрази надеж дека со серијата ќе се поттикнат и останатите продукции да влезат во едно, како што го нарече, телевизиско патување, каде на актерите во Македонија ќе им се даде шанска да ги покажат своите квалитети и земјата да создаде свои телевизиски ѕвезди.

Серијата обработува тематика од секојдневниот живот на просечно семејство од средната класа составено од неколку генерации кои живет под еден покрив. Играната серија ќе се обиде да ги прикаже од духовитата страна на животот проблемите и предизвиците со кои се соочува семејството во секојдневието.

По направените анализи, според Лауренчиќ, решиле да пробаат да направат производ кој не би бил квалитетен само за Македонија, туку би ги поминал македонските граници, односно серијата да се прикажува и во Хрватска, Србија, Бугарија...

Перишиќ, кој се смета за еден од врвните комедиографи на овие простори, вели дека досега испишал текст за вкупно 13 епизоди на серијата и верува дека вложениот труд ќе вроди со резултат.

Хуморот е универзален речник. Тој е најразбирлив и најприфатлив секаде во светот, а семејните проблеми се слични секаде, смета Перишиќ, изразувајќи уверување дека серијата ќе биде разбирлива секаде.

Серијата ќе почне да се снима на 1 мај во студио во Скопје, а дел и на локации низ Македонија. Премиерно треба да биде прикажана на 15 септември на програмата на ТВ Сител.

Лауренчиќ како дел од авторската екипа „Од денес за утре“ во своето богато творештво има реализирано преку 40 играни филмови и ТВ-серии, меѓу кои и ТВ-серијата од 1.030 епизоди „Говорете македонски“ и кампањата за зачувување на македонската кирилица „Додека пишувам кирилица постојам“.

Познатиот драмски писател и филмски сценарист од Белград Перишиќ е познат по култните филмови „Работа на одредено време“, „Татко на одредено време“, „Не е лесно со мажите“ и други, а за своите дела наградуван е на многу домашни и странски фестивали.

Димитров, пак, е познат македонски писател, драматург, сценарист и колумнист. Автор е на осум драми и на една монодрама, како и на ТВ-серии „Салон Хармони“, „Обични луѓе“ и „Томе од бензинската пумпа“, а има режирано и две претстави.
 
Неколку слики од снимањето на серијата.

29707_387480629670_686129670_3969774_7831802_n.jpg29707_387480624670_686129670_3969773_4627815_n.jpg29707_387480474670_686129670_3969768_3886729_n.jpg29707_387481074670_686129670_3969788_4649241_n.jpg29707_387481069670_686129670_3969787_2658116_n.jpg
pencil.png
 

ова вреди да се погледне
на една слика имше во кујната машина за перење алишта:nesvest:
 
И што е тука чудното? Освен Македонија, насекаде машините за алишта се во кујната.

епа ај ќе переме алишта у кујна ,ручек у купатило ќе правиме
 
booooooooring... ми скурчи од овакви серии
 
незнам од каде, ама едно време слушнав дека ќе се снимало и сапуница македонска, како шехерзад и слично... нема некој некаква информација?
 
незнам од каде, ама едно време слушнав дека ќе се снимало и сапуница македонска, како шехерзад и слично... нема некој некаква информација?

на Ексклузив имаше дека ќе се снима серија таква и дека ќе биде со Хрватската продукција што ја сними серијата Долина на сонцето
 
Конечно македонска продукција: Играна серија „Од денес за утре„

Играната серија „Од денес за утре“ ќе започне да се емитува од 3. октомври на Сител телевизија.
serija.jpg
Гледачите ќе имаат можност да се запознаат со секојдневните случувања на семејството на Томче Броз, низ 720 минути финално продуциран материјал, спакуван во 16 епизоди. Играната серија „Денес за утре“ е прва серија што се снима по подолг период во Македонија, а е работена по највисоките телевизиски стандарди.
Во серијата учествуваат актерите Сенко Велинов, Билјана Беличанец-Алексиќ, Ленче Делова, Диме Илиев, Ѕвезда Ангеловска и други.
Серијата беше работена според сценарио на Братислав Димитров и легендарниот сценарист од просторите на поранешна Југославија Предраг Перишиќ. Режијата е на Иво Лауренчиќ.
„Иако започнувањето на еден ваков проект беше навистина ентузијастички чин, се работи за квалитетен проект, за чија реализација беше потребна и сериозна поддршка. Ние веруваме дека квалитетните идеи секогаш наидуваат на разбирање и поддршка од бизнис заедницата што се покажа како добра проценка“, рече Лауренчиќ, при тоа најавувајќи можност за емитување на серијата и во земјите од регионот.
Тој изрази надеж дека ќе се снимаат и продолженија на серијата, доколку и се допадне на публиката.

Извор: Кајгана


Вреди да се спомне, затоа што после долго време ова е прва серија од македонска продукција.

Дали ќе ги оправда очекувања - времето ќе покаже!
 
Фала богу нешто Македонско ќе даваат.Црева ми се дигаат више од посраниве сапуници што незнаат кој кого ебе.Ко што викаат Србите за нив - "Кулминција је када Диего сазна да је сам себи кева"
 
Ми изгледаше како добра на најавата ќе видиме што ќе испадне на крајот.
 
Кога ја гледав рекламата на ТВ изгледаше добро...
Играната серија „Од денес за утре“ ќе започне да се емитува од 3. октомври на Сител телевизија.
Извор : Кајгана
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom