Од денес за утре

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
booooooooring... ми скурчи од овакви серии

Ова не требаше да го кажеш. Гледаме разни американски/турски/шпански серии но кога се работи за нешто наше Македонско никој несака да го гледа, сите мислат дека ќе биде глупо. Дај и шанса на серијата, изгледај некоја епизода па после ќе коментираме дали била добра или не.

Инаку јас пријатно се изненадив кога дознав дека серијата е уствари Македонска, мислев дека е некоја странска и не ми се ни отвараше темата. Ќе ја гледам обавезно.

--- надополнето ---

И што е тука чудното? Освен Македонија, насекаде машините за алишта се во кујната.

Брат да не си грешка нешто? Јас колку што знам има посебни простории за машините за алишта, не се во кујната.
 
Ајде утре ќе видиме шо спремиле нашиве.
 
Вечерва од 19.30ч на Сител мислам дека ќе има емисија посветена на серијата.Ќе прикажуваат интересни случки од снимањето.
 
Само што заврши првата епизода...впечатоци ОК..солидни..,мада малце повече се мотаат по станот од што треба мислам,ама горе-доле добра е серијата
 
Само што заврши првата епизода...впечатоци ОК..солидни..,мада малце повече се мотаат по станот од што треба мислам,ама горе-доле добра е серијата

Реприза???
Ја сосем заборавив, а баш сакав да ја гледам...
 
Добра серија.Барем таков впечаток ми остави првата епизода.Интересни дијалози проследени со благ хумор.Добро го глумат животот на просечно македонско семејство.
 
Мислам и дека фалат кавги..:) Премногу е некако тивко и се се решава на благ начин..фалат кави расправии..
 
Мислам и дека фалат кавги..:) Премногу е некако тивко и се се решава на благ начин..фалат кави расправии..
Сигурно ќе има, рано е за во првата епизода.

Според мене добро е, ми ги исполни очекувањата. Далеку од некоја уау серија, но мора од некаде да се почне, нели?
А и кога ќе видиш рано е да збориме, да почекаме да ги видиме и останатите епизоди.
 
Колку само знаев дека ќе има коментари одма после серијава. ;)))

Интересна е серијата и пред се доза освежување од шпанско-турските бљувотини. Сеа не знам дали е до мојот телевизор, ама ликовиве како да се многу зумирани додека зборат, а и Калина (Ана) воопшто не можев да разберам што збори. Дали с`ска или треба да си купам нов телевизор !?
 
Одма се приметува дека Братислав Димитров е сценарист. :)
 
За почеток,добар впечаток ми остави серијава,иако не ја догледав до крај епизодата.Типични ликови во типична средина,слика прилика на македонската општа ситуација :)
Единствено,глумата на Ана ме нервира...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom